Barclays Premier League Season 2012-2013

Кој ќе се пакува за у Европа?


  • Вкупно гласачи
    86
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Читам читам по фан клубојве и оп шо читам. Навивачите на Ливерпул сакат да го вратат Рој Хоџсон, назад. :tapp: И тие поќе не знат шо сакат. Едни него, други овај, трети жалат по Рафа, четврти Кинг Кени. Не зборам за овај форум овде, конкретно, и други форуми истото.

Јас мислам едно. Дека кој и да дојди тренер (од овие помалите да речам, послабите) им е џабе. Нив им се наметнува притисок веднаш, дека Тој е тој, кој Ливерпул треба да го извади од „калта“ и да го врати на престолот во Англија, односно за прв пат да ја освој ПЛ. Како што правеле на времето во Дивизија 1. Е сеа, истото им се случува и на Рој и на Брендон. Истото ќе му се деси и на Мартинез или пак Емери, ако некој од нив дојди. Шо е финтата ? Истото се случи и со Керол. Огромен трансфер, огромни очекувања од +35 гола во сезона, огромна публика и поддржувачи. Сето то е притисок. Коа Венгер дојде кај Нас, никој не очекуваше од него ништо. Направи БУМ ! Сега, последните неколку години сите очекуваат од Венгер да го врати Арсенал онаму каде што го однесе, но не може. Сега, никој не очекува ништо од Арсенал. Конкретно сезонава. Многу малку знаат, но Арсенал донесе нов помошник на местото на Пет Рајс. Го донесе Стив Болд, кој 88/89 го сочинуваше одбранбениот тандем со Тони Адамс. Тој истиот кој на Енфилд, во истата година, крена титула, во 91 минута. Истиот тој сега ја командува одбраната на Арсенал, одбрана која нема примено гол (рака на срце, лесни противници и среќа) и одбрана која лани ова време имаше 20 гола зад нејзиното „име“. Целта на муабетот ми е, кај Арсенал нема притисок сега. Ниту од управа, ниту од играчите внатре, а и нема голема „помпа“ и од навивачите. Немојте да се изненадите ако Арсенал се бори годинава. Се бори и тоа крваво. Ние сме ги продавале најјаките играчи. Не сме зависеле од еден играч. То е веќе докажано. И затоа Арсенал годинава може да има успех. Целата поента ми е, кој и да е тренер на Ливерпул, мора да му дадат ВРЕМЕ, особено ако е некој од „новата гарда“ како Роџерс, кој искрено не го почитувам многу, но има визија, некаква. Каква таква. Сеа нема да му тргни и шо ? Пак ќе го бркате ? Пак нов ? И шо ? Пак истото. Бетер од Челзи ќе се напрајте. Дадете му шанса. Трпение. Нека заврши Ливерпул полошо и од лани. Нека се исчисти тимот. Нека се донесат правилни играчи. Ален и Стерлинг се блескава иднина за Ливерпул. И не туку се контрете. Ние не негираме дека Ливерпул е голем клуб, или дека Арсенал е поуспешен или дека Јунајтед е најјак. Бабини деветини се то. Деца мали. Сите од големата 4ка се големи тимови. То е то.
 
S

Stivie G

Гостин
Која глупост значи, најпрво дека навивачите го сакале Хоџсон :pos: па потоа и дека Роџерс ќе биде отпуштен. Колку за информација Роџерс не е под никаков притисок и ќе му биде дадена шанса. Кога не си информиран не лупај глупости.....
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
http://www.teamtalk.com/west-bromwich-albion/8054396/Clubs-to-discuss-spending-limits
Premier League chairmen will on Thursday be presented with a range of possible financial controls to limit spending by top-flight clubs

Инаку иницијатор за ова правило бил Ман Ју (кој вика дека само Арсенал се жали на безпаметното трошење на милијарди од нафташките клубови)

--- надополнето: 5 септември 2012 во 21:23 ---
Нема веќе изговор на некои да им биде цитирам "Што бе им се може":D
Нема врска ова, беше демантирано, нема да има никаков состанок, ниту па тој бил инициран од Манчестер Јунајтед . Побитни работи има Манчестер во моментов отколку да се замара со други смртници од ПЛ :icon_mrgr:

Не се палете за џабе ко тинејџерки на веспа. Овие сајтовиве ко team talk, talksport , sun се последна рупа свирало.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ти и за Далглиш истото го викаше :pipi:.
Знам :( Нејќев да го кикнат и него, мислев дека ќе дојде некој и ќе ве оправи ама овој не ми изгледа за таков поготово тоа, што ве остави без напад, така да полесно е сега :D
 
S

Stivie G

Гостин
Знам :( Нејќев да го кикнат и него, мислев дека ќе дојде некој и ќе ве оправи ама овој не ми изгледа за таков поготово тоа, што ве остави без напад, така да полесно е сега :D
Значи сепак те фаќа страв ;). И тој не не остави без напад, туку американците.......И не е ништо полесно за вас напротив потешко е, Сити се пред вас :icon_mrgr:.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Значи сепак те фаќа страв ;). И тој не не остави без напад, туку американците.......И не е ништо полесно за вас напротив потешко е, Сити се пред вас :icon_mrgr:.
Не траеше долго стравот кога видов кого носите. :pos: Таков систем ко што практикува Роџерсов е максимум за Свонси, не можеш во Англија да просперираш онака како што тој замислил. Еве уште сеа кажувам и си стојам на тоа, да не мислите дека менувам мислења ко што се мења времето надвор. Без корпулентен (под ова мислам и висок нели) напаѓач во ПЛ, тешко.
Дрогба, Руни, Перси, Сисе, Аде, Џеко....
А за Сити не реков ништо и мислам дека никаде не ги ни спомнав, за Ливерпул зборев. Друга приказна се тие.
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
^ се гледа дека математиката на овие од Челзи не им е најсилна страна:rolleyes:
Сигурно ќе можат да донесат не уште еден , уште 10 како Хазард , и ќе ги плаќаат неговите плати и ќе си продолжат да бидат во минус секоја година и.............. , чекај малку како тоа во минус?, со новиот правилник такво нешто не е возможно. Ама нема што да се објаснувам со вас, јас го кривам нашиот образовен систем, не сте вие криви:cool:
На некого математиката, а на некој македонскиот/англискиот.
Челси купи скоро се што требаше, понатамошно преголемо трошење на играчи како оваа година ќе се случи за неколку години. Трансферите до сега направени не се гледаат, платите на играчи купени пред 2010 па ич, а ако ти е досадно и ти се трошат пари слободно можеш да обрнеш пажња на градење стадиони или било што. И да, Челси е еден од најголемите поддржувачи на ова правило од проста причина да не изникнат нови, т.н. на форумов, вештачки тимови. :rolleyes:
 
S

Stivie G

Гостин
Ех ќе се покаете сите кога Роџерс ќе освои еден куп титули :rolleyes:. Од предмет за исмејување на сите ќе им стане страв и трепет:свиркам: .
 
Член од
25 јануари 2005
Мислења
5.274
Поени од реакции
4.158
Ех ќе се покаете сите кога Роџерс ќе освои еден куп титули :rolleyes:. Од предмет за исмејување на сите ќе им стане страв и трепет:свиркам: .
Чек. Чек.
Ова од архива го извади и на местото од Кени името го смени? :icon_mrgr:
 

MunichBastards

Red Scouser
Член од
9 август 2011
Мислења
154
Поени од реакции
78
^ се гледа дека математиката на овие од Челзи не им е најсилна страна:rolleyes:
Сигурно ќе можат да донесат не уште еден , уште 10 како Хазард , и ќе ги плаќаат неговите плати и ќе си продолжат да бидат во минус секоја година и.............. , чекај малку како тоа во минус?, со новиот правилник такво нешто не е возможно. Ама нема што да се објаснувам со вас, јас го кривам нашиот образовен систем, не сте вие криви:cool:
A sho tebe krivo ti e deka Abramovic e pun pari i moze da donese sekoj igrac koj go saka, a Arsenal ne zima zvezdi i igra so pubertelii so bubuljici na lice ko shvajcarsko sirenje?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom