Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Ја ќе ти кажам за дизелите,пошто ги чепкам веќе 2-3 месеци што како,по форуми,мајстори и сл.Сакам да земам за 4-5000 евра кола и несакам да испаднам мајмун,па затоа скоро се пролистав.На дизел и за таа цена не верувам дека ќе најдеш асално,пошто тие годишта доминираат пасатите,аудињата и голфоите.Е сеа тие варираат од 3500-4500.Немој да се плашиш од километражата ако е 250.000+ пошто тоа е најблиску до реална.Ако ти кажат 170-180 враќана е од 300.000+ во повеќето случаи,ако не и сите зашто дизелите ги возат горе ептен.Ти викам да не се плашиш пошто ко што вика Луки наназад,кола не се плаши од километража,туку од неодржување.Ќе треба да си прочачкаш и зависно што сакаш,дизел/бензин-плин,мала кола,голема,скапана нескапана,шминкана чипувана,башка ти имаш време до напролет.И ако зимаш дизел 2.5 тди од пасат,ауди бегај,тоа е ѓаол ипол,Вектра 2.0ДТИ е исто срање,Форд иако најекономичен,бегај,БМВ е46 дизел БЕГАЈ! :),Ровер никако,иако ти изгледа примамлива цената.Јас сега месецов или октомври ќе зимам нешто,па сеуште се думам дали А4 1.9тди 110 Б5 или А6 1.9тди 110 Ц5,А6-ката е за 1000 евра поскапа,ама и А4-ката ми праи мерак.Иначе залетан бев по BMW320Д,али нема кој не ме одврати од таа кола.Има и постручни,нека те посоветуваат за бензинци,дизели ја овака од самоистражување и дремење на нет :)
 
L

Luki Junior

Гостин
Ќе треба да си прочачкаш и зависно што сакаш,дизел/бензин-плин,мала кола,голема,скапана нескапана,шминкана чипувана,башка ти имаш време до напролет.И ако зимаш дизел 2.5 тди од пасат,ауди бегај,тоа е ѓаол ипол,Вектра 2.0ДТИ е исто срање,Форд иако најекономичен,бегај,БМВ е46 дизел БЕГАЈ! :),Ровер никако,иако ти изгледа примамлива цената.Јас сега месецов или октомври ќе зимам нешто,па сеуште се думам дали А4 1.9тди 110 Б5 или А6 1.9тди 110 Ц5,А6-ката е за 1000 евра поскапа,ама и А4-ката ми праи мерак.Иначе залетан бев по BMW320Д,али нема кој не ме одврати од таа кола.Има и постручни,нека те посоветуваат за бензинци,дизели ја овака од самоистражување и дремење на нет :)
2.5 тди на ФВ групацијата си е хорор приказна.... Опел има супер бензици, дизелите не знам как са.. не сам седнувал да пробам, ни па сам одржувал... Фордо е убава варијанта, ама за жал сите јадат трици за него, иако од 2 форда и ногу илјади километри (ама стварно ногу илјади километри) никаде не е останал на пат, никојпат не е имал дефеци со машина/трубо... Ама редовно менејне ујле филтери, термостати, водни пумпи, каиши, кочници, абе сите потрошни тракатанци (и двете са дизел).. Може да демантирате да викате не е така, ама јас си гледам од мојта камбанарија... Јас сам со 2 раци за форд, ама не да го земеш наевтинио крш од првата страница на огласите...

за бмв320д... ее тава е интересна приказна. Тава си е кола шо се возе без компромиси за резерва делове, ујле, нафта, и генерално одржувајне... Имат ногу здрав мотор, релативно здраво турбо. Кај них најсериозни проблеми са прегорувајне на електрониката на Бош пумпата (ВП44 модело си е проблематичен и у други коли дека шо е вградуван, не е само БМВ, едноставно со тек на време си прегорува..). Другио е прегорувајне на електрониката на електричната перка... не може да се попраа електрониката и требе да се купува нова перка... 320д фејслифт, там имат турбини со променлива геометрија и повеќето детски болести са отстранени, и самата сила и вртежен момент нараснуват сериозно...
Ако сака некој бмв, нека си купе 6 клипа бензинец па да си чине малку раат. Е саа малку повеќе пари ќе дава за бензин, ама коа ќе рикнат 6те под цилиндар, душата му се пуне на човек.... Знам оти бензино е 90 денара... Ама..... Бензин си е бензин...

За ауди а4/а6 со 110 којна... Емии тука имат малку постара варијанта на ВП44 пумпата, чинам ВЕ се викаше и чат пат и на неа и горе електрониката. Најслабата точка на тија мотори е вентило шо ја регулира геометријата и аголо на топлата перка на турбината... Има навика да запечува у една позиција... и да се расипува.... па ако и пиине ујленце преку оската за ладејне може и да поработе самата кола иако си пробал да ја изгасеш со клучо...
А4ката исто имат ногу забегана предница и подвозје со не ти знам колку (најверојатно 17, Џиш беше пишал негде, ама не сам сигурен), и секое ќе требе да го сменеш. Ќе се расклопа колата по македонските патишта....
Ама дупките и подвозјето са проблем на секоја кола....

Некое мече Ц-класа со 250тд мотор е добар (5 клипа, нешто најдобро шо е излезело од постарите мотори на мерцедес, плус турбо).. Тија мерцедеси имат практично неуништливо подвозје...
 
Член од
22 мај 2010
Мислења
630
Поени од реакции
109
на темно плава која што мислите која боја на навлаки би одговарало се мислам за нешто светло сива со циклама некоја ??!
 
Член од
9 јануари 2011
Мислења
418
Поени од реакции
563
Opel Astra g 1.2 1998 god .. ne raboti kilometrazo, na prednite 2 lageri bile pregoreni senzorite
kaj mozam da najdam povolni i so pari .. i kolku se novi dali znajs nekoj
slusnav deka zaedno odat lagero so senzoro ..inace si rabotata lgerite vozam so niv FALA
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Opel Astra g 1.2 1998 god .. ne raboti kilometrazo, na prednite 2 lageri bile pregoreni senzorite
kaj mozam da najdam povolni i so pari .. i kolku se novi dali znajs nekoj
slusnav deka zaedno odat lagero so senzoro ..inace si rabotata lgerite vozam so niv FALA
Од каде си поточно да те упатиме до најблиската продавница
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.882
Поени од реакции
6.943
2.5 тди на ФВ групацијата си е хорор приказна.... Опел има супер бензици, дизелите не знам как са.. не сам седнувал да пробам, ни па сам одржувал... Фордо е убава варијанта, ама за жал сите јадат трици за него, иако од 2 форда и ногу илјади километри (ама стварно ногу илјади километри) никаде не е останал на пат, никојпат не е имал дефеци со машина/трубо... Ама редовно менејне ујле филтери, термостати, водни пумпи, каиши, кочници, абе сите потрошни тракатанци (и двете са дизел).. Може да демантирате да викате не е така, ама јас си гледам од мојта камбанарија... Јас сам со 2 раци за форд, ама не да го земеш наевтинио крш од првата страница на огласите...

за бмв320д... ее тава е интересна приказна. Тава си е кола шо се возе без компромиси за резерва делове, ујле, нафта, и генерално одржувајне... Имат ногу здрав мотор, релативно здраво турбо. Кај них најсериозни проблеми са прегорувајне на електрониката на Бош пумпата (ВП44 модело си е проблематичен и у други коли дека шо е вградуван, не е само БМВ, едноставно со тек на време си прегорува..). Другио е прегорувајне на електрониката на електричната перка... не може да се попраа електрониката и требе да се купува нова перка... 320д фејслифт, там имат турбини со променлива геометрија и повеќето детски болести са отстранени, и самата сила и вртежен момент нараснуват сериозно...
Ако сака некој бмв, нека си купе 6 клипа бензинец па да си чине малку раат. Е саа малку повеќе пари ќе дава за бензин, ама коа ќе рикнат 6те под цилиндар, душата му се пуне на човек.... Знам оти бензино е 90 денара... Ама..... Бензин си е бензин...

За ауди а4/а6 со 110 којна... Емии тука имат малку постара варијанта на ВП44 пумпата, чинам ВЕ се викаше и чат пат и на неа и горе електрониката. Најслабата точка на тија мотори е вентило шо ја регулира геометријата и аголо на топлата перка на турбината... Има навика да запечува у една позиција... и да се расипува.... па ако и пиине ујленце преку оската за ладејне може и да поработе самата кола иако си пробал да ја изгасеш со клучо...
А4ката исто имат ногу забегана предница и подвозје со не ти знам колку (најверојатно 17, Џиш беше пишал негде, ама не сам сигурен), и секое ќе требе да го сменеш. Ќе се расклопа колата по македонските патишта....
Ама дупките и подвозјето са проблем на секоја кола....

Некое мече Ц-класа со 250тд мотор е добар (5 клипа, нешто најдобро шо е излезело од постарите мотори на мерцедес, плус турбо).. Тија мерцедеси имат практично неуништливо подвозје...

Ехеее овие шо ми ги препорачувате сите се класа марки и модели и не ми звучат како нешто што би било 3000 евра. Не сум по дизелаш, не сум и нема да бидам тип шо ќе ја вози колата за довде-донде за секоја ситница ама на пример кога ќе ми текне пример да одам за Скопје, Охрид да се осеќам пристојно, сеа не мора луксузи али се што е различно од досегашните 3 101-ни во секој случај би било подобро. Затоа и бев и сеуште сум загреан за Астра, ми се чини како најдобар избор. Е сега како се тие коли во комбинација со плин...исто ме интересира и како се движи потрошувачката, не верувам да е исто како и цената со бензнот...1:2 ?
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
На што може да се должи појавата на бучава со ниска фреквенција во задниот дел на колата, само при возење и тоа при точно одреден број на вртежи? Значи не зависи од моторот, бидејќи во место ја нема, само при движење и тоа при вртежи (немам обртометар) отприлика околу 2000-2500 (за дизел се работи), не зависи од тоа по каков пат се вози и слично. И исто така нема врска во која брзина се вози, бучавата се јавува во секоја брзина, во истиот распон на вртежи.
По мое, не се разбирам, ама се’ ми врти накај лагерите. А ова мајсториве наши отепани, врска што немаат, „нема гајле, ништо не е“ ти викаат... работава, дури се тркала ништо не и’ е, а ко ќе се распадни цела, тогаш ќе ја прајме. Му викам лагерите дали се, не се ми вика, ама ич не му верувам. Сигурно не сака да се замара... Немам мајстор од доверба да му ја однесам па да ја провери и да ми кажи ова ова и ова не чини. Затоа ќе ве молам тука на форум за објаснување.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013

Многу Астри има на плин - значи оди. Потрошувачката би требало да е за околу 10% повисока - отприлика рачунај 1 литар повеќе плин во однос на бензин на 100км.
--- надополнето: 14 септември 2012 во 01:32 ---
На што може да се должи појавата на бучава со ниска фреквенција во задниот дел на колата, само при возење и тоа при точно одреден број на вртежи? Значи не зависи од моторот, бидејќи во место ја нема, само при движење и тоа при вртежи (немам обртометар) отприлика околу 2000-2500 (за дизел се работи), не зависи од тоа по каков пат се вози и слично. И исто така нема врска во која брзина се вози, бучавата се јавува во секоја брзина, во истиот распон на вртежи.
По мое, не се разбирам, ама се’ ми врти накај лагерите. А ова мајсториве наши отепани, врска што немаат, „нема гајле, ништо не е“ ти викаат... работава, дури се тркала ништо не и’ е, а ко ќе се распадни цела, тогаш ќе ја прајме. Му викам лагерите дали се, не се ми вика, ама ич не му верувам. Сигурно не сака да се замара... Немам мајстор од доверба да му ја однесам па да ја провери и да ми кажи ова ова и ова не чини. Затоа ќе ве молам тука на форум за објаснување.
Да не е од ауспухот?
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Ми треба совет (посебно од некој кој го има исто возило).
Возам Рене Меган 2009. Редовно сервисиран и сега сум на 60 000 км. Од сервис (иако веќе сум вон гаранција, така што можам да ги прескокнам) ми велат (така пишува и во книгата во колата) дека треба да се прави ГОЛЕМ сервис: 2 каиши со сите филтри. Ајде за филтрите и разбирам, време им е, ама ребрест и клинест на 60 000 км?!?!? Мислења! Постои ли опасност да цркне нешто стварно на 60 000 км?
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725

Чим е толку пишано од фабрика смени ги. Тие може ке тераат уште 20000 км а може и 19000 и да се скине и да направи беља затоа смени ги.
 
Член од
9 јануари 2011
Мислења
418
Поени од реакции
563
Од каде си поточно да те упатиме до најблиската продавница
Od Bitola ..ama tuka majstor prasav novi bile 5000 den..dvata 10 000 a slusnav od grcija gi poracvale po 30 evra ..so cena i kade ako se razbira nekoj :D

I ako znaj nekoj kaj mozam da najdam od Bt sum dalinsko za radioto v kola
nippan e firmata nz tocno ..imav slusnato deka ima univerzalni dalinska fala
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.055
Поени од реакции
758
Здраво,

Дали знае некој нешто повеќе за BMW Turing 320D
Нејверојатно се скапи и деловите и се ама ме интересира што им е најчест квар и дали вреди за 5000еур
http://www.reklama5.mk/Details.aspx?ad=450822
Знам дека за вкусови не се дискутира ама 5000 евра јас не би ни помислил да дадам за ова возило. Плус караван? ;)
 
Убава кола, и возе ногу стегнано.. Кај нас човеците сакат меко да ги возе, како лотка да се маа у кривините.. Оваа ако е се ок по подвозјето у кривни ќе оде како по шини..

Можни проблеми:
Сензор за аирбег на совозачкото седиште, проверува дали има некој седнано или не, Ќе свете сијалицата за аирбег на шалт таблата. Може да се исклуче со ДИС, или да се оправе со некакви отпорници, или да се купе оригинален за 100тина евра. Ако колата е од бугарија, може да е извадена сијалицата на шалт таблата, или да е там и да е покриена со изолир. На контакт се познава.. требе да е у долен десен агол на самата табла.
Сензор на ниво на ујлето.. 120 евра на Хелла (не се зима евтини марки, оти не работат). Коа даваш контакт и палеш, ако после 10 секунди сијалицата за ујле светне жолто и стое 5 секунди така, расипан е. Или гасеш и вадеш клучо и сијалицата продужува да свете....
Има 2 термостата (еден голем и еден мал). Големио го менат, малио го забрават па не загрева убаво колата. Малио се наваѓа до ЕГР вентило.
Електроника на Бош пумпата... Имат вп44 пумпа шо со тек на време и горе електрониката... Поправка 450-500 евра... или половна пумпа (ама нема гаранција дали ќе оде електрониката оште ногу.. задолжително се штелува на стенд)...
Електрониката на перката за ладејне горе. Не може да се попраа и се купува нова перка.. Тајвански има за 100тина евра, оригниална 250 евра некаде...
Шом има вебасто, евентуално ќе се расипе. Најди начин как да го исклучеш или извадеш.. Освен ако не мислеш да си го поправаш.. Арно ама на оваа как шо гледам перан е моторо, а вебастото е првото нешто шо може да се расипе после таква процедура ако не е правилно исперено.

Има оште еден куп нешта шо са спрецифични за неа, ама ме мрзе да пишам...

Други нешта шо ми текнуват са, ујле на диференцијал и менач да си сменеш ако ја купуваш...

Слаби места за изгниено.. Преден лев калник, предна лева врата озодле на среди, и одзад кај таблата дека шо стое.

Знам дека за вкусови не се дискутира ама 5000 евра јас не би ни помислил да дадам за ова возило. Плус караван? ;)
Шо му фале на каравано бе.. пуштеш задни седишта и работеш на случајо со момата. :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Бмв по принцип не са евтини коли... Убаво и евтино бмв само у Бугарија има. :):)
 
Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
Со други зборови значи оваа кола не се исплати за тие пари???
Сите спомнати проблеми е голема веројатноста да се покажат така?
Освен електрониката ( бош пумпа) имаат ли некој поголем проблем / квар што се појавува често или се е до среќата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom