- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.853
Перманентно или привремено? Ако е постојано тогаш е навистина штета!Баниран е поради дупли јузер.
Перманентно или привремено? Ако е постојано тогаш е навистина штета!Баниран е поради дупли јузер.
Искрено немам поим. Штета и мене ми недостига, али тука е некаде, го осеќамПерманентно или привремено? Ако е постојано тогаш е навистина штета!
Ова со МП било ‘‘пљачка тречег рајха‘‘ навистина грабеж на столетието!Со месеци наназад пишувам дека Макпетрол е речиси банкротирана фирма, менаџерскиот тим ги испумпува парите во Оилко (нивна приватна фирма), а ги остава долговите на Макпетрол. Јас не би дал ни 50евра за акција од Макпетрол.
Се слагам со тебе, освен за цитираниот дел.Ова со значајниот пад на акциите на макпетрол, топлификација и макстил е пред се заради нивната одлука да не поделат дивиденда.
Ај некој нека ми објасни како Макпетрол може да влезе во загуба.Се слагам со тебе, освен за цитираниот дел.
Дивиденда се дели од добивката на компанијата, Макпетрол е во загуба за минатата година, значи нема што да дели. Најдов информации дека и за првите 6 месеци оваа година се во загуба и покрај тоа што се намалени платите на вработените (намалени трошоците). Значи најверојатно нема да има што да се дели и следната година.
Всушност оваа година се на речиси 0. Еве ти извештај прочитај подетално.Ај некој нека ми објасни како Макпетрол може да влезе во загуба.
Малку разгледав на нет... и дојдов до заклучок дека да му дадеш на МП беспари нафта... пак ќе прикажат загуба!Ај некој нека ми објасни како Макпетрол може да влезе во загуба.
Дивиденда е секогаш битна безразлика дали пазарот е во експанзија или контракција. Во основа одбегнувам фирми кој не даваат дивиденда. Ај тоа што дивидендата ја добуваш екстра како дел од профит и можеш да ја реинвестираш. Туку студии покажале дека компании кој делаат дивиденда на долг рок имаат подобра капитална добивка. Друга причина за инвестирање врз база на дивиденда е што претставува маркер за валуација на фирмата. ОБИЧНО фирми со високи дивиденди приноси се потценти (ама не е 100% точно правило).Точно е дека директорите ја користат секоја можност да направат екстра кеш (за себе) ама мислам дека состојбата не е толку алармантна. Медиумите се такви како што се, не заборавајте ако не им се рекламираш ќе те пердашат. Ова со значајниот пад на акциите на макпетрол, топлификација и макстил е пред се заради нивната одлука да не поделат дивиденда. Моментално пазарот на хартии од вредност е таков да се бара тој дивиденден принос од страна на инвеститорите, (веројатно затоа што сметаат дека, и имаат право, пазарот ќе стагнира и стагнира веќе година-две од 2500- 1900 (МБИ) тоа се некои плус минис 30% во пократок временски интервал. Во вакви околности реално е да се барани акциите што делат дивиденди како комерцијална, алкалоид и гранит и нивната вредност е незначително намалена во однос на останатите. 2012 се знаеше дека е изгубена година, но повеќе не сум оптимист ни за 2013-2014. Затоа што гледам еден расчекор (преседан) кој прв пат се случува на мк берза (не дека имаме голема традиција ама сепак) МБИ 10 индексот последната година е паднат, акциите имаат помала или иста вредност како и пред една година, проблемот е што во ЕУ растеа (не којзнае колку ама сепак растеа тој период) и прашањето е зашто нашата берза не ги следи европските. Треба да се има во предвид дека нашата берза порано беше дури идентична со германската или француската берза во тоа дали има раст или пад. Тука е проблемот за кои сметам дека е политички, можеби името, можеби нешто друго. Можеби имаше право овој наш скептичен народ кога велеше никогаш нема да влеземе во нато и еу. Станувам песимист и почнувам да се сомнеавам дека сепак Македија, Србија, Косово и Босна или последни (со Турција) или нема да напредуваат во ЕУ-Нато интеграциите. А тоа значи и поинаков тек на берзата (моето одамна кажано предвидување е дека ако влеземе во нато истиот ден МБИ 10 изнесува 3,700-4,500 поени или двојно од сега.) Ако има промени во овие би рекол геополитики, за што постојат некои почетни предуслови (како на пр. развој на одредени земји кои во минатото биле маргинализирани, а сега преку растот на економијата им се овозможува и политички да влијаат) мислам дека тоа не би било поволно за инвестирање во македонската берза.
Има и друг момент, компаниите што делат дивиденда можеби се наоѓаат во развоен застој, т.е. немаат начин да ги инвестираат средствата кои ги поседуваат па ги делат преку дивиденда. Ваквите компании долгорочно ги губат позициите на пазарот и нивната вредност паѓа, на пр мајкрософт никогаш нема поделено дивиденда а акцијата има пораснато неколку илјади пати. Абе ајде немало врска еу и нато ај види ја берзата во бугарија пред да стане членка на нето, ај види ја македонската берза во март 2009 и во октомври 2009 (кога сме сметатеше дека ќе добиеме препорака за почеток на преговори) од 1600 во март во окт рипна на 4000 скоро. а тоа што се ја следи српската објаснив зашто е тоа такаДивиденда е секогаш битна безразлика дали пазарот е во експанзија или контракција. Во основа одбегнувам фирми кој не даваат дивиденда. Ај тоа што дивидендата ја добуваш екстра како дел од профит и можеш да ја реинвестираш. Туку студии покажале дека компании кој делаат дивиденда на долг рок имаат подобра капитална добивка. Друга причина за инвестирање врз база на дивиденда е што претставува маркер за валуација на фирмата. ОБИЧНО фирми со високи дивиденди приноси се потценти (ама не е 100% точно правило).
После МК берза не ги следи толку многу Западно Европските берзи туку Регионалните Бугарска Српска итн. Турска берза е најјака во Европа во Моментов а нема ни бутур од ЕУ и НАТО. Друго што е контра на политичката ЕУ/НАТО теорија Бугарска берза кој е во членка на ЕУ и НАТО се однесува исто како Македонска берза. И таму акциите се утепани и ги даваат пошто потоа. Така да благе везе нема со ЕУ и НАТО. Повеќе гледам тука само навика на Македонци да бараат политика каде што нема.
Инаку овој момент сум за правење на портфолио од македонски високо дивиденди акции кој се ликвидни. Во моментов одам на КМБ АЛК ФЕР ГРН и ТЕЛ. Имаш дивиденда во просек од окулу 6-7% речиси исто колку и орочени денари. Плус и сите се јаки стабилни фирми. Ова е малку поконзервативен начин на инвестирање ама функционира одлично.
Инаку во САД има една сега популарна стратегија се вика Dividend Growth Investing. Значи се купуваат акции во кој номиналната вредност на дивидендата расте постојано и покажува одлични резулати како начин на инвестирање и градење портфолио. А за мрзливци кој немаат време или знаење да се баштаат со индивидуално селектирање на акции има ETF кој за 0.5% провизија годишно го прави тоа за нив.
Како и да е дивиденда е многу битна работа...Изесапиле дека ако земеш акции со висока дивиденда и ја реинвестираш истата на долг рок имаш поголем приход од просечни акции од индексот на берзата.
Се слагам, еве на пример кај нас Телеком целата добивка ја дели во дивиденди, но профитот од година во година се намалува. Едноставно треба да реинвестираат повеќе во нови технологии и продукти за да останат високопрофитабилни, во спротивно за неколку години профитот (а со тоа и дивидендата ќе се преполоват).Има и друг момент, компаниите што делат дивиденда можеби се наоѓаат во развоен застој, т.е. немаат начин да ги инвестираат средствата кои ги поседуваат па ги делат преку дивиденда. Ваквите компании долгорочно ги губат позициите на пазарот и нивната вредност паѓа, на пр мајкрософт никогаш нема поделено дивиденда а акцијата има пораснато неколку илјади пати
Има многу стратегии за инвестирање не е само ловење дивиденда. Има т.н. growth investing кој се базира на пораст на добивката т.е. се ловат компании кој брзо растат. После има инвестирање во мали компании (докажале дека нивните акции побрзо растат). Имаш после инвестирање во потценети компании (слично е како ловење на дивиденди). После имаш инвестирање во компании од бум сектори итн. За македонски услови посебно како што се сега на берзата најсоодветно е дивиденди. Има и друга финта кај дивидендите обично тие се компании со низок бета т.е. имаат помали флуктоации од самиот индекс што ги прави помалку ризични и капиталот е побезбеден.Има и друг момент, компаниите што делат дивиденда можеби се наоѓаат во развоен застој, т.е. немаат начин да ги инвестираат средствата кои ги поседуваат па ги делат преку дивиденда. Ваквите компании долгорочно ги губат позициите на пазарот и нивната вредност паѓа, на пр мајкрософт никогаш нема поделено дивиденда а акцијата има пораснато неколку илјади пати. Абе ајде немало врска еу и нато ај види ја берзата во бугарија пред да стане членка на нето, ај види ја македонската берза во март 2009 и во октомври 2009 (кога сме сметатеше дека ќе добиеме препорака за почеток на преговори) од 1600 во март во окт рипна на 4000 скоро. а тоа што се ја следи српската објаснив зашто е тоа така
И Телеком е добра акција ама треба правилно да се користи. Фирмата е средно процента не е подценета многу. Но има многу ниско бета што е доста интересно да се уфли во портфолио таква акции може да ја намали стандардната девијација на портфолиото а не толку многу ја намалува добивката т.е. го носи портфолиото до т.н. ефективна маргина според современтата портфолио теорија нали... Плус има одлична дивиденда. ТЕЛ се појави на берза во 2006 мислам со номинална цена 100 денари(таков најдов податок иако мислам дека беше повеќе едно 300) кога МБИ 10 беше 2-3000 сега МБИ 10 е 1800 а ТЕЛ е 450 плус секој пат дава дивиденда од окулу 10% што е далеку над просекот. Ако ги пресметаш реинвестираните дивиденди ТЕЛ ќе испаден една од најдоходовните акции на МБ.Се слагам, еве на пример кај нас Телеком целата добивка ја дели во дивиденди, но профитот од година во година се намалува. Едноставно треба да реинвестираат повеќе во нови технологии и продукти за да останат високопрофитабилни, во спротивно за неколку години профитот (а со тоа и дивидендата ќе се преполоват).
MBI 10 ima pik na 12 okt 2009 zaradi eu neznam kako da te nateram da go vidis toa idi na bloomberg.com, baraj mbi:ind a ako nesakas toa da go vidis stvarno ne mozam da ti pomognam eve sepak sum dobar, gledaj kolkav rascekor imalo i pred krizata kolku bile preceneti nasite akciiИма многу стратегии за инвестирање не е само ловење дивиденда. Има т.н. growth investing кој се базира на пораст на добивката т.е. се ловат компании кој брзо растат. После има инвестирање во мали компании (докажале дека нивните акции побрзо растат). Имаш после инвестирање во потценети компании (слично е како ловење на дивиденди). После имаш инвестирање во компании од бум сектори итн. За македонски услови посебно како што се сега на берзата најсоодветно е дивиденди. Има и друга финта кај дивидендите обично тие се компании со низок бета т.е. имаат помали флуктоации од самиот индекс што ги прави помалку ризични и капиталот е побезбеден.
Зошто ги сакам Македонските Дивиденди лесно се пресметуваат и се многу ликвидни тие акции...додека компании со раст е малку потешко да ги најдеш и треба поголем труд инвестирање во мали компании е невозможно бидејќи акциите им се премногу неликвидни.
Инаку Македонската Српската Бугарската и Хрватската од 2003 до денес се копи пејст сите синхронизирано имаа пик во 2008 и колапс во 2009...
Во истиот месец октомври 2009 има идентичен пик и на СОФИКС (бугарска берза) членка на ЕУ од 2007 и НАТО од 2004. Корелацијата меѓу СОФИКС и МБИ10 е многу силна од самото формирање на двете берзи. Спореди Софикс и МБИ10 и ќе видиш.Прегледај го приврзокот 48947
MBI 10 ima pik na 12 okt 2009 zaradi eu neznam kako da te nateram da go vidis toa idi na bloomberg.com, baraj mbi:ind a ako nesakas toa da go vidis stvarno ne mozam da ti pomognam eve sepak sum dobar, gledaj kolkav rascekor imalo i pred krizata kolku bile preceneti nasite akcii