Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Вектрата моја 90c зима-лето....старио вика нормално е за неа 90ка...
Точно опеливе на повисока температура уклучуваат перка
имаме две корси и нормално е тоа, сум зборел и со сервисери и со пријатели вака баш за тоа
 
Божеее шо се не ќе види чоек на форумов. Абе вас, отпојќе ви се колите? Или отпојќе имате пари за сервиси?

колата цело време ја возам локал , па од форумов разбрав дека требало од време на време да се продува.
Грешно си разбрал. На форумов овде викаме дека треба да се ИЗДУВА колата, а не да се ПРОДУВА. Али да си ја подржел уште едно 5-10 минути така (немораше да возиш, можеше и на лер да ја пуштиш и да ја држиш на 4500 + вртежи) можи и ќе успееше во намерата...

возев некаде 120км во четврта и петта (пасатот е со 6 брзини).можеби немаше точно 15мин, ама 12-13 сигурно температура не ми качи повеќе од 97 -8 ,и кога стигнав у СТАРТ ДК. ја ставив на дијагностика да ми бришат грешки ,не покажа никаква грешка.(ваљда нема нешто утнато)
Шега на страна, си претерал. То шо го пиша е премногу, затоа и почна да ти крева температура. То шо го викаме ние да се издува, значи да се заврти моторот на 3500 вртежи со НАЈГОЛЕМАТА брзина (како би можел прописно да се лади) и да се вози 5-10 минути.

инаку ја оставив да поработи у место околу 1мин,сум чул за тоа со ладење на турбината.
На толку стегање, требало 10 минути да ја остајш...
 
Aко ПРОДУВА колата е лошо... многу лошо... најлошо... клипови, карики, специјали, евентуално хилзни, летечи, лежечи...
Генералка значи.
И, кога сме кај продувување, поарно е да се изработи квалитетна генералка, отколку купување на половен мотор. Јес да квалитетна генералка е скапа работа, ама:
Со добра генералка, може комотно километражата да се ресетира на 0 и да вози мноооогу време, т.е. километри.
Да се ИЗДУВА колата значи да се вози како што кажа Џиш на отворен пат, релативно брзо, на релативно висок број на обртаи на моторот. Не на максимум.
Така ќе се прочисти убаво се она што се мота по канали разни... ќе дише поубаво колата, поубаво ќе работи, помирна ќе биде. Ова посебно важи за постари машини.
 
TD без клима...
90 степена по стрелката на шалт таблата? Така ли? Или термостато ти отвара на 90...

Обично термостатите отварат порано, има ги шо отварат на 82, па до 87/88....
Реално у моторо се врте околу 85-87 степена.... За дизел..

Се шо е над 90, веќе си го тера проблемо... Не е тава бензинец да работе на 100+ степена.

Ако со години немаш проблеми со колата, поарно не чепкај, вози си и си свиркај... :-)
 
90 степена по стрелката на шалт таблата? Така ли? Или термостато ти отвара на 90...

Обично термостатите отварат порано, има ги шо отварат на 82, па до 87/88....
Реално у моторо се врте околу 85-87 степена.... За дизел..

Се шо е над 90, веќе си го тера проблемо... Не е тава бензинец да работе на 100+ степена.

Ако со години немаш проблеми со колата, поарно не чепкај, вози си и си свиркај... :)
На постари Фордови, Таунус на пр. имаше заебанција некаква со термостатите, демек летни и зимски :)
Лето го возиш на некој што отвара на некои 76-77 степени, а зима 87.
Фабричка препорака...
И, не го менуваш летен/зимски, и зимата ќе се заледиш оти немаш парно како што треба...
Решение - возиш нон-стоп на зимски.
А и бензинците се тука некаде до 90 степени оптимално.
 
Од кога е купена 2001 год...досега никаков проблем....иначе да 90 по стрелката....ама кои и да прашам еве и на форумов викаат дека на повисока работат од другите.
 
На постари Фордови, Таунус на пр. имаше заебанција некаква со термостатите, демек летни и зимски :)
Лето го возиш на некој што отвара на некои 76-77 степени, а зима 87.
Фабричка препорака...
И, не го менуваш летен/зимски, и зимата ќе се заледиш оти немаш парно како што треба...
Решение - возиш нон-стоп на зимски.
А и бензинците се тука некаде до 90 степени оптимално.
Единствен бензинец шо сам возил, одржувал е било мојто бмв. На него нормалната работна температура беше 102 -105 степена... И по него се раководам.. За другите бензинци не знам.
 
Aко ПРОДУВА колата е лошо... многу лошо... најлошо... клипови, карики, специјали, евентуално хилзни, летечи, лежечи...
Генералка значи.
И, кога сме кај продувување, поарно е да се изработи квалитетна генералка, отколку купување на половен мотор. Јес да квалитетна генералка е скапа работа, ама:
Со добра генералка, може комотно километражата да се ресетира на 0 и да вози мноооогу време, т.е. километри.
Да се ИЗДУВА колата значи да се вози како што кажа Џиш на отворен пат, релативно брзо, на релативно висок број на обртаи на моторот. Не на максимум.
Така ќе се прочисти убаво се она што се мота по канали разни... ќе дише поубаво колата, поубаво ќе работи, помирна ќе биде. Ова посебно важи за постари машини.

добро сега ум за друг пат ,од грешките учиме(за жал понекогаш од сопствените) мжно ли е да има нешто оштетено,ваљда не се толку не флексибилни.
 
се менуваат келии на акумулатор или мене грешно ме информиралее ?!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom