Горан Пандев

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Како второ: Горан Пандев кога беше во парк јас 3 пати се сликав со него и ми даде блуза :baeh:

И ако Италијанциве застанад зад Пандев и не одиграат 14 кола браво за нив :smir:

Маца_шо_Кака, браво за постот!
wow:kesa:sram

Иначе па баш и не ми се свига да оди во Палермо, а ако се одлучи за тој клуб тогаш ке си ја има истата подршка од навивач како мене!:toe:
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.377
Поени од реакции
8.478
ДИЛЕМА ЗА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ
Пандев бира меѓу Интер и Јувентус
Борбата за потписот на Горан Пандев продолжува. Паралелно, Јувентус и Интер ќе имаат битка на теренот и на трансфер-пазарот.
Иако, се чинеше дека македонскиот напаѓач на Лацио е сигурно засилување за Интер, вчера, угледниот весник "Газета дело спорт" и неколку други италијанските медиуми јавија дека "старата дама" се враќа во комбинација како идна дестинација на струмичанецот.
Како и да е, и двете варијанти (Интер или Јувентус) ќе мора да почекаат да заврши процесот што го покрена Пандев против Лацио пред Италијанската фудбалска лига.
Арбитражниот комитет, надлежен за случајот, го закажа првото сослушување за 11 декември и тогаш ќе стане појасно дали пресудата ќе биде донесена до крајот на јануарскиот преоден рок. Струмичанецот, преку својот адвокат Матија Грасани, уште во средината од септември поднесе барање за едностран раскин на договорот со Лацио поради непочитување на колективниот одговор. Македонскиот напаѓач нема настап за "небесно-сините" сезонава, откако на крајот од минатата сезона одби да го продолжи договорот, кој му истекува следното лето.
Во меѓувреме, неговиот агент Карло Палавичино се обидуваше да му пронајде нов клуб, но сите негови обиди беа неуспешни, бидејќи ниту еден клуб не понуди сума што ќе го задоволи претседателот на римскиот клуб Клаудио Лотито.

***

Проблемот со Лотито е стар две години

Проблемот помеѓу Пандев и Лотито датира од пред две години, тврди поранешниот голман на Лацио Марко Балота.
- Тогаш, тој (Пандев) побара зголемување на платата, а претседателот (Лотито) чекаше до последен момент да види дали играчот ќе се премисли. Понекогаш тоа е добро, но понекогаш се претерува. Јас не би одел до таа точка (како Лотито). Сега веќе не знам дали случајот ќе заврши позитивно за Лацио - изјави Балота за веб-порталот "Тутомеркатовеб".

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2A93AF1FD4E08C42A8EB7822ADA729C4
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
младичов се изнаодмара време е да заигра малце...
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
младичов се изнаодмара време е да заигра малце...
Паааа... 7 гола за Македонија во 4 пријателски натпревари не знам дали би ги нарекол „одмор“...

Но во секој случај, му недостасуваат големи натпревари. И каде и да заврши (Интер, Јувентус или каде и да е), очекувам дека прво ќе го стават во вториот тим, за да влезе во натпреварувачки ритам, пред да го стават во првиот тим.
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
по се изгледа го ибзра Интер... незнам дали ова е најдобра опција за него, мислам дека ќе се заебе како Панчев... тешко ќе изборува место покрај Ето,Милито и Балотели...

најдобра варијанта за наш Пандев според мене беше Ливерпул... квалитетна екипа која игра фудбал на највисоко ниво и пред се им треба напаѓач.... тука ќе си имаше првотимски статус покрај Торес и со тоа ќе стекнеше уште поголемо искуство и ќе имаше поголем прдонес кон репрезентацијата...
ова го сметам за лош потег на Пандев, Ливерпул или евентуално Баерн беа многу подобри варијанти, бар јас да му бев менаџер ќе го советував меѓу овие да се одлучи... а веројатно дека ќе го бараа Пандев со оглед дека е достапен без пари.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126

Работата е што ни Ливерпул ни Баерн немаја испратено понуда за Пандев. Остај што пишуваат во МакСпорт.
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Работата е што ни Ливерпул ни Баерн немаја испратено понуда за Пандев. Остај што пишуваат во МакСпорт.
А кој па досеа испратил понуда?

Сите беа стопирани уште пред да размислат, така да досеа никој не испратил понуда, дури и Интер, туку само изјавуваат дека го сакаат Пандев во нивните редови, вклучувајќи ги и Ливерпул и Баерн!:toe:
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
јас се обложувам дека ќе освои трофеј годинава...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
А кој па досеа испратил понуда?

Сите беа стопирани уште пред да размислат, така да досеа никој не испратил понуда, дури и Интер, туку само изјавуваат дека го сакаат Пандев во нивните редови, вклучувајќи ги и Ливерпул и Баерн!:toe:
Интер не смее да достави понуда, секое преговарање до Јануари е забрането и кога би преговарале би ги прекршиле правилата за трансфери во Италија. Затоа Лотито упорно демантира дека има некакво договарање.

Во пракса пак, никој не чека да дојде Нова година за да седне на маса. Неофицијално сигурно е постигнат начелен договор, но сега мора да се види и тоа дали Пандев ќе биде слободен играч или ќе се преговара со Лацио. Веројатно ќе биде второто.

Последно: Маифреди: Пандев веќе го носи дресот на Интер

Информацијата е од fcinternews.it, сајт кој има одлични контакти со раководството на Интер а посебно со задолжените за трансфери. Секогаш се упатени во тоа што се случува на трансфер пазарот во Интер па затоа ги земаме како релевантен извор. До сега имаат објавено барем 20-30 информации поврзани со трансферот на Пандев. Секогаш кога има нешто ново, оди и на нашиот сајт, fcinter.com.mk. Како и да е, до Јануари се ќе биде во доменот на шпекулациите затоа што ни едно одговорно лице од Интер или од Лацио нема да даде официјална изјава.

ЕДИТ:
И еве најново: Бариера помеѓу Интер и Пандев: Рубин Казан!
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Нови моменти во случајот со Пандев.

И сега стварно не знам како може ова да се случува, ова е невидено досега!

СЛУЧАЈОТ "ПАНДЕВ" ПОВТОРНО СЕ РАЗВЛЕКУВА

Лотито не го сака новиот претседател на Арбитража

Место да мисли на градското дерби со Рома, претседателот на Лацио Клаудио Лотито викендов продолжи со правната битка против Горан Пандев. Римскиот клуб поднесе барање до Италијанската фудбалска лига за изземање на Марија Граци Фаци, претседателот на Арбитражниот комитет што треба да одлучи по барањето на македонскиот репрезентативец за едностран раскин на договорот. Таа беше избрана на 27 ноември на местото на Серџо де Феличе, кој поднесе оставка од лични причини.
Лацио и претходно бараше одложување на изборот на претседател на Комитетот, бидејќи десеттиот член (Џовани Проспери), назначен на местото на Де Феличе, не доби дозвола да учествува во случајот. Затоа, бројот на судии беше намален на осум (место десет), или по четворица од Лигата и од АИЦ (Здружението на професионални фудбалери).
- Новиот претседател не ги исполнува условите за непристрасност, независност и неутралност - напиша Лотито во барањето.
Одлуката на Комитетот по барањето на Лацио ќе биде донесена в среда, а, во меѓувреме, јануарскиот преоден рок се наближува.

Текстот е прочитан 4471 пати.
#
После оваа вест нормално е да има вакви и тоа како непогодни вести за Пандев.

Интер се откажува од Пандев
вторник, 08 декември 2009, 12:45
Интер се вклучи во преговорите за доведување на играчот на Баерн Минхен, Лука Тони, откако преговорите со Лацио за нашиот репрезентативец Горан Пандев се одвиваат тешко.

Струмичанецот е најголема мета на Интер во зимскиот преоден рок, но неговата ситуација со договорот е комплицирана и не постојат гаранции дека председателот на Лацио ќе се одлучи да го продаде во јануари изјавија од миланскиот клуб.

Поради тоа Интер започна преговори за италијанскиот интернационалец, знаејќи ја ситуацијата која е настаната меѓу напаѓачот на Беарн и тренерот Луис Ван Гал.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Интер се откажува од Пандев
вторник, 08 декември 2009, 12:45
Интер се вклучи во преговорите за доведување на играчот на Баерн Минхен, Лука Тони, откако преговорите со Лацио за нашиот репрезентативец Горан Пандев се одвиваат тешко.

Струмичанецот е најголема мета на Интер во зимскиот преоден рок, но неговата ситуација со договорот е комплицирана и не постојат гаранции дека председателот на Лацио ќе се одлучи да го продаде во јануари изјавија од миланскиот клуб.

Поради тоа Интер започна преговори за италијанскиот интернационалец, знаејќи ја ситуацијата која е настаната меѓу напаѓачот на Беарн и тренерот Луис Ван Гал.
Тешки глупости кои можеш да ги прочиташ само на нашиве медиуми. Поточно, првата информација за Лука Тони е од трач.ком. После нашиве пошто му веруваат на трач.ком, си додале дека ете пропаѓа трансферот на Пандев. Патем, нема преговори меѓу Интер и Лацио, па да се одвиваат тешко. Не смее да има преговори до Јануари, шупци едни...

Прво, нема шанси Лотито да не го продаде во Јануари. Целото развлекување на случајот од Лотито е со цел да може да го задржи до Јануари за да може да го продаде пред да заврши спорот во арбитражната комисија. Зошто ако заврши, сите знаат како ќе заврши. Се гледа кој брза да го заврши, а кој одолговлекува, и тоа кажува се.

Понатаму, од сите информации кои излегоа за нови играчи, Пандев е убедливо најдобра опција финансиски. Се пишуваше за Агуеро ама за него треба 40 милиони евра. Се пишуваше и за Џеко вчера ама за него треба 30 милиони. Пандев ќе биде или слободен играч (без пари ќе дојде), или под договор на уште 6 месеци (што значи 5 милиони максимум).

Единствена пречка за доаѓање на Пандев во Интер во моментов е евентуален неуспех вечер против Рубин Казан. Во таков случај клубот ќе изгуби многу пари и ќе бидат стопирани сите планови за купувања зимава. Победа вечерва и Пандев е 99% во Интер, без разлика дали ќе биде слободен или не.
 
Е па ај честито 99% премин на Пандев во Интер. Интер го победи Рубин Казан со 2:0 :helou:
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.046
Поени од реакции
1.175
Е па ај честито 99% премин на Пандев во Интер. Интер го победи Рубин Казан со 2:0 :helou:
Сигурно..
Гочакот иди во Интер и ќе игра лига на шампини. Сепак се работи за класа играч, па тешко дека би заминал во Јувентус и да игра во Лига Европа. :helou:
 
superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Дај боже шо побрзо да премине, ама како шо глеам на оваа судењето му нема крај, уште не ни почнало.

ПМ на Лотито!:pusk:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom