Кога според тебе е најдобар тајминг да се купи, сега или уште малку да се чека до НГ како велиш ... и ако не е премногу, што? КМБ? ТТБ? АЛК.... МП рече дека никогаш не би купил... или некој друг го рече тоа!?
Друг ти го кажал тоа
јас да имам пари сега пак би купил од МП, а дали да чекаш или не зависи од тоа дали имаш пари на располагање, јас мислам ништо нема да се смени така да ако да кажеме си орочил депозит во декември почекај до тогаш па купи, ако имаш сега расположливи средства купи сега за да не се доведеш во ситуација избрзано да купиш понатака (поттикнат од еуфорија) Христијанчо денес кажа дека во Словенија 20% пораснала берзата ама јас не очекувам многу брзо тоа кај нас да се случи, кај нас би доцнел малку тој тренд. ТБ не затоа што мислам дека ќе се повлечат словенците, КМБ да, стил да, мп да, фершпед да, алк НЕ СМЕЕШ ДА НЕ КУПИШ, а јас да имам пари би вложил и во ТПЛФ можеби сега ти стои тоа ризична опција, ама јас мислам дека падот на цената е заради хајка што се води против нив за нешто што реално малку се виновни (не мислам во контекст на социјалата и цените на греењето) мислам дека се на удар од страна на медиумите како сител, вечер и сл, само за политички поени што нема врска со нивните финанскиски резултата. Ако сакаш да бидам подиректен од владата се свесни дека постои огромен револт према цените на парното па го насочуваат револтот на граѓаните дирекнто врз тплф за да не отиде тој револт на нивна сметка. Затоа и направија такво сценарио преку медиумите ништо повеќе. Што значи дека цената на ТПЛФ е ЕКСТРА потценетаи е добра можност за поголема добивка.