Вистинска љубов.... постои ли? Како би ја познале?

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.998
Поени од реакции
24.457
Не функционираат така бе пеер. Разум не е нешто што го имаат во речник..
Разум не е нешто што го имаат кога влагаат у Зара и у Бершка или кога ќе се упознаат со некој Београџанац. Тука се губат на чисто. А тебе ако сакаат ќе те обработат професионално. Да не се преповторувам, ми го прочита цитатот на Блонди, претходните преписки од последните 2-3 страни и темата што ја посочив?
 
CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Читам постови од типот -Јас многу го сакав, ама тој: беше кретен, ме третираше вака онака, не беше тука за мене, ме извара, предобра бев за него итн итн и на крај морав да си најдам друг! Друго тврдење - Сакам очајно да го вратам, да го видам, зашто ми треба и не можам без него...
Значи љубовта и ако постои е себична ! Секој е егоист и гледа да му е добро на него, ако не е така зошто би го бирале подоброто за себе ? Голем број од луѓето грешат сакајќи по секоја цена да најдат партнер, или да бидат е баш со тој што они го посакуваат(читај пак себичност), иако се класи разлика на секое поле, иако се премногу различни карактерно и не си одговараат, со главата во ѕид одат. И после ќе биде сите машки/женски се исти. Исти се, зашто ти секогаш бараш таков тип на луѓе ! Сам привлекуваш такви, ако сакаш напр. некој да те третира како ѓубре иако тоа веќе би се разгледувало од психолошки аспект кое потекнува од детството. Ениуеј.
И додека сум тука на темава, да искоментирам за уште едно мое размислување. Љубовта и ако постои, има рок на траење. Барем кај еден од партнерите порано или подоцна завршува.
Се после тоа е навика и почит еден спрема друг (ако останал).
Да кажам и за мене. Дали сум сакала ? Да. Вистинска љубов дали постои, ко онаа од бајките што умираат заедно. Мислам дека не.
 
Член од
16 јули 2012
Мислења
86
Поени од реакции
8
Vaka imam 16 godini i use nemozam da najdam devojka.sum probal mnogu pati ama ne sum uspeal.moze pomos,sovet ???
 
Pep

Член од
1 декември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
21
Vaka imam 16 godini i use nemozam da najdam devojka.sum probal mnogu pati ama ne sum uspeal.moze pomos,sovet ???
Drugar za da fatis devojka treba golema samodoverba odnosno da veruvas vo sebe a sto se odnesuva do toa oti nemas zenska drugar veruvaj mlad si ke si fatis sega ako fatis od iskustvo ti kazuvam ke izgoris zatoa sto ovie generacii ne znaat sto e ljubov ama sepak toa e moe mislenje samodoverba da imas toa e najvazno i da bides otvoren probaj ti da bides onoj sto ke ja fatis so sreka (y)(y)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Кај женско освен мајка, сестра, баба и некоја ептен пристрасна кон тебе вујна, стрина не барај чистота. Нарочито не кај девојка ти. Кажав за нив е ова бизнис.
Не негирам ништо од постовите што си ги пишал, баш напроти и се согласувам со нив, меѓутоа неколку прашања до тебе.
Ако навистина имаш 3 пропаднати брака позади тебе и сите останати работи што ги наброја во претходниот пост, кажи ми жити мајка како успеа 3 пати да бидеш заебан? Ај еднаш случајно, ај два пати на грешка, ама трет пат?
Друга работа, сакаш да кажеш дека не постојат машки спонзоруши и дека само жените калкулираат во врска? Дека само жените трчаат по пари? И пред да ме прашаш какви познавам повеќе, ќе ти одговорам...во мојов круг повеќе гледам мажи кои бараат пообразована и поситуирана жена, додека за жените често пати е доволно да имаат покрај нив маж во вистинска смисла на зборот. Значи некој кој ќе ги теши кога нешто ќе тргне наопаку и ќе и каже дека се ќе биде во ред, некој кој нема да ја остави да чека 2 саати затоа што се запил и изгубил осет за време со друштвото од кое половина сакаат да му ја легнат девојката.
Од твоиве постови ме зачудува вербата што ја имаш во пријателите и недовербата спрема целиот женски род. Па ако е вистина дека една од жените те преварила со твој најдобар другар како можеш толку верба да имаш во пријателите? А си се запрашал ли некогаш дека тоа се случило бидејќи и фалело нешто на жена ти? Можеби внимание од твоја страна, можеби си работел до касно во ноќта, можеби си ја запоставувал? Ова само можеби, мислам хипотетички, секако постојат и исклучоци кога девојката е кучка и сака да се качи на секој к*р што ќе и се понуди.
Секогаш од врска го очекувам она што го пружам. Ако пружам љубов, внимание и почит истото го барам и за возврат.Имало прилки во младоста кога сум барала само авантура, само провод, само добра забава, понекогаш можеби и само утеха во некој, кога нешто такво бараш не можеш да очекуваш партнерот да се заљуби во тебе до уши и да ти симнува ѕвезди
И да се слагам со тебе дека ако си убав и богат имаш повеќе шанси да ја фатиш најјаката женска во градот, но што ќе ти е истата ако не можеш да врзеш 2 збора со неа или пак ти спие со половина град позади грб?
За да една врска успее на подолги стази, не се битни парите, битно е меѓусебното разбирање. Парите се печалат и се трошат, ако се има разбирање и почит се се надминува.
А и да, ако ја најдеш вистинската, тогаш таа ќе ти биде и жена и љубовница и најдобар пријател без разлика на сметката во банка.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.998
Поени од реакции
24.457
Драга девојко од 87ма такозвана Бети Раблс

Нити имам 3 пропаднати брака зад мене, нити ме имала некоја девојка изварано со другар (ваљда :D). Луѓето во недостаток на контрааргументи (дека сум генерализирал не е контрааргумент) бараат начин мене лично да ми наоѓаат маани па наместо да ми ги коментираат текстовите си вадат теории за мене дека сигурно некоја ме заебала, дека плаќам алиментација, дека пичка не сум видел во живот и тако даље. И сега нормално дека нема што да се расправам со други кој сум-што сум па едноставно цинички им го терам ќејфот, оти така помирно спијат ноќе. У стилом у реду еве 10 разводи имам, и сега што ти е поентата? Само што не си го сфатила цинизмот. Не викам дека јас сум брилијантен и не сум се заебал на некои работи, ама ако сите постови ми се базирани на вистински автобиографски случки комотно можам филм во Холивуд да направам и да се збогатам. Плус треба да сум екстремно глуп. Ама јас анализирам, пратам другари, другарки, познаници, комшии, колеги, нивно однесување, се обидувам да им влезам во глава за да знам што е позадината на нивните постапки а и плус си го сакам ноќниот живот во Скопје и сум бил сведок а некогаш и учесник на милион дешавки сакал или не сакал. Од таму ги влечам моите постови, не од Марс или од Јапонија него од Македонија бе златна или ајде поконкретно Скопје. А ако полесно им е да си дадат објаснување дека си лечам фрустрации нека им е. Јас стојам зад тоа што го пишувам, ако они не можат да се справат со напишаното нека се справуваат со мене лично до задутре сабајле нема за клавета да ги тужам на суд сигурно :icon_lol:.

Што се тиче останатиот дел дали има мажи спонзоруши одговорот е-Има. Тука сум се изјаснил за тоа
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-мажите-може-да-бидат-“спонзоруши“.33346/page-4#post-4437241
ама па апслоутно не се согласувам дека повеќе мажи има спонзоруши. Ај да не бидам лош и да речам дека ме лажеш, ќе претпоставам дека такво ти било тебе личното искуство што воопшто не значи дека генералната ситуација стои така. Мажите поретко се спонзоруши од две причини: имаат поголема чест и достоинство од жените за да се проституираат. Иако спонзорушењето е пософистициран начин тоа воопшто не значи дека не е по сите параметри проституција. Втората причина лежи во балканската култура и метнталитет кој вика дека срамота е жена ти да те одржава, тоа те прави тебе неспособен, недоминантен, резил и ќе ти се смеат комшиите. Удара на его ако се спонзорираш кај тетица, жените не патат од таа мака па гајле немаат дали се спонзорираат се дур живее луксузно. Дали и фалело нешто на жена ми е веќе друго прашање. Ако и фали нешто од мене, прво и основно што треба да направи е да ме праша мене. Ако од оправдани или неоправдани причини, јас тоа не можам да и го овозможам и ако тоа нејзе и е толку битно може да ми раскине. Тоа е чесниот начин на постапување. Нема оправдување со-Нешто и требало. Ако ти во младоста си барала авантури, утехи, забави, биди си спремна утре ти да бидеш цел на истите тие авантури, утехи и забави дури и кога ти нема да сакаш така. Оти обично така бидува.
Иначе Бети, убави жени, убаво се плаќаат и не идат без пари иначе и Трајче комшијата ќе идеше со Катерина Ивановска. Во ред се тие муабети не биле потребни сметки во банка, вистинска љубов, причај ми причи. Не за џабе бизнисмените кешираат дебело за млади и убави жени, да имаше начин без пари да дојдат до нив немаше да се трошат до толку. Убавите жени најчесто и се свесни за својата убавина. Свесни се и за бенефитите што можат да ги извлечат од тоа. Премногу е искушението големо за да можат да му одолеат. Ти се става некој со БМВ, со куќа, викендица, брендиран од глава до пети и ти го нуди сето тоа. Не треба нели да напоменувам колку жените се како на херион кога пред нив се наоѓаат шетњи низ Европа и шире, бесконечен број на сандали, штикли, балетанки, хаљини, козметики, луксузно живеење, резорти, хотели, јахти. А колку фрустрирачки е да не може и таа да го живее тоа. Ама она има среќа, има џокер у ракав. Она е убава и е на чекор е да го добие тоа, и тоа преку ноќ побрзо од да штрапнеш со прстите. Сите тие земни удобства, а само еден услов-Да му даде. Пред тебе рајот на земјата до кој можеби никогаш нема да дојдеш на друг начин, нешто што си го гледала само во Сексот и Градот, истурено пред тебе, на дофат на твојата рака, уживање далеку над твоите фантазии и можноста на скромното семејство од кое потекнуваш. И за се тоа, само треба да му го дудлаш на некој. Смешно е да се компарира нели, па која е таа минорна цена? Голем дел од спонзорушите не ни имаат внатрешен конфликт, па зарем има воопшто основа за недоумица? Меѓутоа голем дел имаат. И тука доаѓа моќта на свестта и потсвеста и оној Џозеф Марфи. Како се разрешува конфликотот? Со лажење и автосугестија.
Види Мариче, кога ќе го загледам од поблиску не е толку дебел, повеќе е крупно граден, не е да речеш стомачиште од еден тон има. Исто така кога ќе се насмевне дури и е симпатичен. Уопште не делува на 65 годишен, не се ни приметува тоа, а со косата што му е полуќељава а полубела дури и делува секси како Џорџ Клуни, како прав маж, а не овие копиљациве млади. Многу е паметен, вчера ми кажа дека докторирал кај Војо во ист ден со Латаз. И ме сака многу. Со жена му е скаран, рече дека ќе ја оставал, и ќе ме земе мене. Многу била лоша она, а он толку фин, толку љубезен, толку културен. Вака отприлика иде тоа.
Женски се склони кон тоа да си прават што им душа сака, било тоа оправдано или не. Моралните дилеми ги решаваат на тој начин. Јас обично во таква ситуација сум знаел да потпрашам-Како ти е со него или Зошто баш со него си и слично, навидум наивно прашање. Сите ми викаат дека бил многу убав, паметен, хумористичен, забавен, шармантен мажествен иако не е ни 1% од тоа. На некои во очи им се читам дека се толку убедени во тоа што и да ги ставам на полиграф со истите прашања, ќе поминат на тестот. До толку си имаат всадено дека замислата им е реална што за нив и навистина не постои позгоден маж на светот. И тој принцип функционира и тоа совршено, и не само тоа, таа станува жртва а другите дури и ја сожалуваат. Она не го вара маж и, таа сиротата е толку осамена и уплакана навечер додека маж и е на работа до касно, а Трпе комшијата толку бил нежен и внимателен што дури и спонтано дошло тоа. Или зарем е битно тоа што он шверцува оружје за Косова и има убиено човек кога ја гледа како очи во глава, не дава никој да и се приближи и има купено дури и џип со триста заштити само за да биде среќна.
Уште милион вакви примери можам да ти дадам, некои дури и на форумов ги читам, една дури и ти употреби (да не и требало нешто, да не сум главел на работа и слично). Дури и ти си спремна да ја оправдаш ''жена ми". Па што ако сум главел на работа. Може сум главел на проект кој ќе ми донесе пари за учество на купување на стан во кој сакам со неа да живеам, може работата ми зависела од тоа. Што сега осамена била сиротата и у реду е на кур што му се качила на Митре а јас одозгоре и крив оти сум ја запоставувал? Или па после толку болки и страдања од претходната врска со најголемиот џентлмен на светот, оти нели Сусаро лаже дека жени сакале бараби за дечковци а фините момци ги френдзонираат, е пошто јас лажам а она идела со најкоректниот маж на светот кој ја заебал, скоцкал се и плаќал курви позади нејзин грб, госпожата одлучила дека сега хормоналните дисбаланси ќе ги лечи на многу ефикасен начин-Ќе биде во врска без емоции. Нека си се лаже малиот дека го сакам, дека ми е драг, нека ми купува поклони за Валентајн, нека се труди да ми угоди, нека е коректен и фин се дур јас си имам ходајучи вибратор, дундата ми е задоволна, емотивната енергија му ја цицам за мои потреби, се дотогаш е во ред. Дур не се појави следниот ќељав џентлмен со тјунирана кола кој работи во обезбедување со мачотестосеронски мирис на запотени муда да ме грабне за повторно да се заврти кругот. И така до следно лажење на форум дека она не била спозноруша, она знаела да цени кога машко е џентлмен, она не се ебела со Срби од прва само штом ќе им го чуе акцентот, она била сапиосексуалка, сакала кај машко позитивност, манири, култура, интелигенција, да не биде сељак, да знае да ја цени и почитува. Ама ете никако не е задоволна во љубовта, секогаш погрешниот избор, секогаш стари рани, секогаш непреболи, нема среќа со дечковци а толку е она само фина, мила, пожртвувана. А јас сум на крајот кривиот, шовинистот, исфрустрираниот оти нели го пишувам тоа дирекно и во незавиена форма на парче виртуелна хартија. Е толку Бети од мене. Биди ми поздравена.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Плус треба да сум екстремно глуп.
...............

Ако ти во младоста си барала авантури, утехи, забави, биди си спремна утре ти да бидеш цел на истите тие авантури, утехи и забави дури и кога ти нема да сакаш така. Оти обично така бидува.
.................
Иначе Бети, убави жени, убаво се плаќаат и не идат без пари иначе и Трајче комшијата ќе идеше со Катерина Ивановска.
...........
Дур не се појави следниот ќељав џентлмен со тјунирана кола кој работи во обезбедување со мачотестосеронски мирис на запотени муда да ме грабне за повторно да се заврти кругот..
Значи не ти ги читам сите постови за да знам каков си навистина, прочитав некој пост во кој велиш дека имаш три пропаднати брака позади себе затоа и те прашав за тоа и токму поради фактот што делуваш како некој кој анализира и промислува пред да направи нешто ме зачуде како успеале жените дури 3 пати да те изиграат. И баш како што пиша би требало да си екстремно глупав за такво нешто.
Инаку убави жени, убаво се плаќаат само кога ти не им парираш. Или со твои зборови ако си ти "ќељав џентлмен со тјунирана кола кој работи во обезбедување со мачотестосеронски мирис на запотени муда" за да фатиш некоја лепотица нормално дека ќе ти треба кеш и тоа доста. Но ако ти си Бред Пит, или еве ако сакаш, просечно убав Србин (пошто нели велиш нашиве паѓале на Србите) тогаш не ти треба ќеш за да ја ќариш девојката.
Нажалост во таква средина живееме и да во право си дека има мнооогу спонзоруши поготово во Скопје, и тоа највеќе девојки кои доаѓаат од внатрешноста и од просечно или сиромашно семејство и бараат само добра прилика за мажење. Но, кажи ми ти што правиме со онаа девојка која доаѓа да речеме од средна, накај висока класа, значи има милион хаљини, сандали, кондури, ја прошетала Европа па и пошироко, образована, еманципирана женска, кажи ми ти дали прв приоритет на некоја таква особа би и бил маж со дебела сметка во банка?
Од друга страна не значи дека девојките кои не сакаат да се експонираат со деколте до пупак и штикла 20 см не знаат да задоволат маж или да се средат и пристојно/убаво да изгледаат.
Како што кажа и јас многу пати сум била резерва некому, утеха или забава, но не сум ја трескала главата од ѕид кога нешто такво ќе се случи, особено ако тоа ми било дадено до знаење. Главата се треска од ѕид кога некој ти симнува ѕвезди ти вели дека си единствен/а за него, те убедува колку те сака, кога пружаш и даваш се што можеш и еден ден се разбудуваш и дотичниот ти вели "извини злато ама некако не чувствувам исто за тебе, знаеш не си ти крива до мене е, не сум за врска во моментов" или пак уште полошо дознаваш дека дечкото кој му веруваш и се би направила за него работи се што е женско во градот а ти вели извини пијан бев не знаев што правам.
Јас пробав да ја 'оправдам' женати, бидејќи поаѓам од фактот дека за да превариш некој што нешто ти значи треба да имаш некаква причина, цврста или не, небитно,
Мене не ми се јасни луѓето кои викаат дека жените се кучки, спонзоруши и не знам што ти не, а упорно и упорно трчаат по некоја која ги има тие карактеристики.
Како што девојките ги привлекува оној кој најмалку им обрнува внимание така и мажите ја бркаат онаа по која трча половина град и тоа не мора да значи дека баш таа им се допаѓа туку они ќе испаднат најјак фраер зошто демек еве од сите нив дотичната го одбрала него. А трчајќи по некоја таква не ни забележувате дека комшивката со која грицкаш семки пред улаз и и кажуваш колку се кучки сите девојки, би направила се за тебе и истата можеби дури и е симпатична но ти едноставно не ни забележуваш бидејќи не си ја ни погледнал на тој начин. Колку само такви прилики си пропуштил?
Сакам да кажам дека за секој еден има по некој на овој свет со кого би формирале едно цело, без разлика на се, само треба добро да ги отвориме очите.

И за крај.....ужвам да ти ги читам постовите бидејќи на еден хумористичен начин толку реално ја отсликуваат состојбата . Сепак остваи простор за исклучоци, не се сите исти;)
Поздрав
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.998
Поени од реакции
24.457
Јас ретко Бети знам убава девојка да оди со поскромен човек. Нели пишав за искушението во претходниот пост кога си убава ти се отвораат многу врати, нешто што другите се мачат толку години да го достигнат, убавата може веднаш. Ако на тоа ја додадеме и калкулативноста и бизнис ориентираноста на жените (види претходните страни мои постови), тогаш нормално дека мора да и парираш ама со тоа паѓа во вода она вистинска љубов. Оти нели ако за вистинската љубов како што генерално сите ја дефинираме треба некој да ти парира да е богат или Бред Пит или србин ондак паѓа во вода нејзиното постоење. Нели вистинската љубов подразбираше во добро и зло, не гледаше дали имаш сто кец или Мерцедес, дали си ќор, сакат, лепотан и тако даље. Какво е сега ова парирање? Нели внатрешната убавина е битна?
Тоа за србите е посебен феномен, заслужува дури и посебна тема и ќе пробам да објаснам мое видување од кај потекнува. Тоа е комплексот Белград, што се влече уште од СФРЈ. Имено за многу од нас србите а особено Београџани претставуваат некоја си виша каста, аристократија, некој елитен клуб на господа наспроти нас простаците. На времето (а и сега) кога ќе кажеше некој-Бев во Белград, и се сретнав со тој и тој-сите беа како Уаууууу во Белград бил, гарант сега курот му е пола метар. И така и нашиве кога ќе се запознаат со србин особено белграџанец се осеќа како мала сељанка пред една таква величина како србинот. Затоа му го пуши уште од прва вечер, затоа што да му го пушиш на србин по нејзина перцепција, и како што она гледа на работите е како да пушиш златен кур. Тоа е тоа правило на доминација, србинот со самиот факт што е србин е културолошки, интелектуално, физички и секако над неа, односно она тоа така го гледа и пошто машка доминација е магнет за скоро сите жени без исклучок, она се топи како бомбона. Да не бидам сфатен грешно, не значи дека секоја што се плеткала со србин ја распнувам, ама какви клошари се генерално тоа србите и на исти тие клошарски методи, крајно сељачки нашиве паѓаат како крушки еве пример http://forum.kajgana.com/threads/Што-е-полесно-Девојка-да-фати-дечко-или-обратно.22660/page-15#post-5218825. Само поради тоа што е србин, апсолутно нема никаква разлика помеѓу просечно убав србин и просечно убав македонец дур не проговори. Абе мислам идентични браќа близнаци лепотани да и ставиш на македонка едниот да и збори српски и да и каже дека е од Белград, а другиот на нашо она убедена ќе биде дека србинот е поубав. Е до толку е јака таа моќ на илузурно перцепирање, сугестија и слично.
Ме прашуваш што со онаа богатата образовната и слично. Тоа е интересно прашање. Дел од нив го потврдуваат правилото дека пара на пара се лепи. Син му на Фијо Цановски се ожени со ќерката на Велија, Камчо ја зеде на Трифун ќерка му, холивудски ѕвезди си се земаат меѓу себе или со други богати музичари, спортисти, продуценти, бизнисмени. Ретко кога ќе чуеш наслов Анџелина Џоли се омажила со локалниот продавач во гранапче од Бруклин. Добар дел завршуваат сами оти како што викаш ти, нема кој да им парира, она веќе има пари, статус, се, нема од кого да биде доминирана, тешко за нејзини стандарди се наоѓа прав маж, поред кој она ќе се осеќа како жена. А дел завршуваат со ропаци и клошари, односно фраери. Знаеш она цел живот јахти, помади, креми и одеднаш улетува тој. Мрсен, брадосан, контра сите манири на кои што ја учеле неа, пљука на асфалт, се тепа, полн е тестостерон, како да му покажува среден прст на цел тој нејзин систем а тоа е толку мажествено и клитовлажнечко. Во не толку радикална верзија така се случи со ќерката на еден познат богаташ од кај нас. Ќерка му имаше се што ќе посакаше, ама не беше нешто многу убава а сакаше фраер. Еден од главните фраери тоа време беше еден типац со брадичка од естрадата, многу посакуван меѓу жените, онакво типично скопско фраерче или како што некогаш провинцијалците и оправдано опишуваат такви типчиња-скопско педерче. И се ујдисаа, а он покрај неа стана доста материјално и статусно моќен. Ова ти е еден од тие обратни случаеви на спонзорство. Четврти начин како завршуваат таквите е со папучар. Они се толку навикнати да бидат доминантни дури и разгалени што едино маже што ќе ги земе е само папучарче некое кое нема да смее да писне, а за сметка на тоа ќе плива во пари. Ама во главном тоа е ретко. Клучниот збор е секогаш доминација, жените на крај секогаш завршуваат кај подоминантен. Тие што се курчат дека се многу самостални и можат да бушат ѕид со глава обично не наишле на доволно голем сељак кој ќе ги заузда, после тоа да видиш какви пичиња се. Подетално за тоа имам пишано тука http://forum.kajgana.com/threads/Мажите-преферираат-глупави-жени.60909/page-22#post-5146165
Делот со кој апсолутно со тебе се согласувам е дека не значи дека оние девојки со деколтиња и штикли дека не знаат да бидат добри квалитетни девојки. Обично тие и се најдобрите.
Е сега делот резерва, утеха, забава и така натаму. Да се разбереме една работа без љутиш. Зошто ти која си прифатила да му бидеш некому забава, утеха, авантура, утре мене да ми бидеш се? Значи условно кажано на некој си му служела за секс и толку, а утре јас треба да те земам и да те гледам како очи во глава. Зошто, нели со тоа на еден начин се потценувам себе? Иако се многу, многу ретки, сепак постојат девојки кои не прифаќаат да бидат нечиви утехи, нечиви авантури, кои не се ебат со секој втор после раскинување на врска само колку да потполнат емотивни празнини или слично. Оти девојка различно се понаша кога сака само да легне со тебе, и ако сака нешто повеќе. Кога е првиот случај ондак работите се одвиваат мошне побрзо и нема што да се чека. Кога е вториот случај она автоматски ги прави условите на игра потешки. Тоа дури и го имаше и во една епизода на тој омилениот ваш филм Сексот и градот. Саманта излезе со еден тип што стварно стварно многу и се свиѓаше, и се заљуби на прв состанок во него. И на крај ја испрати овој до дома и само се поздравија. И во позадина гласот на Кери вика-Тоа беше прв пат после долго време Саманта на прв состанок да не го покани типот да одат дома кај нејзе. И сега пази она се има со пола Њу Јорк изработено, а на овој му одолговлекува. И што треба овој сега почестен да се осеќа горд,-Еј мене не ми дава од прва и е заљубена во мене, а на вас само ви го има испушено онака без емоции? Вреднувањето на девојка87 започнува од девојка87. Не може ти да бараш вредности од некој тип а да речеш ајде да го избришеме минатото. И минатото сосе сите добри, лоши, чесни и срамни работи те прави тебе тоа што си, го оформува твојот идентитет, не можеш да го избришеш. А обично жени го фураат тој филм-Не биди балканец и сељак, не е битно тоа што е позади мене. Како мори не е битно? А што е битно, комшиката Трајанка какви мекици прави за доручек? Затоа жени играат така прљаво, сака убаво да се изнаживее, да се изнаебе, да испозаебе многу машки, ама на крај да заврши со пристоен и достоен маж за неа а тие две работи не одат заедно. Затоа и лажат и манипулираат. И затоа нема оправдање ни лабаво ни цврсто. Тебе те земав како пример, не се однесува лично на тебе пишаното.
Мислам дека не сум испуштил некоја комшика што грицка семки или слично. Ама не знам, може и да грешам не викам не.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882

Комплекс на нижа вредност уште од времето 1915 кога србите ги нослеле овде дури и курири во општина да бидат, па најдобрата земја на колонизаторите, па периодот од 1945 навака кога секое српичне доминираше во колективите, неписмен лигав шугав неспособен но ако завршува на иќ сигурно или е директорче или шефче (врежано во мозокот дека српчињата се помоќни и секаде привелигирани ) а уствари веќе никој не ги ебе ни два посто, епа суши сегде е така бе другар не една србинка сум цепал во охрид или во србија,ех да знаат само да зборат тоа креветите во хотел рекс.
Не е работава србин не србин,странец си е странец бе друже кај и да отидеш, како чо0век кој што многу патувал по работа и скоро секојдневно бил во друг град на поранешна ју слободно можам да ти кажам дека секаде е исто, кај и да влезеш сите ти се смешкаат, секретарките шефици директорки се од среќни пресреќни од церење мислиш усните би и останале во таква окезена положба до крајот на животот, и прва е што би го однела “ гостинот“ во неклоја експлузивна кафана настрана од градот. Моментот е СТРАНЕЦ .
Отиди во Маѓарска или Полска да видиш таму што е за Русија Украина Бугарија ич да не правиме муабет а Норвешка абе нозе ке ти се тресат не ке можеш да одиш ебате беља,мистеријата во странецот и можноста за расплод со мажјак од друг генетски базент е инстикт за да се зачува здравото поколение.
Па и кучка што е кучка скитник попрво се тера со куче од страна отколку со тоа што и е во комшии или што лутаат заедно по улици:pos:
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.998
Поени од реакции
24.457
Можеби тоа важи од нивна перспектива, односно за Русинка, Украинка или слично странец општо е интересно.
Наша не знам колку ќе се навлажни ако дознае дека е типот на пример Бугар. Србин или Италјан од друга страна делува многу ебачки. Тоа од една страна. Да не напоменувам дека поглеми селендри и напињачи од италијаните кај и да сум ги среќавал низ Европа нема. Ама знаеш он бил од Сан Винченцо де ла Гранде Курина на 20 километри од Милано па според тоа де факто е и фраер.
Од друга страна ги прашувам нашиве што работат во Србија или оние што се во странство и по балканска логика први другари им се срби, како им иде со нив. И скоро секогаш коментарот е дека има голема дружба ради менталитет, заебанции, пријателства све фино, ама секогаш го осеќаш врз тебе оној момент дека те гледа како втора класа, што јужније то тужније и се приметува таа надменост.
Така да може пали странец како момент, али зависи дали перцепцијата за земјата од која доаѓа е на повисоко ниво од твојата земја. Ако е, тогаш се согласувам со тебе. Реков, може треба и посебна тема да се отвори за странците па да видиме што жените ќе кажат околу цела таа фама, зошто проаѓа да си морон само ако си србин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom