Бразил, Нејмар...прејаки!
Не знам дали е до мене, ама ептен ми иде дриблањево на оваа верзија. Ако ги научиш Лавеци, Нејмар или Меси, кај ќе ти биде крајот.
Добрата работа е што иако сите 3-ца се перфектни дриблери, сепак секој има свој стил кој прво треба да го научиш. На Фифа, да речеме, исти курац се сите јаки дриблери, научи еден, ги владееш сите.
Овде, најлесен за почетниците е дефинитивно Лавеци. Топката му се лепи за нога, дури и кога држите спринт. Нагло менување на правци - check.
Меси е нешто потежок заради неверојатната брзина која ја има. Треба однапред да планирате што сакате, не може секој да ја контролира таа брзина. Значи, ви требаат добри рефлекси. И користење на R2.
Нејмар е најтежок од тројцава, бидејќи бара бестрашна игра. Дечкото може да влезе во дуел и да искочи оддеднаш 10 метри пред сите. Најдобрата финта на Нејмар е истовремето притискање на R1 + R2 додека тргате. Ја пушта топката на 5 метри од него и шиба пред сите. Само, ептен вежбање треба за ова. На пример, мене ми успеа да ја пуштам топката од една страна, а да претрчам од другата. Нешто слично на потегот на Бергкамп.