Македонска берза

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Има блок, со скоро пола од прометот (5,888 милиони денари)


БЛОКОВИ
Град. институт Македонија Скопје 15.702,00 375 5.888,25
Не видив промет по трансакација значи ни 2000 евреи. :( Во многу земји за тие пари брокерот нема ни да те прими...
 
Член од
3 октомври 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
zdravo. sakam da prasam so kolku pari minimalno vo € se moze da se trguva na berza ili pak kolku ce cini otvaranje na brokerska kuca (sto treba da se Ima?)
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
По моја проценка (тие што ме следат знаат дека скоро да не грешам) берзава ќе спие до Нова година. Од јануари не очекува раст, можеби не спектакуларен но до април 2013 барем околу 15-20% раст на МБИ 10.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
По моја проценка (тие што ме следат знаат дека скоро да не грешам) берзава ќе спие до Нова година. Од јануари не очекува раст, можеби не спектакуларен но до април 2013 барем околу 15-20% раст на МБИ 10.
Кога според тебе е најдобар тајминг да се купи, сега или уште малку да се чека до НГ како велиш ... и ако не е премногу, што? КМБ? ТТБ? АЛК.... МП рече дека никогаш не би купил... или некој друг го рече тоа!?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Кога според тебе е најдобар тајминг да се купи, сега или уште малку да се чека до НГ како велиш ... и ако не е премногу, што? КМБ? ТТБ? АЛК.... МП рече дека никогаш не би купил... или некој друг го рече тоа!?
Зависи која акција те интересира, ако сакаш од КБМ тогаш почекај 2-3 недели за да го извадат кварталниот извештај, ако им е позитивен слободно инвестирај. И АЛК е со солидни резултати оваа година, можеш и неговиот квартален извештај да го почекаш, па после да инвестираш.
Според мене треба да бегаш од Толификација и МПТ,ама твои пари се, ако гледаш шанса што ние не ја гледаме тогаш искористи ја.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Кога според тебе е најдобар тајминг да се купи, сега или уште малку да се чека до НГ како велиш ... и ако не е премногу, што? КМБ? ТТБ? АЛК.... МП рече дека никогаш не би купил... или некој друг го рече тоа!?
Друг ти го кажал тоа :) јас да имам пари сега пак би купил од МП, а дали да чекаш или не зависи од тоа дали имаш пари на располагање, јас мислам ништо нема да се смени така да ако да кажеме си орочил депозит во декември почекај до тогаш па купи, ако имаш сега расположливи средства купи сега за да не се доведеш во ситуација избрзано да купиш понатака (поттикнат од еуфорија) Христијанчо денес кажа дека во Словенија 20% пораснала берзата ама јас не очекувам многу брзо тоа кај нас да се случи, кај нас би доцнел малку тој тренд. ТБ не затоа што мислам дека ќе се повлечат словенците, КМБ да, стил да, мп да, фершпед да, алк НЕ СМЕЕШ ДА НЕ КУПИШ, а јас да имам пари би вложил и во ТПЛФ можеби сега ти стои тоа ризична опција, ама јас мислам дека падот на цената е заради хајка што се води против нив за нешто што реално малку се виновни (не мислам во контекст на социјалата и цените на греењето) мислам дека се на удар од страна на медиумите како сител, вечер и сл, само за политички поени што нема врска со нивните финанскиски резултата. Ако сакаш да бидам подиректен од владата се свесни дека постои огромен револт према цените на парното па го насочуваат револтот на граѓаните дирекнто врз тплф за да не отиде тој револт на нивна сметка. Затоа и направија такво сценарио преку медиумите ништо повеќе. Што значи дека цената на ТПЛФ е ЕКСТРА потценетаи е добра можност за поголема добивка.
 

tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Кога според тебе е најдобар тајминг да се купи, сега или уште малку да се чека до НГ како велиш ... и ако не е премногу, што? КМБ? ТТБ? АЛК.... МП рече дека никогаш не би купил... или некој друг го рече тоа!?
Купи ТНБ .. многу е падната а од 2014-2015 ќе земаш дивденда по 22% од сегашната вредност...
МП избегавај.. менаџментот ја цеди вредноста на компанијата преку Оилко.. така го имаат дизајнирано системот да ги пљачкаат акционерите..ТОПЛФ во слободен пазар е нерентабилна..КМБ е интересна..
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Кога според тебе е најдобар тајминг да се купи, сега или уште малку да се чека до НГ како велиш ... и ако не е премногу, што? КМБ? ТТБ? АЛК.... МП рече дека никогаш не би купил... или некој друг го рече тоа!?
Сега е време...земи некоја од почесто тргуваните акции. Можеш дури и дел пари сега дел после особено ако паднат купувај...МПТ и ТПЛФ и мене не ми се допаѓаат. КМБ ТНБ ФЕРШ ГРН МТУР ти се добар избор. А ако си малку поконзервативен земи ги АЛК РЕПЛ и ТЕЛ. Јас лично мислам дека е подобро со oние првите имаат поголем потенцијал за раст овие вторите се подефанзивни.
Инаку денес мизерија на берза 22 трансакци со просек од 1200 евра една. Смејурија е...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
По моја проценка (тие што ме следат знаат дека скоро да не грешам) берзава ќе спие до Нова година. Од јануари не очекува раст, можеби не спектакуларен но до април 2013 барем околу 15-20% раст на МБИ 10.
А колкави се шансите МБИ да достигне вредност како во пролетта 2007...? Можеби нема наскоро, но...? Или па приближно како во 2007...? :)
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Еве интересно во основа четворица се согласуваат за КМБ плус и Хари си докупи акции а човекот знае што купува. Интересно...така да...
--- надополнето: 5 октомври 2012 во 23:53 ---
А колкави се шансите МБИ да достигне вредност како во пролетта 2007...? Можеби нема наскоро, но...? Или па приближно како во 2007...? :)
Многу тешко тоа...во следниве неколку години многу тешко...
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
А колкави се шансите МБИ да достигне вредност како во пролетта 2007...? Можеби нема наскоро, но...? Или па приближно како во 2007...? :)
И да влеземе во ЕУ и НАТО и да имаме невработеност 2% и се да ни цвета во државава плус да се наоѓаме во силна економска експанзија а не во рецесија како денеска, нема да се достигнат тие индекси барем уште плус еден цел економски циклус 10-15 години
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
435
Поени од реакции
537
А колкави се шансите МБИ да достигне вредност како во пролетта 2007...? Можеби нема наскоро, но...? Или па приближно како во 2007...? :)
Таа вредност ќе ја достигне кога ќе изумрат сите што ја помнат 2008!
--- надополнето: 6 октомври 2012 во 10:52 ---
Купи ТНБ .. многу е падната а од 2014-2015 ќе земаш дивденда по 22% од сегашната вредност...
МП избегавај.. менаџментот ја цеди вредноста на компанијата преку Оилко.. така го имаат дизајнирано системот да ги пљачкаат акционерите..ТОПЛФ в слободен пазар е нерентабилна..КМБ е интересна..
ТНБ не би ја препорачал бидејќи доминантниот акционер(НЛБ)сам ја повлече добивката од последните две години со фиктивно купување на зградата на улица Водњанска 1 од НЛБ лизинг(21 000 000 еврејчиња!), изигрувајќи ги малите акционери дека добивката ќе оди во резервации.
КМБ ми е сомнителна од други причини. Зарем ја заборавивте “Македонска банка“? Со “Македонска банка“ ВМРО сакаше да си формира финансиска база по урнекот на односот што го има СДСМ со Комерцијална банка. И што се случи? Гувернерот Гошев им ја затвори банката. Кој може да гарантира дека такво нешто утре нема да и се случи на Комерцијална ако власта реши да ја лиши опозицијата од финансиската база или чисто поради освета.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
И да влеземе во ЕУ и НАТО и да имаме невработеност 2% и се да ни цвета во државава плус да се наоѓаме во силна економска експанзија а не во рецесија како денеска, нема да се достигнат тие индекси барем уште плус еден цел економски циклус 10-15 години
Добро, а зашто волкав песимизам...? Што беше во 2007 клучен фактор за огромниот пораст, а што не може да се повтори наскоро...?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom