Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Не збориш реално и е хејт.
Прво и основно, Жоао сезонава не се наоѓа ни пола од шансите во кои се наоѓаше Џексон лани затоа што играме многу различно од лани, играта сезонава ни е највеќе преку крила и брзи проигрување додека лани со Палмер имавме друга игра кај што се играше повеќе преку центар и со Џексон си правеа многу шанси.
Палмер се мачи со повреди цела сезона, Делап исто и Жоао е ставен на позиција 9ка само на хартија а во реалност игра напаѓач од сенка па би рекол и 10ка кај што стално се враќа да игра link up со крилава или да изнесе топка и со оглед на тоа колку употребливи топки добива во 16ник и колку често таму се наоѓа, финишто му е баш добар, Енцо се најде во повеќе гол шанси отколку он баш поради ова. Затоа овој хејт не сакам да го читам нити оправдувам.

А за Џексон пак ќе кажам, Роналдо 9ка дебелиот е.
 
Каков пањ е овој Бадијашил од сите можни места на теренот да ја избаци топката он успеа да ја намести на противнички играч на зицер и тоа не еднаш два пати за краток период.
Ужасен играч.

За голот исто заспаа штоперите стојат далеку еден од друг, лошо позиционирање.

Џорџ и Гиу изгледа се завршени приказни во Челзи.



Како и да е добро е што поминавме даље чисто вториов состав да држи ритам.
 



Ама за нас не е доволно добар :toe:
Не верувам да има многу во позадина на ова. Ова се игри на Мендеш да осигура добар договор и процент за Мареска на кого столчето му се ниша.
Далеку е Мареска од Пеп, ова го зборам најобјективно што можам.
 
Не ама не знаете вие Гвардиола му го фрлил пикот на Мареска. Тука се секако да да да по квалитетите :D

Нема константност под Мареска, иако игра добар фудбал. Лош е и со дисциплина.



Според мене разликата дали си мид тајбл тим и тим што се бори за врвот е способноста да ги тепаш екипите како Њукасл, Тотенхем, Сандерленд, Брајтон, Палас и тн. Секоја година се менуваат. За жал тимов е во тој кош на екипи и нема да биде во врвот. Очекував топ4 сезона ама како е тргнато 5-6 ќе биде успех.
 
Константност, пак ја немаме, истата приказна како и прошла сезона. Мареска мора сериозно да седне и да размисли како ќе го среди ова, дали со тренинзи, дали со мотивација и седнување играчи што играат неконстантно ама ако сака да биде сериозен менаџер, мора да го среди ова.
Утакмицава не ја препишувам на него, играчиве се премногу лабави и кур ми е двор ми е во голем дел од мечевите само што некад имаме идеја и решителност од старт да тргнеме добро и тогаш не е впепачтливо.
Најголема кривица за оваа неконстансност и вакви резултати ја гледам во Мареска како тренер и во дебилите од Управа кои се решија да фрлаат пари на бескорисни играчи играчи како Гарначо и Гитенс место да земат сериозни засилувања во одбрана, особено после повредата на Колвил.
Чалоба и Густо ротираат и стално добиваат шанса ама не се Челзи материјал, нити некад ќе бидат. Тосин, Бадиашил не сакам ни да ги коментира, што подалеку од Челзи.

Џејмс, Џејмс, каков играч мајко мила, вистински капитен и лидер, следниот дрес ми е од него дефинитивно, генерациски играч, не се сеќам дека сме имале подобар РБ или играч од одбрана како него, а со вакви партии како денес се цементира полека, полека својот статус како ГОАТ во тимот на РБ, а пази сме играле страшни играчи таму и Бране и Азпи ама Џејмс е светска класа.

Уште ви е бољи Џексон од Педро бајовци? Да има бољи инструкции од Мареска да игра како 9ка ќе има многу, многу бољи статс, денес извади гол од нигде.
За Санчез еве официјално ќе кажам дека ги повлекувам и јавно се извинувам за сите лајнарии што ги имам изедено, да знае да направи срање, не викам не, со мозокот знае да биде во аут ама сезонава ни вади газ многу, прерасна во исклучително битен за тимот и башка е одличен тимски играч, ги мотивира, збори, организира, прв се бори за соиграчите и расправа, капа доле мајсторе, после сите критики, наведна глава и вредно работи на себе.
 
Нерешно само поради Џејмс. Само поради него ја догледав до крај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom