Prometheus / Alien: Covenant

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Тешко дека е добар наследник на елиен . Времето кога елиен е представен е сосема друго и по однос на содржината и по однос на ефектите . Од тогаш навака имаме многу содржински добри СФ филмови исто како и технолошки совршени . Прометеј е во многу работи лоша копија со превземени делови од Елиен и повеќето кои го гледале денес а го имаат гледано Елиен веројатно не се многу воодушевени .
Ако се работело за навраќање на предходното слученото( пред Елиен ) и тоа ако го посматраме како моно дело или трилогија (потенцијална во која ќе следат делови понатаму ) сепак е лошо сработен затоа што нема нови креативни моменти кои те држат и кои ќе те натераат да следиш и понатаму .
Чорба од концепт е тоа навраќање наназад што се сретнува во доста сф филмови како стар трек и ако не се сработи добро со нови моменти ,добивам впечаток дека Ридли нема што ново да каже па си се ископирал себеси во недостаток на квалитетна идеја .
Всушност и во последно време нема богзнае какви изненадувања кои те оставаат без здив . Нешто како да ги фатила летаргија па копираат , преработуваат и прават копија на копија во ново руво и со ПС а ШУПЛИВО СОДРЖИНСКИ.
Тоа е тоа. Чиста копија, само ќе мора да почекаме да излезе вториот дел за да се даде целосен заклучок, нормално во овој случај крајот не ни е познат.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.248
Ве читам ама не ме убедувате, имате некакви полу-аргументи и сковани реченици без некакво конкретно значење. Мислам извинете ама сеуште не прочитав некој конкретен аргумент зошто филмот е тотална утка како што повеќето викате дека е.

Не знам како го доживувате Прометеус, како приквел, римејк на старите филмови или што знам... јас на овие филмови им дадов мој термин - Alternative Prequel. Таков филм е исто и Rise of The Planet of Apes. Дејствието му е сместено пред почетокот на оригиналот, сепак ќе оди по нова линија. Како и да е не се замарам со тоа. Елиен си е Елиен, ова е само освежување на истата тема и така го доживувам.
Од кој аспект филмот треба да е утка ?
Приказната ко приказна е добра, тоа од кое ја сум изиритиран е фактот што потенцијалот кој овој филм го поседуваше не е искористен, според мене воопшто не е искористен а најголем дел од вината лежи во смешното сценарио и дел од сцените кои ги спомнав ... повторувам, ДЕЛ од сцените кои ги спомнав.Тебе ако ти е ок еден биолог, уште еднаш повторувам, БИОЛОГ, да бега од нешто што всушност за неговата професија е револуционерно откритие за да подоцна истиот кон нешто вонземско се понаша ко да е маче, мене лично, ми е дебилно, поготово за филм на Ридли, и тоа го окарактеризирам ко голем пропуст кој филмов не смееше да си го дозволи, без разлика дали тој лик бил 20мин дел од филмот, или 5, сеедно. Ова класичен автогол, ова може да го вметне само човек кој всушност поим нема каква професија е ова, во минус да е навлезен со информациите за оваа професија.

Еве и уште една сцена ќе посочам, кога Eлизабет се оперираше за да го извади тоа створењето од себе, после таков зафат она нема да е способна од кревет да стане неколку дена ( сечење и копање во абдоменот ), а не да трча и да биде до тој степен агилна, ова знам дека е споменато уз фактот што типката донесе вонземско суштество на бродот, а при еден таков проект и употреба на таква машина за операција ( како што разбрав, истата била огромен пробив во медицината и реткост на планетата Земја, па голема привилегија било тоа што е вметната во Прометеус ), стварно апсурдно ми беше никој за истото да не знае и да не провери што уствари се десило таму ( луѓето што ја разбудија Елизабет не беа мртви, али уз клише моментот, удрени и онесвестени на неодредено), поготово поради фактот што мажот на Елизабет беше убиен зашто беше изложен на инфекција и не смееше да биде внесен во бродот. За мене ова е катастрофално и избрзано, сигурно постоела некоја друга импровизација во сценариото за да ете биде внесено сушстеството во бродот чија цел на крајот сите видовме која беше.

Филмот нуди само прашања без никаков конкретен одговор а истите треба да дојдат за минимум 2 до 3 години, ова според мене е уште една утка, затоа реков, филмот е добар за прва епизода од некоја серија со потенцијал да биде одлична па и да биде со epic размери. Убаво рече џимеј погоре, на Линделоф не требаа да му дадат да го пишува сценариово за филмов, овој проект всушност нема фалинки ко што многу гледам пишуваат по нетов, има еден вишок од старт, а истиот се вика Дејмон Линделоф.

Уште еднаш ќе кажам, факторот Ридли многу влијае кај оние кои се обидуваат да го исперат филмот од калта во која длабоко навлезе, да беше некој друг режисер, ко Финчер со Елиен тројката, човек кој тогаш не беше експониран многу во филмскиот свет, филмот ќе наидеше на далеку поостри критики од оние кои сега беа приложени во јавноста од филмските критичари.

И ја оставам еден мал простор за демант со наредниот филм, односно филмови нормално едвај чекам истите проекти да бидат реализирани без разлика на она што го мислам за Прометеус, ама размакот од овој до следниот проект е огромен и после ваков приквел не смееа да си дозволат толкава временска разлика ( која може да биде и уште поголема ).
 
Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Мене највише ме изнервира филмот кога го разбудија тој “креаторот“ и он ни две ни три него ги зашамара сите ги изрита без збор да каже. И он бил некој супериорен вид како па да не, ксеноморфите па се по интелигентни од него. И на крај тој креаторот ист серко што умре у пиче си мамино тамо наместо да умре на стол каде што го најдоа во Алиен
Не ми се свиѓа филмот и нема никаква смисла.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432

Биологот та биологот. Може преку Тасета му било. Може не си ја сака професијата ко милиони други луѓе. Може само пари го интересираат. Може му фали женска му. Знаеш до кога можам вака? :)

После тој зафат нема да може да мрдне, во 2012. Финтата со Сај Фај е дека во иднина ќе бидат можни работи кои денес не се. Што ако му се навртевме на Стар Трек за направата за храна која никогаш нема да биде измислена. Или за докторите што ги лечат пациентите со некакво ласерче. Ај да му се навртиме и да го отераме у три лепе затоа што сите тие работи се невозможни. И ховербордот на Мајкл Џ Фокс е невозможен па ете тој го возеше а сите ние ќе го сањаме. На Оливија во Фринџ и свирнаа метак во глава па го извади. Јас брмчев за тоа ама другите немаа против. Тоа е Сај Фај. Ја пушташ фантазијата да работи и си свиркаш.

Линделоф и ја го мразам. Џубре. :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Филмов беше пун клишеа искрено почна и да ми се приспива на моменти.На секој 10 минути по една да гледаш ќе знаеш што ќе се деси во другите 9.

Никаква неизвесност,ништо.Единственото што ми остави впечаток беа пејсажите и тоа е тоа.

И не разбирам што беше финтата што сите мораа да му го спуштаат на роботот.Од прва до последна минута секој дијалог со него содржеше дека не е човек и нема душа.

.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Мене највише ме изнервира филмот кога го разбудија тој “креаторот“ и он ни две ни три него ги зашамара сите ги изрита без збор да каже. И он бил некој супериорен вид како па да не, ксеноморфите па се по интелигентни од него. И на крај тој креаторот ист серко што умре у пиче си мамино тамо наместо да умре на стол каде што го најдоа во Алиен
Не ми се свиѓа филмот и нема никаква смисла.
Prometeus се случува на LV-223, Alien на LV-426.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.968
Поени од реакции
45.248
Биологот та биологот. Може преку Тасета му било. Може не си ја сака професијата ко милиони други луѓе. Може само пари го интересираат. Може му фали женска му. Знаеш до кога можам вака? :)

После тој зафат нема да може да мрдне, во 2012. Финтата со Сај Фај е дека во иднина ќе бидат можни работи кои денес не се. Што ако му се навртевме на Стар Трек за направата за храна која никогаш нема да биде измислена. Или за докторите што ги лечат пациентите со некакво ласерче. Ај да му се навртиме и да го отераме у три лепе затоа што сите тие работи се невозможни. И ховербордот на Мајкл Џ Фокс е невозможен па ете тој го возеше а сите ние ќе го сањаме. На Оливија во Фринџ и свирнаа метак во глава па го извади. Јас брмчев за тоа ама другите немаа против. Тоа е Сај Фај. Ја пушташ фантазијата да работи и си свиркаш.

Линделоф и ја го мразам. Џубре. :)
Добро, ако одиме по таа логика, за секој филм можеме истиов муабет да го водиме и секое просечно филмче да го величиме до небо само ради фактот што до утре можеме да го тераме муабетот, ама може ова, може она, фактите се следни, они го претставија него ко кукавица, за да наеднаш, кон нешто вонзмеско се понаша ко да е негово милениче, фантастичен прелаз, а тоа е она кое ја го критикувам најмногу, ок, биолог е а бега од нешто револуционерно за негова професија, каде може да пишува историја, нејсе, терај така со него до крај па макар и го расчеречат на 2 дела, а не наеднаш на нешто одвратно, непознато, во облик на змија, да се понаша на таков малоумен начин.

За зафатот, ќе се согласев да не се виткаше Елизабет поради болките, чим тие егзистираат, после ваков зафат, нема мрдање, ок, дефакто, нема трчање и нема простор за таква агилност, но и тоа еве да го тргнеме на страна бидејќи у филм нели, све е можно, пак останува податокот дека она роди створење на бродот а тоа остана неприметено од сите, ај да го направеше тоа на некое инкогнито место на Прометеус али тоа не беше случај. И во која сезона и свирнале бе на Оливија метак у глава, у четвратата која ја неам гледано ли ? ( не ми текнува на такво нешто од први 3 сезони )...
Абе Ио, ова втор пат ми го правиш, првиот пат беше со сликата од GOT што ја стави на темата за Интер, шо чоек ќе беше. :mad:
 
Член од
23 август 2012
Мислења
40
Поени од реакции
13
Ако сакате серијали и исчекувања што ќе се случи од една до друга епизода тогаш гледајте си турски серии на телевизија ( ионака се доближуваат до СФ) а и моногу се одлични за перење мозок (и бело прање само од уво).
Јас признавам до трилогии кои се склепани со единствен концепт и не се оддалечени премногу во временска дистанца (инаку губат на поента), а ова боранијава беше едно време па сега се навраќаме како дошлоо до тоа ( после многу години и тоа со копирани елементи ) е показател за безидејност и трагичен плагијат и тоа на самиот себеси. Ридли си игра на стара слава се гледа кога е смислено наеднаш а кога е прикрпено кон основната содржина (лепенка)
Многу исчекував од филмов и дури чекав да излезе во подобра дефиниција и кога го погледнав се чуствував како да сум го гледал елиен повторно и тоа без никаков штимунг (старата верзија е многу подобра од аспект на држење на внимание , заплет кулминација и епилог но и прашалник за понатаму кој те држи во текот на цел серијал).
Сите што се занимаваат со креативност знаат дека на секоја идеја времето и поминува и постои време во кое може да се реализира за по извесно време да стане мртва . Овој концепт е мртов, секоја реинкарнација за да заживее бара многу нови елементи свежина и нови асоцијации кои Ридли според мене не ги нуди во Прометеј и тоа е факт . А оние што сакаат да го бранат и понатаму повелете набројувајте сцени и споредувајте една со друга до бесвест.
Некои забораваат дека освен деталите многу значајна е и целината особено во серијали и продолженија а за да се доживее таа не треба да поминат 10 или 15 години зошто нема поента .
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не па јас не го величам само викам дека нема филм на кој не можеме да му се навртиме ако сакаме. :)
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.110
Поени од реакции
9.050
Мене највише ме изнервира филмот кога го разбудија тој “креаторот“ и он ни две ни три него ги зашамара сите ги изрита без збор да каже. И он бил некој супериорен вид како па да не, ксеноморфите па се по интелигентни од него. И на крај тој креаторот ист серко што умре у пиче си мамино тамо наместо да умре на стол каде што го најдоа во Алиен
Тој брод што го најдоа на Alien не е истиот брод кој беше соборен во Prometheus, и како што кажа Max Legend не се работи за истата планета. Си го пропуштил делот каде Дејвид кажува дека тоа не е единствениот брод, и последната сцената каде ја напуштаат планетата со Елизабет со ДРУГ брод. Помеѓу крајот на Prometheus и почетокот на Alien има барем уште еден филм. Гледај на филмов како предходник на предходникот на Alien и ќе ти има повеќе смисла.

Се расправатме за вкусови, секој различно го доживува и мислам дека можеме да вергламе до бескрај но сепак и јас ќе си го кажам своето за да не останам покус :D . Од Sci-Fi филм очекувам добра приказна, добри ефекти и добро осмислен свет. Бродот, планетата, базата на креаторите, самите креатори сите тие работи ми се допаднаа. Филмот отвори интересни прашања и направи добра подлога за една нова насока во светот на Alien серијалот. Според мене ова е далеку поинтересна приказна одколку Alien 3 и Alien Resurrection. И поквалитетен филм.

Да стануваше збор за трилер, драма или сл. и јас ќе цепидлачев. Sci-Fi филмовите ги гледам од поинаков агол.

Неможете да уживате во филмов зашто од старт правите огромна грешка и го споредувате со Alien (можеби топ 5 Sci-Fi на сите времиња). Alien е one and only... А најсмешни ми се аргументите како бил клише и имал чизи дијалог/реплики... Astalavista Baby, I'll be back. (Terminator) Get away from her, you beach! (Aliens) Ви текнува? :)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Неможете да уживате во филмов зашто од старт правите огромна грешка и го споредувате со Alien (можеби топ 5 Sci-Fi на сите времиња). Alien е one and only...
Моre like top 3.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom