За жал и понатаму државата останува најголемиот работодавец, а тоа е поткрепено со бројката која е на товар на нејзината(буџетска) каса, и со тоа се потврдува фактот дека од наголемо најавуваниот инвестициски бум нема ништо а и таму кај што има тоа е една класична злоупотреба и потценување на човечкиот труд, имено: на 10 октомври ќе биде отворањето на Скопје Сити Мол, се калкулира со бројка од 2000 вработувања, во рамките на истиот ќе функционира и еден од најголемите ланци на хипер-маркети во Европа ,,Керфур,, и притоа ќе вработува околу 600 луѓе, лицата одговорни за прием на целата таа стока што ќе стига во маркетот за две работни смени од 8 часа + - 2 или 3 неплатени часови на почетокот, ќе земаат по 9 500 денари нето плата, а да не зборуваме за останатите пониско рангирани работни места.
Ова е инвестициски бум со суми на приходи доволни само за животаркање на дното ? меѓутоа е довлно за правење на реклами и ставање на мастика наместо леб во устата на народов наш.