Приказната за Адам е Ева е искажана со безвременска рамка,таа приказна се однесува за секој човек.
Во неа се застапени многу симболи,многу поими кој кажуваат одредени пораки.Пишувана е во духовно разбирање,затоа и многу разлики при нејзиното толкување можат да се јават,бидејќи секој разбира според "својот" дух иако за истиот не може да се рече свој,мој или твој.
Дух си е дух за него не постои присвојна заменка,разликата е во душата.
Ќе напишам како јас на неа гледам,што не значи дека ти тоа треба да го прифатиш.
Периодите на создавањето поделени во денови се однесува на еден човечки живот во најнискиот круг на разбирање.
Оној ден кога ќе се роди дете кое е плод на љубов помеѓу маж и жена е создавањето на човекот,кој е наречен Адам.
А нели за Бог се вика дека е љубов,кажано во спредба Бог го создаде човекот и му вдахна во ноздрите и тој стана жива душа.
За духот не постојат поимови на своето постоење со поделби како бебиња,деца ,човек или старци,затоа и истиот е даден во приказната како веднаш возрасна особина,односно човек.
Понатамошното растење на бебето,па дете, момче и крајната линија од рајот во кој тој живеел т.с пубертетот.
Во тој период на нашето постоење човекот живее во рајот.
Тогаш се храниме со плодовите од рајската градина,а тие плодови се нашите емоции кој ги откриваме,чуства,радост среќа,го развиваме осетот на прстите,кој со нашиот визуелен контакт ,вкусот и слихот,ние духовно се раниме развиваме,меморираме или кажано јадеме од плодовите на рајската градина.
Периодот кога го осознаваме нашиот пол,тоа е периодот на создавање на Ева,ја уочуваме спротивноста половата разлика и се стремиме да ја осознаеме.Дојде пубертетот.
Дрвото кое е на средина во рајската градина,е самот Бог.
Тој се насадил во средина на рајот,вкусувајќи го тој плод ние го вкусуваме него,а нели предходно кажавме дека бог е љубов.
Змијата која во приказната го преставува времето-синусоида,е искачена токму на тоа дрво.Дрвото на познавањето на доброто и лошото.
Времето-змијата ја прелажала Ева,бидејќи женското побрзо созрева од момчето,Ева е спремна да вкуси,но Адам не е.
Зато Ева ќе го прелаже Адам,а тој нема да одбие зошто во него гори желба да ја осознае спротивноста, заслепен од убавината на плодот,односно љубовта.
Затоа покасно нели Бог и вели на Ева дека става непријателство помеѓу змијата и нејзе,змијата-времето ќе ја каснува за петата(трча),а таа ќе и ја смачака главата(раѓа деца)-ново време.
Тоа е она за кое кажав дека времето постојано ја гони жената поради побрзото сорзревање, а таа пак со раѓање деца,процесот на постоење го враќа на почеток,односно и ја гази главата на едно време,а носи ново време.
Има многу да се пишува,да не ширам.Во контекст на твоето прашање.
Секој човек е Адам,дрвото е секс(спојот на маж и жена)највкусниот плод од рајската градина,со кој поради негово вкусување човекот е избркан од него.
Не урамнотеженото соединување во кое едниот созреал,а другиот од љубопитност пробал,преставува своевиден грев,кој е потенциран со умирање,умре детето кое стана маж со превара.Адам си ти.
Страдаш зошто телото е под притисок на времето,со што твоето егзистирање со спојот на доживувањата го тера човек повеќе и повеќе да бара - леб,храна за својота душа која во предвод значи дека е гладен за знаење,со што ќе го намали притисокот од времето,настојувајќи да ја достигне вечноста.
Во суштина,бог содал се или поточно се разложил самиот себе,за повторно да се спознае самиот.
Тоа одалечување и приближување,е Негово дишење.
Зато,ако веќе читаш размислувај за своето постоење и како периодите се редат еден по друг со различни карактеристики,секој со свој уникатен карактер.Спознај ги сите периоди од своето постоење,оживеј ги.
И да повторам,ова е само мое гледање,со кое не мора да се согласиш.