Форумот, местото каде луѓето најлесно можат да се истурат и до некаде да ја залечат својата фрустрација а мене ова у моментов ми е потребно, што значи за ваков филм, следи долг реферат, а избегнувам тоа да го правам на овој дел од форумов.
Пред некој да се реши да удри на ривју за филмов нека повтори едно 10 пати, режисер на филмот е Ридли Скот, значи 10 пати тоа да го повтори па подоцна да удри на пренесување на лични впечатоци од филмов, или нека ја разгледа неговата филмографија, пред Се Елиен кецот, па подоцна да си го среди впечатокот и да размисли добро дали ова е добро филмско отстварување или не ...
Преразочаран сум, не поради тоа што имав превисоки очекувања, туку поради фактот што никогаш не би ни помислил дека Ридли би режирал вакво нешто а истото да е вметнато во универзумот на Елиен, значи нема шанса, денес правам муабет со другар и јебига, црн хумор, братот на Ридли се убил поради филмов, во стил, 20 години го чекав ова и што да видам, ми беше ветено премногу а го добив ова, фак дис шит, ми нема поента животов
Прво нешто на кое помислив по гледањето на филмот беше, ова е добар почеток ... за серија, толку, кога почнуваш да гледаш една нова серија, со неекспонирани глумци ( така делуваа глумциве во филмот, а имаше низа талентирани и фантастични глумци ) кои уште го немаат совладано бизнисот, со 1 тон клише моменти, каде се отвараат многу прашања ... и толку, чекаш истите да бидат одговорени во остатокот од серијата.
Али ова нит е серија, нит серијал од филмови со размак од неколку месеци, максимум година, следното филмско отстварување се планира тек за 2014 a може и 2015... фантастично, ќе чекаме до 2014/2015 со надеж дека овој срам ќе биде колку толку испран, затоа и оставам еден убер мал простор за демант кој после ова прашање е и дали воопшто ќе дојде со оглед на ебаниот сценарист.
За филмот прочитав 1 тон негативни критики али верујте ниту една од нив не влијае на ова што сега го пишувам, дури и убеден бев дека филмот мене лично многу ќе ми се свиѓа и цело време бев со ставот дека луѓето поставуваат еден погрешен стаданрд за филмот бидејќи нонстоп се правеа паралелите со едно епик филмско парче ко Елиен кецот, па имале некои нереални очекувања, односно, претеруваа во истите и не оставија простор за нешто сосем ново во истиот универзум од Елиен.
Првата сцена од филмот беше одлична, предобра, бар според мене, и апла ветувачка за предобар филм, уште од тогаш планирав да покажам среден прст за хејтерите али како и секогаш првиот впечаток во најголемиот број од случаите е погрешен.
Такоџе и изборот за улогата на Фасбендер беше на место, и човекот солидно си го реализира својот дел од работата, всушност, он е единствениот од кого сум задоволен како одглуми и он е единствениот полн погодок во филмот, останатото беше просек, али и улогите кои ги имаа и задачите за истите реално и не можеа повеќе да понудат, освен пар исклучоци нормално, зашто реално, голем дел од сценариото беше апла малоумно, срамота за еден ваков проект, срамота.
Се почна во надолна линија по сцената со пештерата во Шкотска и извлечениот заклучок дека вонземјаните ни пратиле порака според цртежот кој подоцна испадна дека се поклопува со низа други цртежи од различни делови од планетата, премногу прилтко за филм со ваков потенцијал, неверојатно револуционерно откритие во 80тите години од 21виов век, револуционерно откритие кое во моментов можеме на 150 места на интернетов да го најдеме, како низа нло фанатици тврдат дека цртежите во таа и таа пештера, или пирамида сеедно, се некаква порака или покана до нас, обичните смртници од страна на вонземјаните, или дека они се нашите креатори и слично, вакви интерпретации на вакви цртежи има стотици низ интернетов.
Прво, ова откритие беше само теорија, теорија една од многуте денес, во 2012 година, а до 2089та можеме да претпоставиме што Се нема да искочи како нова теорија но не, напредокот од ден денешен до 2089та останал ист, сваќањата останале исти уз некој цртеж плус во пештера од Шкотска.
Ќе го изџвакав некако тоа да не беше истово причина за оваа експедиција, не, причината не било нешто далеку порелевантно за тогашната технологија која кузнае колку е напредната, јок, причината било тврдење на двајца анонимуси кои биле доволни за богат човек и бог-фанатик кој е во фаза на распаѓање и кој имал низа прашања до нашите наводни креатори ( значи и ова беше теорија без никаква поткрепа дека е точна, на убер малоумен начин ни го претставија интерпретирањето на тие цртежи ), човек кој се надеваше дека така распаднат ќе може да си го продолжи својот животен век ( fuck logic ), да истиот потроши милјарди и милјарди долари во проект кој ќе го обави оној долгоочекуван прв контакт со вонземјаните. Па денес бе мало роботче шета на Марс, зар оваа малоумна причина треба да е поттик за првиот контакт во 2093та, за нешто толку револуционерно, нешто кое е и една од суштините зашто НАСА денес постои, истражувањето на вселената, на непознатото, одговарањето на низа прашања, поставувањето на нови прашања и такоџе одговорите што следат на истите. Ова бил тој поттик ? Ова ?
Океј, првиот (пре)голем минус кај мене беше ова, недозволиво за ваков филм, недозволиво, одиме на вториот, претставувањето на екипажот ...
Ги имаме двајцата главни протагонисти и за нив нема многу да должам, и оние покрај Фасбендер не беа лош избор за улогата која ја имаа иако и тоа што они го понудија беше апла плитко, далеку за стандардите на филм со ваков потенцијал али што повеќе после вакво сценарио, јебига, но што е со останатите
, на ваков сериозен проект ( алудирам на значењето на мисијата ) ти ја имаш Терон со таква смешна и патетична улога на медијатор на нешто за кое и она самата беше скептик ( сетете се дека изненадно реагираше кога ги најдоа вонземјаните ), што по ѓаволите беше тоа ? Начинот на кој ја претставија откако на овие им посочи дека она е главната и треба да и одговараат беше Pure shit, они на ваков проект и мисија уствари ставиле апла инкогнито екипаж, кој претходно воопшто и не се познавале помеѓу себе, не ни знаеле кој за што е задолжен, како бе ? И не само тоа, не ни знаеле за што е мисијава ...Не сериозно, како е ова возможно ? Ви има ова логика ? Мене ич ...
Оној тетовираниот, со четката на глава, кога требаа да одат на првата експедиција надвор од Прометеус кога го видов со оружјето и она што го рече, дека е тука за да се грижи за нивната безбедност, си реков ок, имаат војник на бродот, логично е, може и ќе треба за некаква интервенција ... не бе, тој после првиот официјален контакт со мртвиот вонземјанин се исплаши и сакаше да се врати сам во Прометеус ( а вонземјанинот бил мртов години и години и години, што значи, логично е да си речеш дека од тоа што бегал тешко дека останало тука години и години и години и чека нова жртва ) и на крај испадна дека уствари бил ... геолог.
Сериозно Ридли, како дозволил бе ова да го изрежира ? Ок бе ок, прв пат гледам вонземјани, значи не сме сами, топ, него ја идам да бегам назад у бродот кој ве ебе вас.
Нема да разгледа наоколу, а геолог е, нема да земе примероци
, он ќе бега, а претходно со оружјето вика тука е да се грижи за безбедноста и ми глуми некоја хардкор фаца
, Ио бе, како ти се свиѓаше филмов бе
, дај уште еднаш изгледај го и сети се на ова што го зборам, Терон и нејзиното присуство тука се најмалиот проблем на ова филмско отстварување.
Одиме на наредниот момент кој плачеше за фејспалм ...
Типот заедно со научникот oдносно биолог ( биолог, прв пат доаѓа до контакт со мртов вонземјанин, не е заинтресиран за телото, за револуционерните откритија, се што го интересира е да избега во бродот
), и двајцата се решаваат кукавички да се вратат во Прометеус, се испшашија а прифатиле да се на мисија со сериозен карактер, до душа, 2 години требале да спијат у вселенски брод, да се разбудат на истиот, за да знаат уствари зашто се тука, ок, нејсе глупава логика на Вејланд, се исплашија од нешто што всушност секој би го заинтригирало, поготово некој кој се решил да отиде на ваква мисија односно експедиција, пат до нови планети, до нови откритија. поготово ако тие двајца личности се геолог и биолог, БИОЛОГ бре побогу, каде бегаш бре ало, историја ќе пишуваш тука ти бегаш. Незнам многу биолози, верујте, али знам дека они така никад не би реагирале ( а жени се ) а и убеден сум дека нема биолог на земјава што би реагирал така.
A biologist is a scientist who studies living organisms and their relationship to their environment. Biologists involved in basic research attempt to discover underlying mechanisms that govern how organisms work. Biologists involved in applied research attempt to develop or improve medical, industrial or agricultural processes.
Шта речи луѓе.
Патот до местото каде го најдоа вонземјанинот не беше воопшто комплициран бар по прикажаното, никакви лавиринти, ништо од тоа, и плус, ги пратија оние топките да го истражат цело место и да го имаат на мапа, али не, уз таа технологија, без разлика на невремето кое создаде пречки при комуникацијата со Прометеус, овие се изгубија и немаа шанса во текот на ноќта да се вратат на бродот па мораше да останат и да преноќат во мистериозната локација. Ова е дефиниција за клише момент во филм, еве ја кревам 2 прста и одма после нивната изјава дека ќе избегаат у бродот знаев дека ќе се деси ова за да подоцна паднат и првите жртви, добро бе, сериозно, не можеа да понудат нешто поинтелигентно од ова ? Сериозно, ова е вреѓање на филмскиот аудиториум, не, извинете, вреѓање на се она што Ридли низ кариерата успеал да го направи, поготово зашто овде станува збор за истиот универзум од Елиен, не гледам голема разлика од ова и смешните продолженија на Елиен по Kамерон, и ова на некој начин е сквернавење.
И сега пазете контрадикторност, бегаат од кај вонземјанитот, '' изненадувачки '' се губат и мора да преноќат таму, одат во собата со големата '' човечка '' фаца, и им се избацува нешто во облик на змија, наеднаш тоа непознато суштество за биологов е маче, сака да си игра со него, му иде со раката, а претходно бега поради најдено мртво тело на вонземјанин кое таму дремело таму долги години, тууууго, абе ви има ли ова логика, сериозно правиме муабет, има ли ова логика ? Не ли делува ова ко вреѓање на интелигенцијата на обичниот гледач, поготово ако истиот е фан на Ридли Скот. Нормално, се знаеше дека овде следи фатален момент за двајцата членови од екипажот, глуп да си па немаше да бидеш изненаден од тоа што следеше.
Еј сериозно, текстов е предолг, касно е, а претпоставувам до пола дека дојдов од она што сакав да го изнакажам, незнам, ми се трупаат нови мисли во главава во врска со филмов а истите во текот на неделава ќе ги допишам, морам некаде да го истурам гневот, верујте, кратев погоре, пократко од ова не можев а има уште за пишување ... иако е ова доволно за да ја доловам мојава поента за филмов, али цело е кога има Се.
До наредниот fuck my life пост.