Тоа е тоа, значи сега треба да чекам до другото лето а?
На толку пофалби деновиве за серијата од моја страна морам сега конечно и критика.
Последната епизода е многу слаба епизода. Некако е пребрза и нелогична.
Прво, како Волт успеа за само три месеци да направи таква мрежа на дистрибуција, да продава дури и во странство, само со помош на Лидија која работи во фирма која беше под лупата на ДЕА, готвејќи само со Тод кое е почетник. И сето тоа го прикажаа во 20 минути, а претходната година се влечеше дејствието во четири сезони. ОК, знам дека АМЦ го заебаа Гилиган и му скинаа 10 епизоди, па ја направија оваа глупост со поделена и продолжена петта сезона наместо да има нормална 5-та и 6-та. И затоа приказната мора малце да се убрза.
И второ, како генијалниот Хајзенберг, кои секогаш има се смислено и израчунато, ја остава книгата потпишана од Дејл, дома во ВЦ, особено знаејќи дека банџанакот му работи во ДЕА и доаѓа кај него дома. Нема логика освен ако тоа не е направено намерно од него. Се на се, сепак е полусезона, така да многу од овие работи сигурно ќе се разјаснуваат во последните 8 епизоди, но не би сакал само заради брзање да се заокружи приказната да се уништи ваква брилијантна серија.