Фан Клуб: Ливерпул

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ilumious не мора да не префрла никаде, него да ни ја прекрсти темава само...... Фан Клуб Мачиња.

Ебаве дрвата.... пишете нешто паметно барем, та не за мачињата ваши! ц цц ц
Јас дојдов со таква цел :) Топ 5 имиња кои се поврзуваат за нашата голманска позиција:

Мишел Ворм (Свонси) - Ѕвер голман, во одлична форма, одличен рефлекс, 28 години е што значи дека сеуште има бајаги да игра и можеби тек сега ќе го достигне врвот на кариерата.

Али Ал-Хабси (Виган) - Дали овој 30-годишен голман е потценет или не знам што, али ја секад коа ги гледам Виган против некој појак клуб, типацов ги вади од огромни лајна. Не сум го прател убаво, али на секоја битна утакмица на Виган, Ал-Хабси никад не разочарал. Али би бил доволно добар за да биде замена и ротација на Реина, ама не сум сигурен дали е за прв голман на Ливерпул. Сепак не знаеме што точно бара Роџерс...

Мартeн Стекеленбург - 29 години, беше типуван како новиот Ван Дер Сар, одличните изданија на светското во 2010та година му донесоа трансфер во Рома, каде формата драстично му опадна. Не би дошол ефтино, а чим е ризичен со формата, ја не би тргнал по него.

Марк Андре Тер-Штеген (или како и да се чита ѕверов). 20 годишен, еден од неколкуте најголеми проспекти на оваа позиција. Не сум го гледал никад како игра за жал, па не можам да дадам мое мислење. Али ако е добар колку што го фалат, овој ако го зееме може да ни биде иден голман у наредните 15 години.

Џек Батленд - Типуван идниот Џо Харт, 19-годишново момче откако беше вклучен од Хоџсон во екипата за Европското се направи голема галама низ цела Англија. Секако не заигра за сеноиорската репрезентација, но го оправда повикот со тоа што имаше брилијатни партии на Олимпијадата. Но за да стане врвен голман, мора добро да се негува, а доколку ние го земеме не верувам дека веднаш би играл за прв тим и прогресот може да му стагнира.

Тоа се петте голмани со кои се поврзуваме денеска. Искрено ја би чекал да видиме Реина како ќе се покаже до Јануари, ако продолжи со киксови и клучни грешки треба да се бара замена. Од овие ја највеќе би тргнал по Ворм, настрана тоа што ја разбира играта на Роџерс, самата негова појава лани во Премиер Лигата ме чудеше како тоа ваков голман седи на клупа за Холандија и претходно играл во втора лига. Секако не би го ни продал Реина, али пак по 100ти пат ќе истакнам дека според мене за еден клуб да биде успешен, мора да има двајцата одлични голмани кои можат да учат еден од друг, кои се полни со искуство и ќе имаат бенефит од компетицијата и нема никад да се стравува да не му падне формата на едниот, да не се повреди, да не добие црвен пошто полесно е да се потпреш на 2 еднакво високи столба, отколку да си потпрен цело време на еден висок, па кога ќе се спушти пониско високиот од толку потпирање да мора да се преместиш на уште понискиот :) (мислам дека добра беше метафорава :D )
 

kazioX

Примерен форумџија
Член од
28 април 2011
Мислења
3.849
Поени од реакции
10.657
пошто полесно е да се потпреш на 2 еднакво високи столба, отколку да си потпрен цело време на еден висок, па кога ќе се спушти пониско високиот од толку потпирање да мора да се преместиш на уште понискиот :) (мислам дека добра беше метафорава :D )
Тука е врвот на објаснувањето. :pos:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Добро бе вие договорени сте со Ranomi да ми го уништите престојот овде? Станавте сабајле: Добро утро S.L. добро утро Ranomi.....како да му го заебиме денот на Росемберг??!!!


Bad boys а? ;)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Како за чудо.......баш од тебе очекував да го погодиш ова (y)
Шо да не го погодам, тие два дела ги имам гледано најмалку 20-30 пати, озбилно.....
--- надополнето: 11 септември 2012 во 16:26 ---
http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2201463/Rafa-Benitez-blames-Tom-Hicks-George-Gillett-Liverpool-decline.html
ИНТЕРВЈУВО МОРА ДА ГО ПРОЧИТАТЕ!!!!
Рафа Бенитез зборува за тоа како доколку Хикс и Жилет му даделе трансфер буџет за да ги купи или Апсон или Дистин како поддршка за Кара,Шкртел, и Агер, и како барал резерва/поддршка за Торес кој бил единствен напаѓач (а во тоа време Нгог не бил зрел за прв тим) и кажува како тогаш Ливерпул не бил Фудбалски Тим него бизнис.....
 
Г

Гучи

Гостин
Шо да не го погодам, тие два дела ги имам гледано најмалку 20-30 пати, озбилно.....
Нема шанси да си озбилен.

Првиот дел трае 118 минути, вториот трае 148 минути, или знаедно 266 минути. Ако си ги гледал и двата еве по 25 пати, тоа се 50 пати вкупно.
Значи:
266мин. * 50пати = 13300 минути или 221,6 часа или 9,2 дена.

Сакаш да ми кажеш дека вкупно 9 дена си потрошил од животот за филмовиве?
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
3.831
Поени од реакции
3.616
Ајде да се вратиме на нашиве зверови.
Шо викате ,ќе го јадеме од Сандрленд и колку ќе го јадеме?:)
 

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.705
Поени од реакции
11.942
Ајде да се вратиме на нашиве зверови.
Шо викате ,ќе го јадеме од Сандрленд и колку ќе го јадеме?:)
Јас сонвав дека ќе изгубиме 3-0
Рачунај сега
--- надополнето: 11 септември 2012 во 19:21 ---
Да ви се пофалам. Напишав учебник за копуци ко вас да учат. Понеделник или вторник ќе бидит „издаден“ (betrayed :icon_lol: )

Знам, знам... pics or didn't happened...
И ти ли како Роџерс со учебниците ?? Работа треба а не книги...........ех бе Biafran Jet Set бе :coffee:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Еј, малку сериозност...прочитајте, дајте мислење и слично. Се разви дискусија, гоооолема дискусија околу фан клубов. Да знаете, за утакмицата со Сандерленд пожелно е да присуствуваат сите, буквално сите што имаат уплатено, планираат да уплатат, се мислат дали треба или не. Нека дојдат, да видат што и како се одвиваат работите, да допридонесат затоа што ова здружение не може да го водат само оснивачите. За тие што не се од Скопје, а исто така се членови или се размислуваат дали да станат може слободно да ме исконтатираат мене, со желби, идеи, предлози и слично.

Состанокот ќе се одржи во најмала рака час и половина пред почеток на натпреварот во Сабота. Ќе ве известам подетално за време и место.

НЕМОЈ ДА БИДЕТЕ ПАСИВНИ, НЕМОЈ ДА БИДЕТЕ КЛАСИЧНИ ФИРОМЈАНИ И ДА ЧЕКАТЕ 2-3ца ДА ЈА ЗАВРШАТ ЦЕЛАТА РАБОТА И ДА НЕ ГЛЕДАТЕ КАКО БУТИК ЗА МАИЧКИ НА ПОЧЕТОК НА СЕКОЈА СЕЗОНА. ОЗБИЛНО, САКАМ ДА ПРОЧИТАМ/СЛУШНАМ ИДЕИ И ПРЕДЛОЗИ.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Да ви се пофалам. Напишав учебник за копуци ко вас да учат. Понеделник или вторник ќе бидит „издаден“ (betrayed :icon_lol: )

Знам, знам... pics or didn't happened...
Бестселер од 180 страни :D
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Нема шанси да си озбилен.

Првиот дел трае 118 минути, вториот трае 148 минути, или знаедно 266 минути. Ако си ги гледал и двата еве по 25 пати, тоа се 50 пати вкупно.
Значи:
266мин. * 50пати = 13300 минути или 221,6 часа или 9,2 дена.

Сакаш да ми кажеш дека вкупно 9 дена си потрошил од животот за филмовиве?
Па? Ама зборувам на пример во период од два месеци ова се случуваше....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom