Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Само затоа што научниот метод доведува до заклучок за гравитацијата тоа не го прави перфектен. Јас не реков дека научниот метод е скрос погрешен.
А до што треба да доведува научниот метод за да биде перфектен?
Си побркал некои работи.....научниот метод е најдокажан и најзаслужен за дознавање и потврдување на сите досегашни научни факти.
Единствено религиозните фанатици за кој догмата е афторитет, и кој се убедени дека "вистината" е една и неменлива и нормално таа во која тие веруваат, можат да го сметаат научниот метод за погрешен.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Grand,

во т.н. соц-реализам, марксизмот беше издигнат на ниво од идеологија, која имаше тешка „луфта„ со реалното живеење, така да дури и на најнеуките луѓе од тоа време, им беше совршено јасно дека тогашната власт зборува „едно„ а чини„ друго„. И тогаш на сите им беше јасно дека постои јааак социјален јаз меѓу населението, ама власта не‘ тешеше со социјализмот како „...преодна фаза кон комунизмот...„, така да и очигледните неправди, беа покривани со идеолошки неостварливи фрази и занес.

Во времето од соц-реализмот, во тогашниот капитализам, а исто како и во денешниов, марксизмот беше спуштен на ниво проста прагма, така да капитализмот беше по-марксистички од тогашниот социјализам.....

Марксизмот никогаш ен бил издигнат на толку виско ниво. Можеби ти си застранил, па после си се просветлил и си станал Христијанин со големо Х.

Болд: ова повеќе ме потсетува на поповите кои возат џипови и се караат за имотната состојба ан Црквата, отколку што се грижа за паствата.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Марксизмот никогаш ен бил издигнат на толку виско ниво. Можеби ти си застранил, па после си се просветлил и си станал Христијанин со големо Х.
Напротив: дел од животот го поминав во претходниот систем, така да добро знам што пишувам...
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 12:28 ---
Болд: ова повеќе ме потсетува на поповите кои возат џипови и се караат за имотната состојба ан Црквата, отколку што се грижа за паствата.
Секако, а Твојот пост ме потресува на безграничната можност за (само)оправдување, која редовно ја практикуваат атеистите.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Аааа, глеам арно си се распишал...:icon_lol:

А посебно ги ценам овие Твои ставови: :vozbud:, :pos:, :facepalm:, :eek:, :confused:, и тн...

Иако, како велиш, си бил „као„ расположен за дискусија, ја уопште не ја забележувам оваа Твоја намера и затоа ја сметам само за изговор, па затоа на секој мој одговор, даваш свој коментар, кој (коментар) „као„ е поддржан со документи (да, посочуваш документи, неспорно, ама ги вртиш на своја корист, оти документите, извадени од контекст (типично протестантски...) сами од себе не покажуваат ништо, освен одредена состојба во даден момент, но не и контекстулана вистинитост за одреден процес или настан.

Се‘ на се‘, се раководиш од Твојата Богоборечка намера, која упорно ја криеш зад „објективизирани„ ставови, засновани на документи, истргнати од (историски) контекст, а притоа не ја ни криеш својата омраза кон Црквата, која, очигледно, ништо лошо не Ти сторила (ама затоа ги спалила еретиците, што Тебе лично јааааако Те засега, нели?,,,) а освен Твоите Богоборечки предрасуди, не знаеш ништо за Црквата...

Еве еден мој предлог, заснован на ставот од блажениот Серафим (Роуз), кој би рекол вака: наместо да се правиш јако паметен, дај троа смири се (т.е. Твоите личи ставови тргни на страна, нека се одморат...) и дај погледни што велат и другите за нештата кои самиот ги сметаш за точни. Во спротивно, Ти ќе продолжиш да коментираш веќе добиени одговори на Твоите прашања, сметајќи се себе си попаметен од Твојот соговорник, а Твоите ставови „као„ супериорни во однос на „надживеаната„ Црква (што е само уште еден типичен Марксов став кон религијата, а Ти ќе глумиш лудило зашто го споменувам Маркса во секоја втора реченица...).

Биди ми поздравен.
Брат.. документи.... ти дадов цитати од книга,ти посочив која е книгата и авторот (конкретно за богомилите и христијанството), ти ги посочив и изворите од каде е црпено во таа книга.. а ко што забележа (ако си забележал) изворите датираат од 10, 11 и 12 век... и сеа што? Не ти чинат ни тие ли?

И објасни ми, „ЗОШТО, истите, сами од себе не покажуваат ништо, освен одредена состојба во даден момент, но не и контекстулана вистинитост за одреден процес или настан?

Бар да го читаше тоа што сум се распишал...

Документи истргнати од историски контекст? Па брат ете,, ти пишав пак од каде се тие документи од 10, 11 и 12.. што зборуваш, каков оттргнат историски контекст?! Човече, по веродостојно од тоа здравје...
А да ти кажам право, тоа што ја замразив црквата, е меѓу другото и благодарение на тебе.. оти ти гледам си сепак еден од оние што се лупат в гради во име на црквата, и изнесуваат вакви ноторни глупости, а црквата, патем речено, ги прифаќа како свои чеда...

И ако не знам за црквата, ајде кажи веќе недела дена барам да ми кажеш....Ајде објасни ми ги тие мои богоборечки предрасуди...

Или тие Богоборечки предрасуди да не се нешто слично као што ги имал овој твојов Серафим Роуз.. предрасуди во однос на неговата сексуалност и Бога, пред истиот да стане православен поп? За такви ли Богоборечки предрасуди, а?
А кога сме веќе кај Серафим Роуз, ти нешто као премногу да не имаш прочитано за него, и сега одеднаш тој станал мнгоу важна фигура во православниот свет? т.е. во ЕсАДе?
А кога сме веќе кај дотичниот.. од каде ти се изворите за Дотичниов? Од Википедија ли случајно? Тетката Вики што ти толку многу ја презираш, а заради која знаеш на секого овде да му солиш памет дека е најневеродостоен извор?

http://en.wikipedia.org/wiki/Seraphim_Rose .......... За овој ли?

Башка, не се секирај за тоа дали сум јас смирен или не, тоа преку фоумов, преку пикселиве преточени во букви не можеш да го препознаеш.. А можеби тебе не ти се допаѓа што сум дрско директен? Тоа е веќе друга работа....

А иначе, ти предлагам ти малку да се смириш, како Серафим Роуз, и да размислиш добро што пишуваш, пред да пишуваш, да прочиташ малце повеќе литература, а од кога ќе прочиташ, тогаш да седнеш на столица и да размислуваш и да се сомневаш во тоа што го знаеш..

И не ти треба Серафим Роуз за да ти каже како и дали да го направиш тоа (демек измислил топла вода чоекот) IT'S JUST COMMON SENSE... => Патем оваа реченица не се обидувај да ја споредиш со твоето негодување за Маркс и „неговото наводно докажување на нешта што и прост и ќорав ги знаел“...
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 12:54 ---
Марксизмот никогаш ен бил издигнат на толку виско ниво. Можеби ти си застранил, па после си се просветлил и си станал Христијанин со големо Х.

Болд: ова повеќе ме потсетува на поповите кои возат џипови и се караат за имотната состојба ан Црквата, отколку што се грижа за паствата.

Еј немој молим те да почнуваш и ти за Маркс... поготово со Мики... он многу добро го знае Марксизмот и Маркс..

Поготово ова што го рече дека нешто Мики застранил.. тоа поише од сигурно е.. или застранил Микац, или нешто му било ветено, па он нешто као исправљал криви дрини... и сеа го боли во душичката.. па плука незнајно за се и сешто..
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 12:57 ---
Секако, а Твојот пост ме потресува на безграничната можност за (само)оправдување, која редовно ја практикуваат атеистите.

Исто како што и христијанството со се црквата, заради секој сторен грев, дали геноцид, дали убиство, дали дрпање или купуење луксузни џипови... лагодно ќе кажат „Тоа е Божја волја!“.... (y)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Напротив: дел од животот го поминав во претходниот систем, така да добро знам што пишувам...
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 12:28 ---


Секако, а Твојот пост ме потресува на безграничната можност за (само)оправдување, која редовно ја практикуваат атеистите.
Јас не сум атеистка, но мојата вера не може ни под разно да го оправда безочното богатење на црквата. Црквата треба да се занимава со метафизика и добри дела, а не со делење имоти и џипови.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јас не сум атеистка, но мојата вера не може ни под разно да го оправда безочното богатење на црквата. Црквата треба да се занимава со метафизика и добри дела, а не со делење имоти и џипови.
Така е Мирјам, Ти не си атеистка, ни случајно, ама светов е полн со фаци, кои себеси се сметаат за јаки верници, избегнувајќи ја „институционализираната„ Црква (ова Ти е познат израз, така?...), седејќи дома и бидувајќи сам свој верник „за по дома„, во краен случај и бидувајќи „црква„ сама за себе, по принципот „еден човек-една црква„, имајќи некое свое видување за Црквата, нејзината структура и улога во Светов.

Се‘ додека некој поединец не е способен да ја согледа својата огревовеност, а со леснотија ги гледа поповите и џиповите, јасно ми е за каков верник за работи.
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 13:16 ---
Ќе се цитирам самиот себе:

„...Еве еден мој предлог, заснован на ставот од блажениот Серафим (Роуз), кој би рекол вака: наместо да се правиш јако паметен, дај троа смири се (т.е. Твоите личи ставови тргни на страна, нека се одморат...) и дај погледни што велат и другите за нештата кои самиот ги сметаш за точни. Во спротивно, Ти ќе продолжиш да коментираш веќе добиени одговори на Твоите прашања, сметајќи се себе си попаметен од Твојот соговорник, а Твоите ставови „као„ супериорни во однос на „надживеаната„ Црква (што е само уште еден типичен Марксов став кон религијата, а Ти ќе глумиш лудило зашто го споменувам Маркса во секоја втора реченица...)....„

А ако веќе поставуваш прашања, поставувај ги како што напишав пред некој ден, со усул, со мерка, едно по едно, а не „топтан„, оти денов не ми даден за да одговарам само на Твоите прашања...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Гравитацијата е сила која делува на телата на земјата(и во вселената кадешто тело со поголема маса привлекува тело со помала бла бла). Не е наука. Само затоа што научниот метод доведува до заклучок за гравитацијата тоа не го прави перфектен. Јас не реков дека научниот метод е скрос погрешен. Патем, знаеш ли дека гравитонот сеуште е хипотетичка честичка? Веројатноста лекот за чир кој ти го дадов за пример да третира чир рецимо според неколкуте студии е заклучено дека изнесува 15%. Сепак реалната веројатност тој лек да лекува од чир не е никогаш 15%. Ако не го знаеш ова тогаш ама стварно не ја разбираш науката. Науката има и посиви полиња. Не планирам повторно да ги повторувам моите примери. Ти реков зашто мислам дека не е прецизна. Не ми даде контра пример за да ги објасниш моите специфични поенти туку рипаш на други теми.
Ти рече „научните методи се полни со грешки“. Не го реков јас тоа.

Гравитацијата не е наука, но е научен факт. Факт, каков што се повеќето научно утврдени факти.

Научниот метод е еден, а ти сеуште не си ни објаснил кои се тие полно грешки кои ги има во него.

Исто така, не ни објасни што е разликата меѓу „воспоставената“ и реалната веројатност.

Дали би сакал да се дообјасниш?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ако научниот метод е, како велиш, „...еден...„, тогаш примени го експериментот и експерименталниот заклучок и за еволуционата теорија и посочи ми/ни‘ кои резултати ќе ги добиеш и како тие резултати ќе ги протолкуваш...

Значи, обиди се преку експеримент да створиш живо, макар и еднокелиско битие и добиеното битие да го објасниш со користење соодветен речник.

Што се однесува до гравитацијата, моите неуки баби знаеја дека постои гравитација, но за нив, гравитацијата не беше „научен„ факт, туку дел од реалното и природното живеење.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Кога се гледа дали во земјата постои наталитет или морталитет се споредуваат наталитетот во однос на морталитетот. Не се гледа само морталитетот. Тоа географија се учи уште во средно. Oд друга страна нормално е земји кадешто има војни да имаат зголемен морталитет без разлика на технолошката развиеност.

http://duncansepidemiology.tripod.com/id20.html

Сега мој квази интелектуалецу, погледни ги вистинските статистики. Не ме лутат луѓе кои не знаат. Туку луѓе кои не знаат а мислат дека знаат.

http://www.aneki.com/lowest_death.html
http://www.aneki.com/birth.html
http://www.aneki.com/lowest_birth.html
Вистински статистики? Сакаш да кажеш дека Википедија лаже?
Патем, види leading causes of death во богати земји а види во сиромашни. Како иде income-от надоле, се почесто се јавуваат маларии, трески, туберкулоза дијареа, ебола курац-палац. Излечиви болести. Од друга страна, во напредни земји главна причина за смрт е рак и срцеви заболувања. Воглавно неизлечиви.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Grand,

не ги извртувај работите: ракот и кардио-васкуларните заболувања не се заразни болести, но се‘ повеќе е јасна причината за нивната појава: а тоа „модерниот„ нездрав живот, исполнет со: безгранично брзање, инстант-храна, префрабрикувана храна полна со конзерванси, стресови, загадена природна средина (воздух, почна, вода...), нездрави социјалнни односи и сл.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако научниот метод е, како велиш, „...еден...„, тогаш примени го експериментот и експерименталниот заклучок и за еволуционата теорија и посочи ми/ни‘ кои резултати ќе ги добиеш и како тие резултати ќе ги протолкуваш...

Значи, обиди се преку експеримент да створиш живо, макар и еднокелиско битие и добиеното битие да го објасниш со користење соодветен речник.
Ај, Мики, пушти вода... Абиогенезата нема везе со еволуција. Преку кур, нели?

Што се однесува до еволуцијата, научниот метод ја потврдува, каков што е случајот со новиот вид муви, на пример.

Ти си бигот, па затоа и не ме чуди зошто одбиваш да ги прочиташ примерите за контролирана еволуција кои ти ги сервираме со години наназад. Твоето едноставно негирање на сите научни екперименти те прави се понеинтересен соговорник. Жими све.

Еволуцијата е факт. Библијата е белетристика. Секој со своите фестивали.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај, Мики, пушти вода... Абиогенезата нема везе со еволуција. Преку кур, нели?
.
Да, и мене ми са преку „таквото„, а особено ми е преку „таквото„ кога некој се обидува една теорија (ТЕ) да ја „докаже„ со друга теорија (абиогенезата).
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 14:03 ---
Што се однесува до еволуцијата, научниот метод ја потврдува, каков што е случајот со новиот вид муви, на пример.
.
Еј де, кој е тој „научен метод„ за кој велиш дека е „...еден..„ а кој „као„ ја докажал ТЕ?

Јас наведов еден: експеримент (во изолирани лабораториски сукови) и експериментален заклучок (согласно предрасудите со кои се полни глаите од истражувачите)!
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 14:04 ---
Ти си бигот, па затоа и не ме чуди зошто одбиваш да ги прочиташ примерите за контролирана еволуција кои ти ги сервираме со години наназад. Твоето едноставно негирање на сите научни екперименти те прави се понеинтересен соговорник. Жими све.
.
Во ред, јас сум бигот...што е „научно„ докажано нели?...
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 14:05 ---
Еволуцијата е факт.
Еволуцијата е најопасната лага во нашево време и најпозната Богоборечка доктрина.
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 14:06 ---
Библијата е белетристика.
Светото Писмо е од Бога откриена вистина, за оние кои се приклониле кон Вистината а не кон лагата...
--- надополнето: 2 октомври 2012 во 14:09 ---
А
Што се однесува до еволуцијата, научниот метод ја потврдува, каков што е случајот со новиот вид муви, на пример.
Разбира се, ако насилието врз веќе створената природа го сметаш за „научно„ докажана еволуција, тогаш, останувам без текст...

Наскоро ќе следува и создавање нови луѓе, според нечии кеифови и априорно поставени барања, и тоа ќе биде нов степен во еволутивниот развој на родот човеков, така?...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Grand,

не ги извртувај работите: ракот и кардио-васкуларните заболувања не се заразни болести, но се‘ повеќе е јасна причината за нивната појава: а тоа „модерниот„ нездрав живот, исполнет со: безгранично брзање, инстант-храна, префрабрикувана храна полна со конзерванси, стресови, загадена природна средина (воздух, почна, вода...), нездрави социјалнни односи и сл.
Водечка причина за ракот на белите дробови се цигарите кои во Европа ги промовираше Светата Столица. Последен пат кога проверив тоа беа христијани.

Главна причина за кардиоваскуларни заболувања кај нас е мрсната храна (т.е. свинското месо). Не гледам попови да се кријат од свинско или да го прогласуваат за демонско. Напротив, сум чул за попови кои на посна слава „конвертирале“ свиња во посно.

Од друга страна, современата медицина е водечката причина за излекување на повеќето од болештините кои ги споменуваш. Православната црква нема никаква заслуга за лечење на истите.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Така е Мирјам, Ти не си атеистка, ни случајно, ама светов е полн со фаци, кои себеси се сметаат за јаки верници, избегнувајќи ја „институционализираната„ Црква (ова Ти е познат израз, така?...), седејќи дома и бидувајќи сам свој верник „за по дома„, во краен случај и бидувајќи „црква„ сама за себе, по принципот „еден човек-една црква„, имајќи некое свое видување за Црквата, нејзината структура и улога во Светов.

Се‘ додека некој поединец не е способен да ја согледа својата огревовеност, а со леснотија ги гледа поповите и џиповите, јасно ми е за каков верник за работи.

.
Се додека повеќето верници се како тебе, поповите ќе возат џипови. И да ти кажам, многумина што се декларираат како атеисти имаат многу повискои морални норми од самопрозваните верници кои припаѓаат на Црквата.
„Не секој што вика „Господи, Господи“, ќе влезе во Царството небесно, а оној што ја исполнува волјата на мојот Отец.“
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Grand,

не ги извртувај работите: ракот и кардио-васкуларните заболувања не се заразни болести, но се‘ повеќе е јасна причината за нивната појава: а тоа „модерниот„ нездрав живот, исполнет со: безгранично брзање, инстант-храна, префрабрикувана храна полна со конзерванси, стресови, загадена природна средина (воздух, почна, вода...), нездрави социјалнни односи и сл.
Аха, и како ова го порекнува фактот дека во неразвиените земји се умира од излечиви болести? Како ова го порекнува фактот дека медицината е полезна?
Рак предизвикува и сонцето...
http://www.who.int/mediacentre/factsheets/fs310.pdf
 

Kajgana Shop

На врв Bottom