Вистинска љубов.... постои ли? Како би ја познале?

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.998
Поени од реакции
24.457
Не си сосема во право. Не се сите такви.
Не викам дека не постои тој аспек на пазар, ама не гледаат сите така на работите. Тоа едно. Друго, не се сите толку добри играчи и манипулатори и калкуланти, како што можеби ти си.
Подобар совет би било: види со кого си имаш работа. Ако си имаш работа со калкулант биди калкулат, ако си имаш работа со човек биди човек. Не се сите бескрупулозни.
Звучиш како човек што се изгорел еднаш со млеко па сега дува и на маќеница.
Како да ти кажам, ај вака. Би идел ти со ружна? Не, нели. Е сега ќе ми кажеш ружна е релативен концепт. Хипотетички ако твојата ружноќа како релативна категорија ја потврдуваат 99 од 100 женски што те упознале ќе видевме тогаш дали тоа што за тебе е сега ружно ќе беше и тогаш или ќе беше задоволен и со многу помалце. Тебе те земав како пример ништо лично. Меѓутоа доколку начекаш крајно некомпатибилни парови у живот каде што она е бомба а он стар вампир, или он е креле а она капацитетна особа, или она многу богата а он голтар, да знаеш дека има позадинско нешто што не го знаеш а тоа најчесто се пари. Луѓето обично се држат до своите класи. Тие што се преценуваат во перцепцијата на која класа и припаѓаат, брзо тоа го научуваат на потешкиот начин. Не се сите манипулатори и калкуланти меѓутоа економската логика и теркови функционираат и тука, само што не секогаш горивото што го движи цел тој механизам се пари директно. Ама мислам дека на крај си плаќаш се. Иначе многу се имам изгорено, на секоја тема каде што пишувам ми се има случено нешто лошо. Имам 3 пропаднати брака, кои ме доведоа до банкрот, алиментација за 1 регуларно и 2 вонбрачни деца, бивши ме барале и пак сум им давал шанса па ме заебале и уште им давам шанса, имав долга врска со една што се испостави дека е проститутка а јас и верував дека само трета смена работи, да не почнам колку ме имаат изварано, една и со најдобриот другар, друга со брат ми, за третата ја оставив втората жена само да се испостави дека она имала швалер со кој сакале со шема да и го препишам станот што секако се случи па едно време живеев во прифатилиштето кај Момин Поток. Како што ми се дешава лоша работа така пишувам по еден пост тука. Не маштеница, на оној топло-ладен колач на топлиот дел му ставам мраз а ладниот го подгревам пред да јадам.
 
В

Вештерот

Гостин
Како да ти кажам, ај вака. Би идел ти со ружна? Не, нели. Е сега ќе ми кажеш ружна е релативен концепт. Хипотетички ако твојата ружноќа како релативна категорија ја потврдуваат 99 од 100 женски што те упознале ќе видевме тогаш дали тоа што за тебе е сега ружно ќе беше и тогаш или ќе беше задоволен и со многу помалце. Тебе те земав како пример ништо лично. Меѓутоа доколку начекаш крајно некомпатибилни парови у живот каде што она е бомба а он стар вампир, или он е креле а она капацитетна особа, или она многу богата а он голтар, да знаеш дека има позадинско нешто што не го знаеш а тоа најчесто се пари. Луѓето обично се држат до своите класи. Тие што се преценуваат во перцепцијата на која класа и припаѓаат, брзо тоа го научуваат на потешкиот начин. Не се сите манипулатори и калкуланти меѓутоа економската логика и теркови функционираат и тука, само што не секогаш горивото што го движи цел тој механизам се пари директно. Ама мислам дека на крај си плаќаш се...
Пробувам да ти ја разберам логиката ама некако не ми иде. Човек да не може да знае дали мислиш озбилно, дали метафорички или пак дали претеруваш со описите понекогаш.
Како прво ќе признаам дека убавината е предност, секому му е убаво кога поминува низ град со авион, кога со убава женска се покажуваш пред другари итн. Но и без тоа се може многу убаво да се живее. Кога ќе ја затемниш собата и кога она ќе стави троа шминка повеќе нема повеќе разлика помеѓу убавата и грдата. Со ова сакав само да ти кажам дека не гледаат сите на убавина како критериум и дека се може и без убавина.
Ти велиш дека на убавината(и парите) не гледаат сите туку повеќето. Јас па викам дека е обратно, дека ти зборуваш за еден мал девијантен дел од луѓето кои ептен одстапуваат од нормала. Како прво убавината не е дарба која ја има секој туку ја има еден мал дел од луѓето. Е бидејќи сме повеќето по стандардите на Холивуд грди би требало сите да сме сами и да не можеме да најдеме ништо. Реалноста е поинаква. Повеќето луѓе порано или подоцна наоѓаат партнер и го задржуваат и кога подостаруваат и се грди. Тоа значи дека убавината е битна но е далеку од најбитна. Нормално доаѓа вториот твој аргумент и ти велиш дека се парите во прашање. Па и за парите може да се рече исто. Повеќето луѓе се во средна и и ниска класа, а и разликите помеѓу средната и ниската класа не се нешто големи па да можеме да зборуваме за некакви си интереси. Богати се 1% од луѓето. Значи 99% припаѓаат на останатата ниска односно средна класа. Според твојата логика во врска треба да бидат 1% од луѓето кои се богати и еден мал прорцент од луѓето кои се убави. Реалноста е сосема поинаква. Во врска се многу повеќе луѓе.
Е сега твојата теза оди дотаму што ти велиш дека и да има повеќе луѓе кои се во врска ама паровите одат вака: убавина+убавина, пари+пати, убавина+пари, грди+грди, сиромашни+сиромашни, грди+сиромашни.
И ти велиш дека горните комбинации важат за повеќето луѓе и не допушташ комбинација грда+богат или богата и убава+сиромав.
Животот е малку позакомплициран од проста аритметика и на може жените да ги сведуваме на парче месо а мажите пак да ги едначиме со сметка во банка.
На сгорната равенка се додаваат и други фактори како на пример памет, образование, начин на живот, среќа и случајности, карактер.
Џабе ти е најбогатата и најубавата ако не можеш муабет да направиш, а од друга страна пак што ако е сиромашна и има троа повеќе килограми, но е образована, воспитана и добра.
Работите се многу позакомплицирани отколку што ти сакаш да ги прикажеш. Калкулирање е добро во бизнис, но во приватен живот и во интима води во мизерија, разводи и слични заебанции.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899

Не се согласувам со аргументите што ги имаш напишано погоре, ама нека ти одговори Сусаро.
Во однос на болдираното: од она искуство што го имам, апсолутно се слагам.
Ама стварта е што можда така мислиме пошто сме помлади. Можда не сме се соочиле со суровата економска реалност во државава. Можда кога ќе немаш пари ќе сакаш богата. Веројатно треба да биде тргнато она прашање на пари и егзистенција од масата па да можеме да бараме женска која би можеле да ја сакаме. Можда љубовта може да се најде само додека сме млади и зелени и не не изгорел некој и си веруваме слепо едни на други.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.998
Поени од реакции
24.457
Пробувам да ти ја разберам логиката ама некако не ми иде. Човек да не може да знае дали мислиш озбилно, дали метафорички или пак дали претеруваш со описите понекогаш.
Како прво ќе признаам дека убавината е предност, секому му е убаво кога поминува низ град со авион, кога со убава женска се покажуваш пред другари итн. Но и без тоа се може многу убаво да се живее. Кога ќе ја затемниш собата и кога она ќе стави троа шминка повеќе нема повеќе разлика помеѓу убавата и грдата. Со ова сакав само да ти кажам дека не гледаат сите на убавина како критериум и дека се може и без убавина.
Ти велиш дека на убавината(и парите) не гледаат сите туку повеќето. Јас па викам дека е обратно, дека ти зборуваш за еден мал девијантен дел од луѓето кои ептен одстапуваат од нормала. Како прво убавината не е дарба која ја има секој туку ја има еден мал дел од луѓето. Е бидејќи сме повеќето по стандардите на Холивуд грди би требало сите да сме сами и да не можеме да најдеме ништо. Реалноста е поинаква. Повеќето луѓе порано или подоцна наоѓаат партнер и го задржуваат и кога подостаруваат и се грди. Тоа значи дека убавината е битна но е далеку од најбитна. Нормално доаѓа вториот твој аргумент и ти велиш дека се парите во прашање. Па и за парите може да се рече исто. Повеќето луѓе се во средна и и ниска класа, а и разликите помеѓу средната и ниската класа не се нешто големи па да можеме да зборуваме за некакви си интереси. Богати се 1% од луѓето. Значи 99% припаѓаат на останатата ниска односно средна класа. Според твојата логика во врска треба да бидат 1% од луѓето кои се богати и еден мал прорцент од луѓето кои се убави. Реалноста е сосема поинаква. Во врска се многу повеќе луѓе.
Е сега твојата теза оди дотаму што ти велиш дека и да има повеќе луѓе кои се во врска ама паровите одат вака: убавина+убавина, пари+пати, убавина+пари, грди+грди, сиромашни+сиромашни, грди+сиромашни.
И ти велиш дека горните комбинации важат за повеќето луѓе и не допушташ комбинација грда+богат или богата и убава+сиромав.
Животот е малку позакомплициран од проста аритметика и на може жените да ги сведуваме на парче месо а мажите пак да ги едначиме со сметка во банка.
На сгорната равенка се додаваат и други фактори како на пример памет, образование, начин на живот, среќа и случајности, карактер.
Џабе ти е најбогатата и најубавата ако не можеш муабет да направиш, а од друга страна пак што ако е сиромашна и има троа повеќе килограми, но е образована, воспитана и добра.
Работите се многу позакомплицирани отколку што ти сакаш да ги прикажеш. Калкулирање е добро во бизнис, но во приватен живот и во интима води во мизерија, разводи и слични заебанции.
Не ми ја разбираш логиката? Отиди на следниот избор на мис на Македонија и пробај да и се пуштиш на победничката. За поголем успех во сфаќањето на логиката ти препорачувам уште сега да јадеш чварки и торти за доручек, кременадли и увијачи за ручек, а за вечера шарски пржени со свинкса маст со кока кола и/или пиво и тегла еурокрем. Ако и тогаш не ја сфатиш логиката до тебе ќе да е. А за озбилно, метафорички или претерување ќе оставиме во некоја од следните епизоди, иначе ќе го нема интересното. Иначе може и без Бугати Вејрон убаво да се живее и без месец дена на Бора-Бора може и без Џесика Алба како се лиже со Мила Кунис додека ти си во средина. Меѓутоа доколку некој дошол до прилика да ги има и доживее, не верувам дека се откажал од таа прилика. А ако после тоа останал без тие работи не верувам дека му било сеедно да вози Лада Нива. Ако си ги ископаш очите и Мариовски пејзаж може да ти изгледа како Беверли Хилс, а ако си затнат во носот и хамбургерите од Вили може да ти се како руски кавијар. Сигурно се многу будали туристичките агенции што не го ставаат Мариово во понуди а Бора Бора ја нудат во иљадници евра, сигурно и оние од Лада губат многу што не ги продаваат колите за милионче и кусур.
Истото важи за девијантата група. Кога седам на улица Македонија и кога ќе пројде некоја стегната на ролерки нарочито во тие бициклистичи каде што се се оцртава, сите се вртат по неа, ептен девијантни се сите бре. Додека кога ќе пројде некоја од 120-130 кила жива мера, никој не се врти. Одма жуто комбе и распределба на сите на потегот Демир (Хисар и Капија). По стандардите на Холивуд сите сме грди. Затоа ти (и јас) нема никогаш да бркнеш пичка од Холивуд. Оти треба да ја платиш некако. Немаш соодветна понуда-нема да ја имаш толку е просто и едноставно. Реалноста мене ми вика дека повеќето што ги знам се горе долу тука по некоја си општа перцепција на класи на парови. Ако на прв поглед не ти штима некако тие двајца да се пар ако пробуричкаш малце подлабоко ќе сфатиш дека има нешто што не го знаеш и што држи вода и те како зошто се они заедно. Што се тиче средна класа по твоја дефиниција. Има среднокласци од 100 квадратни станови во Капиштец до среднокласци со 30 квадрати во Топана. Па сега ти види. Пара се лепи на пара, статус на статус, лепота се лепи на пари и на статус. Стави 3 девојки во просторија, едната богата, ружна и дудук, другата, преубава, сиромашна и дудук и третата интелигентна , ружна и сиромашна. После тоа пушти им стадо хиени од мужишта да прават интеракција со нив. Што мислиш накаде ќе биде насочена интеракцијата? Ако се правиме будали знам што ќе ми кажеш. Секако дека има несфатливи случаеви. Како на пример он образован, перспективен, згоден, а она ништо од тоа и пак го мафта како сака. Меѓутоа си има и тука објаснување. Најчесто самопочитта и самодовербата и самоперцепцијата кај типот се на толку ниско ниво што му ја соборува цената на пазарот, и тука како пирани го чекаат да го растргнат. Нешто слично како Црн Петок во Америчките супермаркети. Памтам имаше една епизода од серијата ЦСИ-Лас Вегас каде што нормален good looking guy имаше чуден фетиш на дебели жени. Од тој негов чуден фетиш ќаруваа дебелите жени во Лас Вегас кои имаа секс со него. Тие знаеа дека он има секс со повеќе од нив меѓутоа исто така знаеа и дека таква прилика да спијат со нормален и за нивни стандарди и повеќе од привлечен маж тешко дека ќе имаат, затоа и се ''откажуваа'' од ексклузивитетот да биде само нивен. Меѓутоа токму овие се девијантните појави а не оние другите. Се е понуда и побарувачка, се си има цена. Ако ти не бараш убава, паметна и начитана женска, твојата побарувачка е мала а понудата е голема. Затоа ти многу брзо ќе најдеш тоа што го бараш, а ќе заштедиш многу пари, време, енергија, труд и живци. Не реков дека е проста аритметика, повеќе е налик на портфолио анализа. Просто објаснето кај портфолио анализи за акции и обрврзници имаш повеќе фактори кои се гледаат, на пример ризик, ROI (return on investment), Cost/benefit анализа, статистички чартови и графи на движењето на цената на акциите последниот период, редовност на исплата на дивиденди и уште неколку. Сите тие ја формираат цената на акцијата. На пример имаш акции со поглолем ризик кои по логика треба да се со ниска цена меѓутоа поради големиот потенцијал за брз поврат на средствата сеуште држат релативно висока цена. Да се навратиме на врските. Нека те викаат тебе глуп, прост и ружен. Појави им се еден ден со Порше и ќе видиш како одеднаш стануваш паметен, начитан и лепотан. Само зајадливите јазици и надаље ќе коментираат-Види го простакон, од беда стана господин и ги врти најубавите жени во градот. Дали тебе тие вредности ти се по ќејф или не, не е тема на дискусија. Вредностите и перцепцијата за истите ги дефинира мнозинстовото. Може ти кога би бил женско мрсул не би фрлил на некој таков ама реалноста е ти ќе се мачиш да стигнеш до пиќка, ќе тераш муабети, ќе частиш, ќе треба да попиеш корпа ама и надаље да си упорен, да и трпиш нејзини его трипови и понижувања кога ќе сфати дека ти се допаѓа за евентуално можеби, само можеби да нешто успееш после многу маки, освен ако одбереш некоја поружничка, посмотанка, подебелка. Од друга страна тој со Поршето замавнува со клучевите и одма настапува со-Мала ај дој ваму (и тука не претерувам многу, ептен сум блиску до буквалното случување). Нема он намера да се замара и да губи време. А што, ќе го одбие и ќе му каже дека е одвратен гад? Ако, на нејзе една има миљон што чекаат со раширени нозе да ги шета со приватни јахти низ Егејот. Јас не знам имашливи младичи да имаат проблеми со жени од аспект пристапот до нив. Само машките уште се со утопијата во глава за оној брак/врска каде што она го сака, романтики, би дала живот за него, Дизни, дрн, дрн Милојче. За женско сето ова е само бизнис без пристрасност. Затоа се многу поуспешни тие во врските отколку машките, затоа што функционираат по принципот-се додека имам ќар од него, гледано од аспект пари, его билдање, регулирање на недостаток на секс (Да, на крајот они тебе а не ти нив те искористиле за секс)... или комбинација од овие 3 или повеќе работи, во зависност од која причина влегла со тебе во врска. Притоа ти си само основно средство и/или ситен инвентар-дилдо, кловнот Бозо кој ги забавља, дивиди плеерот, боксерската вреќа на која и се одмаздува за се што не успеала во претходната врска со бившиот и' вратар. Кога ти како основно средство почнуваш да стануваш непотребен како компјутер 286-ка, на првиот попис она те става во листата на отпис и ич не ја боли венерин брег за тебе. Пред да ми кажеш дека претерувам прво размисли. Колку врски знаеш каде што машкото и раскинало на девојката а колку обратно? Колку машки знаеш што после раскинот патетишале, се трескале од земја, се отчукавале секоја вечер и и плачеле на телефон во 3 сабајле да им се врати, а колку обратно? Ако се правиме будали, знам што ќе ми одговориш. И секако ниедно женско нема да ти го каже ова апла, дали рецимо знаеш ти некоја што изјавила на пример дека е спонзоруша? Затоа треба да им ја посматраш суптилноста. Таа суптилност тие ја имаат само бидејќи имаат осуда од општеството кое си има поставено некои морални принцпип. Во Прага на пример, жените немаат потреба ни од суптилност ни од глумење лудило, затоа што таму никој не се замара со тие морални принципи, и кога ќе ги ослободиш од прангите на моралот, честа и достоинството, кога ќе им дадеш слобода да прават што сакаат без да бидат вознемирувани или покажувани со прст, им го гледаш правото лице. Тоа општо за сите луѓе важи ама изненадно е како во такозвани слободарски средини трансформацијата кај жените е далеку порадикална. Тоа нажалост не чека и нас. На пример една од форумов тука изјави дека за неа не постоеле курви туку само проститутки и промискуитетни жени. Истата изјави дека сака децата да го носат нејзиното презиме. Секако дека беше дочекана на нож и со исмевање, меѓутоа само од мажи, а од жените не беше осудена, па дури и доби некои срамежливи лајкови што секако е показател дека утре се похрабро и похрабро и другите ќе истапуваат со вакви слични прогресивни идеи кои на долг пат го поткопуваат темелот на едно општество пред се удирајќи на фундаментот на едно општествено здружување-бракот. Еднаш дури и кажав дека нема да ме изненади ако за многу кратко време од сега некое машко изјави дека би му сметало ако неговата девојка имала минато како проститутка да биде одран од форумџиките како заостанат, машка свиња, шовинист а можеби дури и умоболен. Дали и колку претерувам ќе покаже времето. Ете по втор пат препорачувам рагледај ја темава
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-можете-да-бидете-во-љубовна-врска-со-човек-што-не-го-сакате.24860/

нарочито мислењата од последните неколку страни. Иако мислењата сеуште им се со добра доза на суптилност, притаеност и читање меѓу редови, за кое подоцна се изјаснив со пост, сепак истите тие мислења стануваат се поотворени и поочигледни. А момците и надаље си ги гушкаат своите принцезички кои ги сакаат нив и само нив, кои ќе им бидат верни за сва времена, ќе им родат деца и ќе ги сакаат до краја живота. Во меѓувреме девојките си го врзуваат страп-онот и не ни помислуваат да стават лубрикант кога ќе им го спопикаат усред сите нивни идеали и мечти.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Уживам во твоите постови кои како и секогаш се на место и пререални, а посебно кога успеваш и на вакви теми да ме пресмееш. :icon_lol::cuc:
Но ајде нешто да ти кажам и да те прашам.
Разгледувајќи ја темава наидов на мои две-три детски мислења. Првиот пат пишувам дека не постои вистинска љубов, вториот пат дека сум се премислила и постои.:facepalm: Да прочитав таква незрелост кај некој друг, веројатно ќе го заебавав сега.:oops: Се сеќавам зошто сум пишала и така и така. Вториот пат кога демек се премислив, пак испадна да се изгорам, а девојка сум нели, припадник на полот кој повеќе го критикуваш. Дадов се` што можев да дадам, сакав колку што можев, потрошив скапоцено долго време и пак завршив повредена, сама и на претходниот став дека нема вистинска љубов.
Не сакам ама ич да ги бранам девојките кои ти ги збориш често, но бидејќи воопшто немам никаква сличност со нив, би те прашала што со таквите како мене? Според тебе, има ли надеж за нас, ако воопшто признаваш исклучоци? Треба да прекинеме да веруваме во љубовта или секогаш да оставаме простор за наредно премислување?:)
 
В

Вештерот

Гостин
Бидејќи прв те испровоцирав е ред да ти одговорам.
За постот ќе ти речам само :cuc:
Темава ја видов
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-можете-да-бидете-во-љубовна-врска-со-човек-што-не-го-сакате.24860/
Откако ја прочитав и ги видов одгворите гледам дека и те како си во право за женскиот пол (повеќето).
Али за да е комплетно како поискусен и постар кажи уште како да ги препознаеме исклучоците. Во тоа е уметноста. И не те гњавам више :)
 
Златна, шта да кажем, шта да слажем сад, а да те не растужим, да ти бол не причиним (Џеј Рамадановски-Недеља 1991 г.). Мислам дека долго се знаеме, знаеш дека те сакам :love:, за да помислиш дека се што ќе пишам понатаму е злонамерно или навредливо. Јас само можам да нагаѓам (и ќе си ја земам слободата да нагаѓам) што се случило за да се заебеш два пати. Меѓутоа тоа што од самиот твој пост се гледа и каде што со голема сигурност се наѕира грешка е твојата пристрасност во случајот. Имено од самиот пост се обидуваш да ја префрлиш кривицата на друга страна а ти да се претставиш како колатерална жртва на пазарот. Иако лично го држам мислењето дека комуницирам со дама што во денешно време е реткост, и покрај тоа што знам дека имаш високи принципи и вредности тоа не значи дека си имуна на некои класични женски карактеристики. Прво вината барај ја во тебе. Без разлика што ти си била онаа страна со подебелиот крај, во твојата тогашна моментална неспособност да направиш реална проценка, веројатно заради целата таа емотивна внесеност во ситуацијата лежи главната причина. Знам, женско си, емотивна си меѓутоа има време за плодовите на сладострастието а тоа е откога ОБЈЕКТИВНО ќе процениш со каков човек си имаш работа. Се дотогаш чувај си емоции за фамилија и близок круг на пријатели. Затоа по малку ми се смешни оние кои кукаат дека после 7-8 години сфатиле дека девојка им е кучка или дечко им сака швалерај и оди по курви. Само некоја основна култура во тие моменти ми наложува да не им кажам-Ајде бе, колку треба да си глуп или будала да ти требаат 8 години да го сфатиш тоа. Чим не си укључил мозок не може друг да ти е крив... Ама па разбирам и хормони во глава, шта чу мајко кад волим њу. Трето јас сум доста сигурен дека ти и во двата случаеви ти си влегла во тие врски ама не си барала љубов иако си се лажела себеси тогаш (а можеби и сега) дека токму поради тоа си влетала во тие врски. Причината била друга. Познавајќи те добро со голема убеденост можам да кажам дека тоа не биле пари, превари или слични нискости меѓутоа не било љубов. Дали во тој момент си била многу очајна и осамена па седејќи на шанкот дошол некој да ти запали цигара и со 2-3 муабети ти се нашол во дадениот момент, или некој многу упорен те замарал многу па ти си мислела дека ја заслужува таа награда да му дадеш шанса или некој познаник кој го знаеш бил во ранлива позиција па ти се пробудила таа генетска мајчинска предиспозиција да го утешиш и негуваш или некоја сосем 3-та или 4-та или 5-та ситуација, тоа не можам со сигурност да кажам. Битно ти не си стапила во тие врски барајќи љубов, и ако си обејктивна како што те памтам и ако добро те служи меморијата да се навратиш на тие 2 ситуации и ако објективно изреализираш со следната твоја реплика ќе ми пишеш дека стварно било така. Иако оставам простор да грешам и секако дека ќе поверувам што и да ми вратиш сепак сум прилично сигурен во оваа моја теза. А секогаш го добиваш тоа што го бараш. Ти во тој момент си ја добила и утехата и си ја дала заслугата, и си ја исполнила улогата на утешителка-негувателка и тоа ти дало некоја сатисфакција дека нешто вредиш ама бидејќи не си влегла со цел стабилна врска и љубов иако си се лажеш себе дека тоа е мотивот, не си го добила тоа. Жените имаат некои ептен глупи критеруими на кога можеш да и влезеш. Пример мене девојка ми се свиѓа и во 9 сабајле и во 3 наутро и трезен и пијан. А на икс девојка ако и дошла другарка и од Австралија што најмногу ја сака, истиот ден мајка и и го купила фустанот што долго време го сакала, излегла во град и се погодило друштвото таму, музиката и атмосферата одлични, адреналинот висок, во тие моменти секој рандом дегенрик малце од малце да личи на нешто и да успее да врзе 2-3 селски фрази ќе ја фати. А од друга страна ако она има добиено, се скарала со мајка и некој тип и дојде полусрамежливо ќе го одјебе како куче иако ако и покрај сите лоши моменти го одбрала вториот а и покрај сите добри го отфрлила првиот ќе ја направела добрата одлука. Следен пат влези со разум, барајќи љубов. Остави да помине време и снимај ситуација. Посматрај го, нема да ти треба многу време да го разоткриеш, мажите се дудуци во глумење, манипулирање, заебавање. Ако е се во ред олабави се и концентрирај се на тоа да фрчат блажоини и оргазми :). Не ја прави грешката бркајќи алфа мажјаци, арогантни копуци кои знам дека импонираат кај жени затоа што можат да ја истепаат цела кафана а тоа дава сигрурност, тргни очај, тргни осаменост, тргни пристрасност па влези. Не се фаќај за ситници ама па и не буткај кога не иде. Модификации и жртви треба се додека не преоѓаат црвена зона, над тоа веќе ти го губиш идентитеот како единка и не си ти ти.
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.998
Поени од реакции
24.457
Бидејќи прв те испровоцирав е ред да ти одговорам.
За постот ќе ти речам само :cuc:
Темава ја видов
http://forum.kajgana.com/threads/Дали-можете-да-бидете-во-љубовна-врска-со-човек-што-не-го-сакате.24860/
Откако ја прочитав и ги видов одгворите гледам дека и те како си во право за женскиот пол (повеќето).
Али за да е комплетно како поискусен и постар кажи уште како да ги препознаеме исклучоците. Во тоа е уметноста. И не те гњавам више :)
Не ме гњавиш ич, да ме гњавеше немаше да ти реплицирам без гајле. Не знам точно за какви исклучоци ми збориш. Пазарот си ги дефинира условите. Меѓутоа ќе претпоставам на што мислиш под исклучоци и ќе ти одговорам соодветно иако мислам дека нема да ти се допадне тоа што ќе ти го кажам. Сакаш посветена женска која ќе биде со тебе, ќе те прати, ќе те чува, ќе гледа да си среќен и задоволен? Прво погледни се ти во огледало и оцени се. После тоа барај ја во резервите на клупата. Обично таквите профили на девојки се понеубавите, понесакуваните, понеатрактивните, што не се во миничи и деколтеа, што се обично без самодоверба и со проблеми во социјализацијата. Гледај да бидеш материјално, по социјален статус и по убавина повисоко од неа. Жените се паметни на тема љубов и секс. Она одма ќе сфати дека ваква прилика и иде еднаш и никад више, ќе направи се за да те задржи, ќе те гледа како Тито. Позицијата и моќта ќе претежнуваат на твоја страна ти ќе ја имаш контролата и ќе ја добиеш посакувана почит и статус во нејзини очи. Ти добиваш стабилна врска исполнета со љубов, а она нема да знае главата кај и е од овој џек пот. И биди свесен, биди многу свесен дека ако ти беше многу класи испод ова што си сега, дека од истата таа ќе беше исшиканиран по кратка постапка. Исто така биди сигурен дека тоа го сакаш од една врска. Да не ти се случи после дека бившата ти била тешка кучка ама барем ти го дигала и во џемпери облечена а оваа ја сексаш со пола ќејф и дека во моментот пре би сакал згодна кучка отколку незгодна а посветена девојка. Исто така биди свесен дека ако си глуп ќе ги изгубиш добрите позиции без разлика што во кај тебе е предноста. И не ја прави катастрофална грешка што секое второ машко ја прави. Значи она не ти е најдобар другар, она нема да загине за тебе, нејзе ти како единка не и значиш ништо, и во секое време си заменлив (освен ако не си класи над неа како што пишав). За чест, почит, за братство за некому да му довериш и дискреција и пари и се, да ти помогне кога ти е најтешко тука ти се фамилијата и другарите (ако си знаел правилно да ги одбереш овие вториве). Она најверојатно прва прилика да начека бољи јебо од тебе ќе те шутне пред да трепнеш. Затоа не се глупирај да си запоставиш или не дај Боже скараш со друштво и фамилија заради неа. Никогаш. Секако дека постојат исклучоци кога фамилијата ти е крајно неразбрана а девојка ти крајно вредна кога треба да избалансираш меѓутоа тоа е толку ретко што веројатноста да се случи е многу мала.
 
SayWhaat!?

олимпион
Член од
11 јуни 2011
Мислења
109
Поени од реакции
34

во кратки црти .- Пријателе не им верувај на жените!
 
В

Вештерот

Гостин
Sussaro
Знам дека ќе звучам како партиски послушник кој само ја потврдува вистинитоста и длабочината на изјавата на големиот лидер. Ј... га не иде поинаку. Да ти противречам не можам пошто немам повеќе аргументи кои би ги употребил. Плус тоа што напиша е добра заштита пред искористување (значи да не бидеш искористен и понижен, а да си од друга страна доста опуштен)
Претпоставка за исклучокот е доста добра.
Интересно е како со аналогија на концептот на понуда и побарувачка се доаѓа до корисни заклучоци и на ова поле од животот. Едниствената забелешка ми е следново. Мислам дека ќе се сложиш дека проблемот со концептот на понуда и побарувачка е што всушност се се сведува на мерење моќ и суптилно изнудување. Или си повисоко во хиерархијата и суптилно изнудуваш (купуваш) работи или си долу и си безгласна буква и робуваш на изнудувачот (тој што ја има моќта, парите или убавината). И всушност никогаш не знаеш дали она само ти прави лице затоа што ти си со повисока цена или пак навистина те сака. И замисли си она да е во ред и да не злобна и навистина да те сака, а ти ја гледаш низ брутална капиталистичка призма (ouch). А и да живееш заедно со роб или тиранин не е баш најпријатно. А друг избор во денешно време изгледа и немаме или роб или суптилен тиранин. Решението е можеби една здрава (=мала) доза на спонтаност и нерационалност.
 
Ретко што не се сведува на моќ и суптилно изнудување, освен фамилија и другари. Се разбира дека има случаеви кога и родена сестра ќе те заебе, и најдобриот другар ќе се швалериса со девојка ти. И тоа има. Меѓутоа во тој случај тие не ти се фамилија (освен генетски) и тој не ти е другар. И од двајцата можеш да се откажеш од првите можеш и официјално во Службен Весник. Со исклучок на овие ситуации кои рака на срце и не се до толку ретки, фамилијата и другарите ти се најблиску нешто до оној само теоретски модел на така да го крстам-Најчист однос. Како што и злато максимум достигнува до (ако не се лажам) 99% чистота така таму ќе го бараш тој однос. Кај женско освен мајка, сестра, баба и некоја ептен пристрасна кон тебе вујна, стрина не барај чистота. Нарочито не кај девојка ти. Кажав за нив е ова бизнис. Машкото пак од друга страна научен со другари и фамилија на принципот реципроцитет, на чест со чест, на почит со почит, мисли дека ако ја чешла девојка му и она ќе го чешла него. Девојките од друга страна само тоа го чекаат. Те приметат ли дека ги чешлаш и дека ти е стало до нив тегот претежнува на нивна страна. И секако нема да испуштат прилика максимално да го исцицаат моментот без притоа да те ебнат 2% што ти мислиш и осеќаш, ти кажав ти си за нив само алат, додека има од тебе ќар ќе те користи, ако отупиш скроз ќе купат нов. Решението е можеби една здрава (=мала) доза на спонтаност и нерационалност. На крај реченицата ти е како женско да ја пишувал со дипломатска естетика и шминка. Јас ќе ја преведам на мој начин-селски и дирекно. Решението е да се лажеш и да се ебеш сам себе во мозок и да живееш во игнорантност ама само малце дека си во Дизниленд. Е сега има некои до толку претеруваат со таа дрога што да им покажеш видео снимка од девојка му како се плеска со други он пак ќе ти каже дека ти си злобниот, дека си му љубоморен, дека си ја монтирал снимката само за он да се осеќа мизерно а ти посреќно. Бедотии. Не збориме само за наивни и глупи луѓе. Збориме и за амбасадори, доктори на науки, хирурзи лидери на држави кои се полни со тестостерон, самоувереност и ароганција, на кои сите им се тресат, е истите тие дома не смеат да им писнат на женичките. До толку е голема таа вагинална моќ. Сите тие се лажат дека имаат достоен животен партнер кој никогаш нема да ги напушти, извара, заебе. Ако не се лажеш нема да бидеш среќен, работите ќе ти бидат какви што реално и се-пазар, понуда, побарувачка и силите што ги движат нив. Луѓето не го сакаат тоа сивило, надежта дека ружи ќе процветаат е втемелена во скоро секој, што мислиш зошто Бранковци, Гуевци, Љубчовци не подјебаваат толку време? Затоа подлажни се малку за да бидеш задоволен. Само што со подлажнувањето е како и дрогата. Малце ќе се подлажнеш, убаво ќе ти дојде, па уште еднаш сакаш, па се поголема и поголема доза зимаш за уште поубаво да ти биде, за на крај да ти извдат како што кажав снимка како те вара а ти да одрекуваш.
Ќе ти раскажам една вистинска приказна која се надевам дека ќе ти биде интересна. Има една што ја знам, не ми е баш пријателка, туку ја знам, едно време сплет на околности и заеднички другари се дружевме повеќе. Она беше јака пичка, и под јака не подразбирам да може да го победи Шварценегер на рака гурање. Значи цицки, гз, тело, фаца се на неа беше порно. Кога ќе подразмислам дури и сега доста солидно се држи. Она беше доста барана на пазарот. Не замарање, не каде и да излезевме и се ставаа по 200 души, не пораки, и-мејлови, месинџери (оти немаше тогаш фејсбук). Нормално она си ја знаеше позицијата и моќта што ја имаше и максимално си ја искористи. Се изнаживеа со такви ниски страсти, и направи толку неморални работи на тема мажи што спонзорушењето не беше ни во листата на топ 3 најстрашни. Е арно ама две битни работи се случија: под а) она подостаре малце а други помлади и позгодни дојдоа на пазарот и под б) почнаа веќе да ја зборат на велико. Дури и другари од други друштва ме застануваа и ми викаа-Еј нели ти се дружеше со таа, знаеш ли што? Знам, знам, ќе им кажев и ќе одмавнев со раката.
Парт 2 од приказната. Она имаше еден другар уште од тинејџерски дани, ок типац, културен, фин, на место дете. Он неа многу ја сакаше, ама пошто не е сељак и настапи многу отворено, наивно и заљубено она уште од старт го френдзонираше. Он продолжи да ја сака, она продолжи со нејзините вагинални екскурзии. Секако он знаеше за сето тоа бидејќи ја прифати френд-зоната и улогата да и биде најдобар другар само за да биде блиску до неа. Кога факторите а) и б) опишани погоре допринесоа нејзниата цена на пазарот драстично да падне, и кога амортизацијата на нејзините цицки, тело, гз и општо изглед тропнаа на врата она се најде во непријатна позиција на непосакувана+озогласена. Сфати дека и завршија 5-те минути и сега треба да се снајде за што понатаму. Секако дека не ме изненади кога дознав дека се заедно, 2-3 пати дури и се видов на кафе со нив, делуваа многу среќно заедно. А и како не би биле, он свесно или несвесно е глуп и се лаже себе, или па можеби и воопшто не му смета се што се беше случило. Битно на крајот тој дојде до девојката која ја сакаше толку време, и мислам дека ништо друго не му е поважно. Она па од друга страна си ја изнаживеа младоста, и на крај си заврши со ептен стабилен тип кој ќе ја гледа како кинеска краљица (Јовица Михајловски a.k.a. Чичко Кумплунг-Самоуништување). Сите среќни, сите весели, сите задоволни. Е сега како се спанџале на крај не знам, ама можам у иљадарче да се кладам дека она му подметнала некоја јадица со мамка, а на овој толку му требало. Ете видиш, не е се така црно :icon_lol: .
Разочарани сепак ќе останат сите нејзини фанови кои не им успеа да допрат до неа. Тоа е оној жалниот дел од приказната за која своевремено на почетокот на 90-тете големиот Македонски музички великан Кристијан Габроски алијас Ристо Бомбата ќе напише една мошне трогателна балада, со текст кој те дира во срце, посветена токму на тие напатени душички кои никако да стигнат до јаката фуфица. Топло ти препорачувам да ја изгледаш и спотот и песната и текстот се сплотени во перфекција и ремек дело.

Ќе завршам со цитат што Мајкл Даглас во култната улога на Гордон Геко во уште покултниот филм Вол Стрит (ќецот) и го кажа на Дерил Хана кога ја шеташе низ њујоршките друмови.
You and I are the same, Darien. We are smart enough not to buy in to the oldest myth running; love. Fiction created by people to keep them from jumping out of windows.
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Златна, шта да кажем, шта да слажем сад, а да те не растужим, да ти бол не причиним (Џеј Рамадановски-Недеља 1991 г.). Мислам дека долго се знаеме, знаеш дека те сакам :love:, за да помислиш дека се што ќе пишам понатаму е злонамерно или навредливо. Јас само можам да нагаѓам (и ќе си ја земам слободата да нагаѓам) што се случило за да се заебеш два пати.
Токму затоа што долго се знаеме и ти знаеш дека и јас ми те сакам и знаеш дека побарав одговор без устручавање. Јас секогаш те разбирам токму како што треба, а бидејќи тоа толку лесно ми оди, не знам како некои луѓе не го можат истото.:confused:
Од тоа што нагаѓаше, доста погоди. Ме стави во мисли, се навратив на некои ситуации и ги загледав од друг агол и ете ме натера да сфатам дека не си далеку од вистината со некои од примерите. Од сето тоа ми изгледа дека сум некој хуманитарец и кога се работи за врски, па ете видиш, секако никој друг не ми е крив што сум била повредена многу пати. Јас тоа никогаш не сум го негирала т.е. секогаш барам вина и во себе, но во интерес на времето и интимата, морав накратко да чкртнам.
На страна деталите од мојот приватен живот, мило ми е што сепак наѕирнав некој оптимизам во твојот пост, во врска со вистинската љубов. Само тоа го барав нели, а добив многу повеќе. Ти благодарам на вниманието и одвоеното време. Бидејќи многу ми значи - должник сум ти.;)

п.с. Оти бе нема смајли кисченекакво? Е мамата... :)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
“True love is taking the risk that it won't be a happily-ever-after. True love is joining hands with the man who loves you for who you are, and saying, "I'm not afraid to believe in you.”

Ете како јас ја препознавам:love::love::love:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom