Зошто атеистите се толку опседнати со Бог и религијата?

И DBаck, што да сториме, за да ни‘ се описмени народов наш неук, за да може, „онака„ нели, едногласно да се приклони кон сите лаги и фантазми, кои денес се запакувани во сциентистичка амбалажа?

Ето, во жалосна Македонија, практично секое маало доби или „средно„ или факултет, „м-р„ и „д-р„ може да стане секој, а стекнувањето научни звања, стана индустриска хипер-продукција, разбираш...

За почеток, треба да се почне со основно образование. Посебен акцент да се стави на македонски јазик со неговата граматика, а паралелно да се надополни со дупли часови математика.

Во шесто (ново 7-то), да се камшикуваат сите деца што неоправдано ќе отсуствуваат од биологија и географија. Во седмо (ново 8-мо) да се прераспределат во ЈП Комуналец сите оние кои ќе добијат барем еден кец по физика или хемија.

Во средно, за почеток, да се убијат членовите на комисиите кои стискаат да се примат ученици во средно медицинско со просек 2 (два). Било кој наставник (кој ги тера децата да го викаат „Професоре“) што нема да може да одговори на елементарно прашање од материјата да биде веднаш прераспределен како хигиеничар - во истото училиште.

На факултет да се забрани бескритериумско запишување на малоумни и двојкаши кои книга не отвориле минатите 13 години.

Тогаш, и само тогаш, Мики1, Македонија ќе почне да се описменува. За пар генерации веќе нема да ни биде срам од тоа колку сме неписмени - ќе бидеме малку неписмени.

Така, нашите внуци ќе имаат шанса да живеат во не така малоумна и неписмена држава.

Поинаку - тешко!
 
Абе ти политичар да не си...сите се прости само нашата партија е паметна...
Во кој век живееш?
Не сум политичар, ниту навивам за некоја партија. Доволно долго се расправам со народот македонски за да ми е јасно дека е неписмен.

Еве, сеа и со тебе се расправам... 'бем ли га - нема раат од неписмени!
--- надополнето: 10 септември 2012 во 12:57 ---
религија не е тема по која се цени народ...

отиди у друга земја, поживеј исто срање е
Ја не ценам по религијата - ценам по неписмениот израз. Да не се знаело голема буква, запирка... Да не се знае точка каде да се стави...

За логика и критичко мислење, па, ич да не збориме - научна фантастика!
 
Не сум политичар, ниту навивам за некоја партија. Доволно долго се расправам со народот македонски за да ми е јасно дека е неписмен.

Еве, сеа и со тебе се расправам... 'бем ли га - нема раат од неписмени!

секој шо не мисли ко тебе не е неписмен
 
Боговите се имагинарни. Религијата е стварна и заебана. Во земја во која владеат корумпирани лигуши донесени на власт со гласови на полуписмена раја и тоа како има причина да се пишува против религијата - една од главните алатки за заведување и потчинување.

Да живеев у Норвешка, можеби ќе бев хипик по прашањето на наивност и игнорантност на сожителите. Тука, тешко. Земи обрни внимание на артикулацијата и аргументите на сериозен дел од опонентиве на подфорумов. Не ти е срам да си дел од така неук и неписмен народ? Не ти е глупо?

Црквата/Религијата и државата се одвоени во денешно време. Кај нас денес религијата ти е избор, не ти е наметната, остај тоа што не крштаваат од бебиња. Ако сакаш биди си верник ако не сакаш не мораш, никој нема да те запали на клада...

И друго, многу членови ме разбраа погрешно со првиот пост. Не сакам дека кажам дека не треба да се обидете на некој верник да му го објасните вашето мислење културно, човечки и аргументирано, туку сакав да кажам дека и да не можете да го преубедите да не се однесувате омаложувачки, навредливи и да бидете малку толерантни.
 
Па обрати им се и на Монти Пајтон за да го забранат Житието на Брајан.
 
За почеток, треба да се почне со основно образование. Посебен акцент да се стави на македонски јазик со неговата граматика, а паралелно да се надополни со дупли часови математика.

Во шесто (ново 7-то), да се камшикуваат сите деца што неоправдано ќе отсуствуваат од биологија и географија. Во седмо (ново 8-мо) да се прераспределат во ЈП Комуналец сите оние кои ќе добијат барем еден кец по физика или хемија.

Во средно, за почеток, да се убијат членовите на комисиите кои стискаат да се примат ученици во средно медицинско со просек 2 (два). Било кој наставник (кој ги тера децата да го викаат „Професоре“) што нема да може да одговори на елементарно прашање од материјата да биде веднаш прераспределен како хигиеничар - во истото училиште.

На факултет да се забрани бескритериумско запишување на малоумни и двојкаши кои книга не отвориле минатите 13 години.

Тогаш, и само тогаш, Мики1, Македонија ќе почне да се описменува. За пар генерации веќе нема да ни биде срам од тоа колку сме неписмени - ќе бидеме малку неписмени.

Така, нашите внуци ќе имаат шанса да живеат во не така малоумна и неписмена држава.

Поинаку - тешко!

Полека, кочи...

Тоа што по некое правило, на факултетите би требало да студираат и професоруваат надпросечно паметни и способни, тоа и некако го подразбирам, а тоа што кај нас не е така, тоа е друго прашање...

Ако писменоста ја сведеш само на создавање писмена каста, која ради својата ексклузивност да биде писмена, „аутоматски„ ќе се двои од народот, значи ли тоа дека токму ради нивната писменост, ќе имаме помалку религиозни глупаци, а повеќе поклоници на сциентизмот и неговите фантазми, приказни, балади и минливо-менливи вистини?

Се соменавам: со тоа, само ќе ја нарушиш демократичноста од образованието и така, ќе се вратиме во некои минати времиња, каде саде царо, негоата фамилија и то богатата аристократија, ја имаа можноста да бидат образовани...

Арно ама, што да прајме со дел од врвно образованите, како што се на пример, руските академици, кои и покрај своите научни титули, не Го заборавија Бога и верата?
 
За почеток, треба да се почне со основно образование. ......................
.............................
.......................
Поинаку - тешко!
Го заборави најважното....
На наставниците да им се врати правото....
да му залепат вруќ шамар (и тоа убаво да се познаат прстите на лицето каде е залепен шамарот) на ученикот кој го ремети редот на час, не го знае одговорот на елементарно прашање, кој ќе посегне по мобиљка на час и уште многу други работи по проценка на наставникот.:D
--- надополнето: 10 септември 2012 во 13:53 ---
Арно ама, што да прајме со дел од врвно образованите, како што се на пример, руските академици, кои и покрај своите научни титули, не Го заборавија Бога и верата?
Се додворуваат на црквените великодостојници... само за толку им треба бог.
 
Мислам дека атеистиве се на подфорумов само за да „метат“ со религиозните и да си играат со нивната „логика“... духовна :свиркам:
Да ги иритираат религиозните и нивните догми, верувања без пракса, надежи без знаење за подобро утре... за некој друг иден живот кој можеби ќе го има а можеби и не...
Мислам дека тоа е причината на атеистите што се овде...
Или пак да научат од некој упатен поеќе за некоја религија... да се преиспитаат... се си бидува.
 
Не бе, тука се затоа што се верници како и тие од спротивниот табор...а длабоко у себе им тлејат програми со години стари....како вируси :)
--- надополнето: 10 септември 2012 во 16:12 ---
Смешно ми е старци кога ќе се зајадат :pos:
Нема никаков жар.....не вреди.
 
„Не бе“... ти ќе ми кажеш зошто се овде... Не ги знам јас мислиш? :)
Штета што атеистите се помудри и похумани од верниците инаку ќе висеа верници на крстови и бандери по светот, ама изгледа оставаат верниците сами да ја завршат валканата работа... :pos:

п.с. Старци и одлучуваат како со Земјата :D Не се смеј премногу, ќе се заебеш.
 
Атеист е баниран од темава поради континуиран оф-топик и навредлив речник.
Останатите, или водете вистинска дискусија, или не се замарајте да ја посетувате темава.
 
.......сциентизмот и неговите фантазми, приказни, балади и минливо-менливи вистини?
Знам дека си доволно интелегентен за да го сватиш следново во врска со твојов "аргумент" за невалидноста на научните вистини, поради нивната "минлива - менливост".

Значи вака. Имаш набљудувач чија точка на набљудување е статична - неменлива, и пред него се наоѓа столб, свртен со неговата квадратна основа. Поради статичноста на набљудувачот, тој пред себе гледа само квадрат - дводимензионално тело со четири исти страни и четири исти агли.
Ако набљудувачот почне да ја менува точката - местото од кое набљудува, ќе свати дека пред него не се наоѓа дводимензионално тело, туку тродимензионално - столб со висина, ширина и должина.....
Е сега според твојава логика, тоа значи дека тој се нашол во заблуда, и новото сознание кое сега го има е лага, бидејќи е производ на менлива вистина!

Науката својата "менливост" во сознанијата ја должи токму на овој факт. Таа се надградува, се дополнува.
На пример Њутновите закони не се погрешни затоа што теоријата на релативноста или квантната механика откриле "менлива" вистина, која е поинаква од њутновата. Тоа едноставно значи, дека тие се дел од покомплексен систем, систем во кој теоријата на релативноста ја надополнува њутновата механика.
Твоето тврдоглаво негирање на науката само затоа што не се вклопува во твоите догматични убедувања е во најмала рака лицемерно. Ти секојдневно ги користиш придобовките на науката, компјутерот на кој ја негираш, автобусот со кој се возиш, телефонот со кој разговараш.....сите тие се реалност не благодарение на твојата религија, туку благодарение на науката.
Таа "менливост" е најголемиот фактор за успешноста на науката, фактор кој ти го сметаш за нејзина слабост....:)
Смешно и жално во исто време....
 
Не знам како дојде до моментот да се заклучи дека науката и вербата во Бог се взаемно дисјунктни и ексклузивно исклучиви работи?

Јас лично сметам дека тоа е ноторна глупост.

MIKI1 мислам дека нема потреба од толку жестина кон науката особено кон таканаречените по твое квази наулни дисциплини кои наводно ја минуваат црвената граница на религијата!?!?
Би запрашал како тука тие науки тебе лично те деконцентрирале во твојата верба во Бог?

DBack претпоставувам кога даваше осврт кон образованието и исклучивоста на религијата од образовниот систем мислеше токму на онаа институционализирана форма на религија кој носи закоравеност кај широките народни маси и нивно лесно влечење за нос, од страна на црквата која безскрупулозно се самонаметна како посредник меѓу верникот и Бога. Нон сенс бидејќи и тие се обични луѓе како сите нас.

Мислам дека тука никој не чепка во верата, она што сите го имаат некаде длабоко во себе, зависи кој и како ја црпи таа вера за понатамошна животна енергија и водење поудобен живот.
Некој ја црпи со верба во своите способности, некој со верба во Бога, некој од љубовта со партнерот, некој од љубовта со децата, итн..

Проблемот е институционализираната религија која се става себе си над индивидуалната вера и се обидува да наметне колективна вера еднаква за сите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom