Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не го земам тоа за зло, почитувам секаква игра и тактика. Имаш право. Ама прашај ги Барселона дали можеа да играат со нас...
Абе ние паркиравме автобус но ниту еден наш играч не влезе крвнички против некој играч на Барса,тоа со глупоста на Тери не се рачуна додека Стоук доста играат остро затоа ми се одбивни како екипа.
 
Играва денес ке ја опишам со 1 збор - ОЧАЈ

Не сакам вакви победи,сакам сигурна игра и доминација 90минути со вакви второкласни екипи и верувам дека повеќето ке се согласат со мене..
Супер е тоа што имавме голема среќа денес инаку можеше и со 0 бодови да завршиме после натпреваров..
 
Не претерувајте, далеку е ова од очај. Реално. Еее другиве фанови на екипи и кога играат мизерно, викаат дека се е океј и дека битна е победата.
Потребни се и вакви победи, против вакви екипи. Потребни се победи. Ако сакате игра за око, гледајте ја Барселона. Или Арсенал. Не сте од вчера мајку му, па да кукаме за игра.

Со Анчелоти да не игравме нешто на гз да паднеш, или со Мурињо? Не, али победувавме и освојувавме. Лани да не игравме нешто посебно? Не, али освоивме ФА КУП и ЛШ. Затоа, олабавете се малку... добро е.
 
Абе супер е со лоша игра да победиш на крај, нека има што повеќе такви натпревари. Ама ако победуваме неколку натпревари по ред, па ај овој не сме играле добро ама сепак сме земале три бода. А ние веќе 4 натпревари не играме добро, така да мора да се поправи играта.
 
Него слободно може Тери и Микел да му ги чистат копачките на Кејхил.
 
Ај што реков пошироко малце да пишам.

Се знаеше дека ваков ќе биде мечот. Мене искрено и ми се свиѓа играта.Единствено лошо нешто е што немаме напаѓач.Торес не знам што правеше денеска ама не беше напаѓач тоа сигурно.Мозес и Оскар денеска ме бендисаа посебно за разлика од претходните мечеви (иако Оскар даде 2 гола со Јуве беше незабележителен).Ама нормално е вака да се игра со екипа како Стоук.Вистински тест ќе ни биде мечот со Арсенал.
За со Арсенал јас би играл напред со Хаз-Мата-Мозес и напад Стариџ.Само штета што Стариџ нема да биде match fit односно ќе му фали минутажа.
Во Вторник играме К1Куп и таму ќе биде добро Марин,Ромеу,Азпи да добијат шанса во прв тим.Може и Торес да игра прв тим да даде гол против рандом екипа како лани што даде 2 гола па му се врати самодовербата.
И башка ако игра Торес во Вторник така може полесно да биде ставен во клупа со Арсенал без да се налути т.е. има оправдување РДМ демек Торес ќе биде преморен.
Исто во вторник сакам да игра Оскар за да не игра со Арсенал.Се гледа дека е добар и баш таков играч ни фалеше ама со Арсенал ни треба некој поснажен т.е. Мозес кој што денеска покрај Ивановиќ беше единствен што личеше на напаѓач.

Значи не е се така црно како што вие гледате.
Шампиони на европа сме,прво место ЕПЛ,немаме пораз (а само 1 нерешено) во ЕПЛ само на 1 меч имаме примено гол.Утре конкурентите играат меѓу себе.
Инаку најдобри стрелци во ЕПЛ во Челзи се: Ивановиќ,Лампард,ТОРЕС . А најдобар стрелец во сите конкуренции за Челзи сезонава е Торес.

Дека Торес денеска беше дрво беше.Ама дека уште си стојам на зборот дека сите ќе се молите во него сезонава си стојам.
--- надополнето: 22 септември 2012 во 19:17 ---
Следните натпревари за Челзи во ЕПЛ:

Arsenal (A)
Norwich (H)-
Tottenham Hotspur (A)
Man UTD (H)

Swansea (A)
Liverpool (H)
WBA (A)
Man City (H)

од можни 24 поени очекувам околу 18
П.С. Сликава
603346_10151111054904635_1171760416_n.jpg
:love:
 
Аирлија нов договор за Луиз.
Инаку, честито нека ни е победата, мечот брзо ќе го заборавиме, битно си ги впишавме трите бода. Но, за понатаму мора да се подобри играта. Играме добро до некои си 20 метри од противничкиот гол, и понекогаш тука фали некој завршен пас, некој да се извлече па да има топка во празно и слично. Имавме и малце среќа што не губевме кога Волтерс ја стресе пречката.
 
Страшно добар дуел. Но и натаму основата е лабава, т.е. нема енергичност, то мора да се попрај.

Торес пак клоци. Со ова мислам на клоца одназад од секој член на тимот по ред, не за клоца од клубот.
 
Во вторник би било добро вака нешто:

Турнбул​
Азпи - Чалоба - Кејхил - Бертранд​
Ромеу - Оскар​
Мозес - Пиазон - Марин​
Бамфорд​
 
Играва денес ке ја опишам со 1 збор - ОЧАЈ

Не сакам вакви победи,сакам сигурна игра и доминација 90минути со вакви второкласни екипи и верувам дека повеќето ке се согласат со мене..
Супер е тоа што имавме голема среќа денес инаку можеше и со 0 бодови да завршиме после натпреваров..

Си гледал во последно некој друг тим да го млати Stoke, ама она да ги пердашат низ терен? Не? Така и си мислев.

Играта беше добра, прв пат стартуваа Мата, Оскар и Хазард заедно, па нормално дека нема одма да прават чуда, ама за прв пат беше добро. Битно победивме.
 
Во вторник би било добро вака нешто:

Турнбул​
Азпи - Чалоба - Кејхил - Бертранд​
Ромеу - Оскар​
Мозес - Пиазон - Марин​
Бамфорд​
Чалоба е у Ватфорд на позајмица :)
Не знам дали може да игра Бамфорд али и да може не ми се верува дека ќе игра иако би сакал да го видам.
И јас би сакал да го видам тимов горе-доле :)
--- надополнето: 22 септември 2012 во 21:11 ---
Потпишување договор like a boss
527280_492429040776391_799292055_n.jpg
 
За со волците ако е спремен Стариџ треба да почне и да му покаже на РДМ дека може да игра во први 11.
Лукаку (y)
 
Во вторник би било добро вака нешто:

Турнбул​
Азпи - Чалоба - Кејхил - Бертранд​
Ромеу - Оскар​
Мозес - Пиазон - Марин​
Бамфорд​
Кај е Стуриџ?

Инаку, место Чалоба оди Луиз или Тери. Место Оскар оди Лампард или Рамирес. Место Марин оди Бертранд. Место Бертранд оди Кол. Стариџ место Бамфорд кој и да е тој.
Така веќе би било нешто шо има смисла, ова твоево ме потсетува од мојте менаџер-состави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom