Македонска фудбалска репрезентација

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Во фудбал не можеш да натурализираш,освен ако тој играч не прошол доста години во таа држава за која што сака да игра и добил пасош врз основа на должината на престојот таму.
Едуардо беше скоро 10 години во Хрватска,Маркос Сена уште повеќе во Шпанија......не е така лесно, УЕФА и ФИФА едвај и на тие по потекло им дава дозволи,а не па натурализирање.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Во фудбал не можеш да натурализираш,освен ако тој играч не прошол доста години во таа држава за која што сака да игра и добила пасош врз основа на должината на престојот таму.
Едуардо беше скоро 10 години во Хрватска,Маркос Сена уште повеќе во Шпанија......не е така лесно, УЕФА и ФИФА едвај и на тие по потекло им дава дозволи,а не па натурализирање.
Епа тогаш македонче чорба :D
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
Адис јахович да се проба он дава доста голови е сеа што игра во швајцарија 2 лига :tapp: за сеа најдобро решение е фичо ивановски за шпиц
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.497
Поени од реакции
2.407
Адис јахович да се проба он дава доста голови е сеа што игра во швајцарија 2 лига :tapp: за сеа најдобро решение е фичо ивановски за шпиц
Ајде бе од втори лиги во репрезентација, не сме Луксембург:rolleyes:.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.591
Поени од реакции
14.398
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Пандев - Панчев :D
Какво дуо ќе беше ова:icon_mrgr:
Дај да го подмладиме едниов:свиркам:
Една временска машина и вака би изгледал


---------------------Дончевски---------Панчев-----------------------
------------------------------Пандев--------------------------
---Рингов---------------Савевски------------Шакири

---Попов-----Бабунски-----Најдоски-----Седлоски


------------------------Грошев------------------
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ништо од попов во ВБА не игра прва постава, пак ли нма да биде во форма за октомври со хрватска и србија?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.692
Поени од реакции
6.033
Не е ни на клупа Попов али добро чекајте он има само три тренинзи со ВБА ваљда за следната утакмица ќе биде во составот
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Интересно...
Ова дете е сигурно некој роднина со Драган Ѓорѓиев, со оглед дека е по потекло од Радовиш.

Борко Ѓорѓиев во интервју за „Пулс24“: Би бил пресреќен доколку еден ден заиграм за Македонија!!!
Објавено на Сабота, 15 Септември 2012 13:11

Младиот Борко Ѓорѓиев е еден од најталентираните фудбалери во Хрватска, во интервју за „Пулс24“ вели дека би бил пресреќен доколку еден ден заигра за Македонија, настапува за Хрватската селекција во младите категории, а чека повик од ФФМ.
Уште еден талент ни тропа на портите на ФФМ, тоа е младиот Борко Ѓорѓиев кој моментално игра за хрватски Интер од Запрешиќ, а интересно е тоа што е член на Хрватската фудбалска селекција за играчи до 17 годишна возраст.
17-годишниот Борко Ѓорѓиев има двојно државјанство, Хрватско и Македонско, игра во средината на теренот, на трансфер пазарот вреди 50 000 евра (извор Трансфермаркет).
Јавна тајна е дека младиот и талентиран фудбалер има желба да го облече македонскиот национален дрес и да заигра за Македонија еден ден.
За неговите фудбалски квалитети, неговиот фудбалски потенцијал, погледнете го долунаведеното видео, погледнете го неговиот фудбалски слалом, и ќе ви стане јасно за колку талентиран фудбалер се работи, и каква шанса има Македонија...
Ѓорѓиев веќе е повикан од Хрватската селекција да настапува за неа, забележа дури седум настапи за селекцијата за играчи до 17 годишна возраст, дебитираше со Шкотска на 30-ти август лани.
Инаку талентираниот Ѓорѓиев веќе ја напиша историјата на Хрватскиот фудбал, настапувајќи како најмладот фудбалер што некогаш заиграл во Првата Хрватска Фудбалска Лига. Со само 16 години и 180 денови, Борко дебитираше во првиот тим на Интер Запрешиќ, во дуел со тимот на Шибеник. Според хрватските спортски новинари, тој е вметнат во листата на фудбалери кои располагаат со огромен потенцијал.
*Борко во дресот на Хрватската селекција
Тоа беше и повеќе од повод да спортската редакција на „Пулс24“ направи интервју со младиот и талентиран Борко Ѓорѓиев кој своевремено играше заедно во тимот на Интер Запрешиќ со Александар Трајковски а се познава и со Нуриши Мумин (млад фудбалер кој игра за Динамо Загреб, настапува за Македонија).
Пулс24- Борко, кажи ни ги твоите поврзаности со Македонија...
Борко Ѓорѓиев:Татко ми е роден во Македонија и живеше таму со своите родители до својата 20-та година. Живееше во Радовиш, каде сеуште живее мојата баба и целото негово семејство. Убаво ми е во Македонија, уживам кога се присетувам на неа...
Пулс24- Како прифати да играш за селекцијата на Хрватска, како дојде до тој момент...
Борко Ѓорѓиев:Во текот на постарите пионири на Интер Запрешиќ бев капитен на една премногу добра генерација и прикажувајќи добри партии добив повик да настапам за Хрватската селекција прв пат на свои 14 години. Првиот официјален натпревар го одиграв на 16 годишна возраст.
Пулс24- Стана најмладиот фудбалер што заиграл некогаш во Првата Фудбалска Лига на Хрватска, како помина сето тоа...
Борко Ѓорѓиев:Сезоната 2011/2012 на летните подготовки бев приклучен на тренинзите на првиот тим, со договор дека натпревари ќе играм за јуниорскиот состав, бидејќи бев премногу млад. Меѓутоа со своите залагања на тренинзите, тренерот Илија Лончаревиќ одлучи да ми даде прилика на изненадување на сите нас. Бев премногу возбуден и среќен. Првиот мој натпревар во Запрешиќ за сениорите е дефинитивно најголемиот момент во мојата кариера.
фото: www.wmd.hr
Пулс24- Дали има клубови во овој момент кои се обидуваат да те земат во нивните редови?
Борко Ѓорѓиев:На тоа прашање јас не го знам одговорот. Не се занимавам премногу со тие шпекулации, постојат луѓе кои се грижат за тоа, на мене преостанува само да бидам секој ден се подобар и подобар и да се сконцентрирам на играта.

Пулс24- Твој идол, и зошто е баш тој?
Борко Ѓорѓиев: Мојот идол е Рикардо Кварезма. Затоа што игра преубав фудбал. Со своите потези ја забавува публиката. Често гледам негови видео-клипови на интернет и се обидувам да ги изведам неговите потези на теренот.
Пулс24- Твојот омилен клуб за кој навиваш?
Борко Ѓорѓиев: Омилен клуб ми е Челзи. Премногу ми се допаѓа Премиер Лигата. Сон ми е еден ден да заиграм таму, доколку заиграм во некој тамошен клуб би бил пресреќен...
Пулс24- Според твоите поврзаности со Македонија, го пратиш ли Македонскиот фудбал, имаш ли некакви информации за него, тимови, фудбалери и слично...
Борко Ѓорѓиев:Го пратам Македонскиот фудбал, на баш лигата, но репрезентацијата и играчите да. Горан Пандев е познат во целиот свет, го знам Александар Трајковски, Ибраими, Ристиќ, и слушнав се најубаво за Давид Бабунски од Барселона со кој сме врсници.

Пулс24- Дали некогаш те контактирале од Македонската Фудбалска Федерација?
Борко Ѓорѓиев: Во тоа не сум толку сигурен, мислам дека прашуваа нешто за мене и околу мене, но не беше ништо официјално.
Пулс24 – Доаѓаме до главното прашање, дали некогаш Борко би сакал да го облече македонскиот национален дрес и да заиграш за Македонија?
Борко Ѓорѓиев: Секако дека би сакал, би бил пресреќен доколку би добил повик да заиграм за Македонија и ги бранам нејзините бои на теренот!!!
Пулс24- Што би им порачал на Македонските фудбалски фанови
Борко Ѓорѓиев: Би им порачал да уживаат во фудбалот, бидејќи тоа е најубавата игра во светот, и да се надеваме дека еден ден би ме виделе во Македонскиот дрес.
Спортската редакција на „Пулс24“ упатува јавна благодарност за интервјуто на младиот Борко Ѓорѓиев, и голема благодарност во името на сите искрени љубители на Македонскиот фудбал. Воедно, упатуваме апел, ова интервју да допре до сите вистински љубители на Македонскиот фудбал и до челниците на ФФМ, заедно да допринесеме да ова талентирано момче еден ден го видиме во Македонската национална селекција.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ништо од попов во ВБА не игра прва постава, пак ли нма да биде во форма за октомври со хрватска и србија?
Ах чекај малце, прво теретана мора да пројде Попов за настап во ПЛ, наредниот вторник/среда ќе има капитал уан куп, таму може ќе дебитира со послаб противник.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.383
Интересно...
Ова дете е сигурно некој роднина со Драган Ѓорѓиев, со оглед дека е по потекло од Радовиш.
Малиов дур да стане играч има уште многу многу да пројде.Лани имаше 2 настапа во прва лига и на неколку пријателски има играно мислам.Оваа година сеуште нема настап за Интер.Ништо чудно што има добиено шанса,затоа што Интер е таков клуб,исклучиво живее од продажба и форсирање на млади играчи.Цел состав е полн со млади играчи до 21-22 години.Го продадоа Трајковски за убави пари, Делач го продадоа во Челзи за 2-3 милиони,во Динамо имаат продадено еден куп играчи за по 400-500к евра.
Инаку мислам дека ако стврно дојде ред да бира сениорска репрезентација мислам дека ќе ја одбере Хрватска,ако им е навистина потребен и ако има место во тимот.
 
Член од
29 јануари 2010
Мислења
1.619
Поени од реакции
1.551
Илчо гол за Матерзбург , Пандев напраен пенал над него , асистенција и гол :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom