DBack
gloveless
- Член од
- 19 декември 2007
- Мислења
- 5.372
- Поени од реакции
- 2.556
За почеток, треба да се почне со основно образование. Посебен акцент да се стави на македонски јазик со неговата граматика, а паралелно да се надополни со дупли часови математика.И DBаck, што да сториме, за да ни‘ се описмени народов наш неук, за да може, „онака„ нели, едногласно да се приклони кон сите лаги и фантазми, кои денес се запакувани во сциентистичка амбалажа?
Ето, во жалосна Македонија, практично секое маало доби или „средно„ или факултет, „м-р„ и „д-р„ може да стане секој, а стекнувањето научни звања, стана индустриска хипер-продукција, разбираш...
Во шесто (ново 7-то), да се камшикуваат сите деца што неоправдано ќе отсуствуваат од биологија и географија. Во седмо (ново 8-мо) да се прераспределат во ЈП Комуналец сите оние кои ќе добијат барем еден кец по физика или хемија.
Во средно, за почеток, да се убијат членовите на комисиите кои стискаат да се примат ученици во средно медицинско со просек 2 (два). Било кој наставник (кој ги тера децата да го викаат „Професоре“) што нема да може да одговори на елементарно прашање од материјата да биде веднаш прераспределен како хигиеничар - во истото училиште.
На факултет да се забрани бескритериумско запишување на малоумни и двојкаши кои книга не отвориле минатите 13 години.
Тогаш, и само тогаш, Мики1, Македонија ќе почне да се описменува. За пар генерации веќе нема да ни биде срам од тоа колку сме неписмени - ќе бидеме малку неписмени.
Така, нашите внуци ќе имаат шанса да живеат во не така малоумна и неписмена држава.
Поинаку - тешко!