Горан Пандев

  • Креатор на темата Креатор на темата pinky**
  • Време на започнување Време на започнување
Тешка е слободата на Пандев...
"Ситуацијата е навистина збунувачка. Очекуваме да видиме кој ќе биде новиот член на Арбитражната комисија", вели агентот на Пандев, Карло Палавичино

pandev35.jpg
И покрај тоа што за денеска беше најавено одржувањето на состанокот на Арбитражната комисија при италијанската Калчо лига околу разгледувањето на барањето на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев за раскин на договорот со Лацио, сепак, истиот се очекува да биде повторно одложен откако според пишувањата на италијанските медиуми треба повторно да биде конституиран нов состав на комисијата.

"Ситуацијата е навистина збунувачка. Тешка е слободата за нашиот фудбалер. Очекуваме да видиме кој ќе биде новиот член претставник на италијанската лига во комисијата, а потоа да се види и кој ќе ја носи конечната одлука", вели агентот на Пандев, Карло Палавичино, кој, сепак, очекува до крајот на актуелнава година нашиот фудбалер да замине од Лацио.

Во меѓувреме и италијанската фудбалска легенда и поранешен тренер на Лацио, Дино Ѕоф јасно нагласува дека кризата во која се западнати "лацијалите" неизбежна е и поради отсуството на Горан Пандев.

"Факт е дека проблемите на Лацио оваа сезона се поради тоа што им недостасуваат двајца важни фудбалери како Пандев и Ледезма. Не сакам да навлегувам во тоа кој е виновен а кој не, но едноставно таа е реалноста", коментира Ѕоф откако италијанските медиуми деновиве се повеќе ја нагласуваат извонредната игра на нашиот фудбалер во репрезентацијата и последните шест постигнати погодоци изминативе три месеци.
http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/562051/index.html

ццц,мене ми изгледа дека до Јуни нема да игра:tapp:
 
Не ми се верува Лотито до толку да е идиот, мислам дека ќе сака да извлече некоја пара за Пандев, откако сфати (се надевам) дека заеба работа. Сега се одолговлекува процесот за да дојде јануари и да биде продаден Пандев во Интер.
 
Во денешен Вест пишува дека Пандев кон средината на Март наредната година се очекува да стане татко. Неговата свршеница Надица била во 5тиот месец од бременоста. :) :) :)
 
Во денешен Вест пишува дека Пандев кон средината на Март наредната година се очекува да стане татко. Неговата свршеница Надица била во 5тиот месец од бременоста. :) :) :)

Исто така пишуваше дека во средината на јануари Пандев ќе прави свадба. На свадбата во Струмица се поканети сите играчи на Лацио и управата, со исклучок на Лотито. Се шпекулира и дека во тој период би се одиграла пријателска утакмица помеѓу Беласица и Лацио.
 
И најверојатно вонземјаните ќе слетаат токму на тој натпревар...
На шпекулациите им нема крај. Битно да се шитка весник :)
 
Не ми се верува Лотито до толку да е идиот, мислам дека ќе сака да извлече некоја пара за Пандев, откако сфати (се надевам) дека заеба работа. Сега се одолговлекува процесот за да дојде јануари и да биде продаден Пандев во Интер.
Тој заеба све што можеше да се заебе, ако мисли вака да продолжи нека не го мачи клубот подобро нека го продаде на некој што ќе знае што треба да прави со него, а не да му бегаат играчиве и за секој што сака да замине судски спорови да се влечат...
Кај и да е и Коларов ќе пакува куферите, а за тоа не е крив ни Таре ни Балардини...
 
Ако си отиде Коларов, тек тогаш ќе го јадеме. Без ниеден асален играч во одбрана ќе останеме :tapp:
 
Фан Клуб: Лацио
 
А кога во Фан Клуб: Лацио зборевте за Пандев и работи кои не се поврзани со Лацио, тогаш не ви сметаше, а?
 
Ќе ја договорат работата за да се одолговлечи процесот, и Пандев во Јануари ќе биде продаден на Интер за и Лотито да ќари некоја пара, откако веќе виде дека нема да биде истерано неговото.. :icon_lol:
 
А кога во Фан Клуб: Лацио зборевте за Пандев и работи кои не се поврзани со Лацио, тогаш не ви сметаше, а?

Пандев Е дел од Лацио, така да не глеам тука некоја грешка.
Додека за работите кои не се поврзани со Лацио, не знам и не сум видел!
 
Таман сакав да го поставам,си ме претркал...:helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom