Секако дека можеш да го кажеш тоа, ама не е така едноставно. Има луѓе кои имаат семејство, кои имаат деца и не можат да си дозволат да не работат. Тие луѓе се очајни за да заработат некој денар, и знаат дека се многу слабо платени ама немаат избор. Јас за тие пари не работам, може да каже некој помлад човек кој сеуште живее со родителите по дома и сеуште има некаков избор. Муабетот ми е дека не е толку едноставно, бидејќи ситуацијата ни е многу лоша, зашто знаеш дека има друг кој ќе дојде и ќе работи за тие 9.500. Единствен излез би бил целокупното работо способно население да се собере и никој да не работи за помалку од 15.000 на пример. Ова практично не е возможно, и тука ќаруваат таквите работодавци.
И што ако го рече истото цело население?
Ајде сега да бидеме искрени тие што ќе работат во тие маркети внатре да не ќе произведуваат коли,авиони,електроника или нешто такво? Да не ќе пишуваат програми,одржаваат сервери и системи или нудат финансиски услуги ?
Не ќе растовараат кутии од комбе и ќе седат на каса.
За да има високи плати во услужниот сектор треба да има високи плати во производствениот сектор, а ние НЕ НИ ИМАМЕ производствен сектор.
Во Кина ( татковината на чкартот и ефтини работи ) просечна плата се движи од 400-900$ зависно од провинција.Али колку и да произведува Кина чкарт работи сепак произведува.
Дали сеуште условите за работа се генерално лоши во Кина, ДЕФИНИТНИВНО,дали сепак се подобруваат и стандардот расте со секоја година ,повторно ДЕФИНИТИВНО.Денес Кинезите живеат неколку кратно подобро од нивните татковци и дедовци а нивните деца ќе живеат повторно неколку кратно подобро од нив.
Вие ако сакате ставете ја минималната плата и на 1000 евра сите работодавачи ќе си отидат и чао пријатно.Не може да не произведуваш ништо и да очекуваш висок стандард не е реално.
Сега некој ќе рече како во Германија некој на каса прави по 1000 евра.Али тој во Германија има купувачи што работат во фабрика на Мерцедес,Simens и стотици други компании кои ПРОИЗВЕДУВААТ скапа роба и со тоа нивните вработени имаат високи плати.Нивните пак вработени зошто имаат големи плати кои ги трошат ја дигаат цената на трудот и на тие што растовараат кутии.
.