Книги кои би ги препорачале

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Парфем: хронологија на едно злосторство од Патрик Зискинд. После повеќе од половина година како ја добив книгата успеав да ја прочитам. Сите 300 страни во еден здив. Авторот има извонреден прозен стил. Успева премногу реално да ги долови сите мириси на предреволуционерна Франција. Како читател, на моменти се чувствуваш убаво од пријатните мириси на парфемите кои ги користи елитата на Франција, а на моменти се згрозуваш и се воздржуваш да не повратиш од одвратните реи, мирисот на збајатено сирење, урина, пот, мрша, измет,... Мирисите реално не се околу нас, но ги чувствуваме бидејќи со секој еден збор авторот ни го овозможув тоа.
Романот ја обработува животната приказна на Жан-Батист Гренуј кој е во потрага по најсовршениот парфем на целиот свет. Таа потага е возбудлива и истовремено одвратна, застрашувачка... Толку измешани чувства и раздразнет мирис ниту едно друго дело не нуди.
 
Член од
8 јуни 2012
Мислења
374
Поени од реакции
830
Порака во шише-Николас Спаркс
Дебитантка - Даниела Стил
Полиња на диви нарциси - Винка Саздова
--- надополнето: 7 октомври 2012 во 14:25 ---
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.230
Некоја стварно добра книга со психолошка или љубовна тематика (или двете во едно) да ми препорачате?
Не се разбирам јас у книги, ми треба за подарок за лице кое ги обожава. :D

Фала.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Некоја стварно добра книга со психолошка или љубовна тематика (или двете во едно) да ми препорачате?
Не се разбирам јас у книги, ми треба за подарок за лице кое ги обожава. :D

Фала.
„Норвешка шума“ - Харуки Мураками или „Јужно од границата, западно од сонцето“, и таа е од него.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Некоја стварно добра книга со психолошка или љубовна тематика (или двете во едно) да ми препорачате?
Не се разбирам јас у книги, ми треба за подарок за лице кое ги обожава. :D

Фала.
Раскажи ми ги соништата - Сидни Шелдон, онака по за релаксирање а и две во едно ти е то што бараш
Рингишпил - Јелена Бачиќ Алимпиќ, ако се работи за девојче нема теоретски шанси да не и се допадне.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.681
Поени од реакции
13.295
Некоја стварно добра книга со психолошка или љубовна тематика (или двете во едно) да ми препорачате?
Не се разбирам јас у книги, ми треба за подарок за лице кое ги обожава. :D

Фала.
Мураками воопшто скоро се` од него. Ако повеќе бараш трилери со љубиќ онда Сидни Шелдон ти е прав избор.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.848
Поени од реакции
11.070
1984 - Џорџ Орвел
Храбриот нов свет - Олдоус Хаксли
Железната пета - Џек Лондон
Временска машина - Х.Џ.Велс
Р.У.Р. - Карел Чапек
Кланица 5 - Курт Вонегат
Ние - Јевгениј Замјатин
Кога машината ќе запре - Е.М. Форстер
Процес - Франц Кафка
Темнина на пладне - Артур Кестлер
Планини на лудилото - Х.Ф.Лавкрафт
Фаренхајт 451 - Реј Бредбери
Харисон Бержерон - Курт Вонегат
Логановото Бегство - Нолан & Џонсон
Направете место - Хари Харисон
Блејд Ранер - Филип К. Дик
Можноста за еден остров - Мишел Уелбек
Ако ова продолжи - Роберт Хајнлајн
...
депресивни книги ама вреди
...
најлоша книга што сум ја читал - 100 години самотија од Г.Г.Маркес...зошто само арчеле хартија...ако некој намерава да ја чита нека не губи време...измислици,редени настани без врска,милион ликови дури и авторот се изгубил,свекрвата од првиот нунко на третата брачеда на некојси работела по 70 муштерии на ден...тотален идиотизам, на форумов има подобри писатели...
па и нобелова награда добил типот
Малце стар ти е постов али да те прашам двете болдирани книги каде би можел да ги најдам? Позз!
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
17
кој ги има читано книги од Достоевски пример Идиот и др. да ме информира што жанр се да знам дали би ми се допаднале :)
 
L

Luki Junior

Гостин
кој ги има читано книги од Достоевски пример Идиот и др. да ме информира што жанр се да знам дали би ми се допаднале :)
Источноевропски Реализам со Егзистенцијалистички елементи за внатрешната борба на главните протагонисти, додека се судруват со извитопереното општество, и фамилијарните вредности на царска Русија.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
Ги избришав мислењата за Достоевски и трилер... Сквернавење, мислам. o_O
 

Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Ги избришав мислењата за Достоевски и трилер... Сквернавење, мислам. o_O
Вокерка, мислам дека мислењата се токму тоа што се - мислења. Не треба да бидеме пристрасни (освен ако не се вулгарни или навредуваат членови/одредени групи) :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom