Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.918
Поени од реакции
8.510
Сега Горење е под турска капа,Турци го купија од пред две години,како и Грундиг,и уште две големи имиња.
info?

Што сакаш да каеш? Знаеш ли англиски? :facepalm:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Табелава е ептен погрешна. Во времето во кое Франција имала 12514, САД 12180, Германија 11746 долари по жител во табелава пишува дека Југа имала 17764, а Словенија 35320. :vozbud: За споредба САД блиску до нивото на Словенија (ако е табелава точна) стигнал во 1999...

Многу пореално изгледа овој графикон

Графиконот е за GDP PPP, реалното GDP варира тука негде, околку 5-7 илјади долари.

Според информациите од XML фајлов изработен од Angus Maddison, економски историчар, највисокото ниво на GDP per capita (PPP) Југославија го достигнала во 1986 - 6522 долари.

Денес сме нешто над нивото на Југославија, во 2008 просекот на GDP per capita (PPP) на екс-Ју земјите бил 6686 долари, ама проблемот е што западноевропските држави веќе не се на 12000, туку на 50000 долари.
Овој графикон ти е од вики признај:)
Јас обично не се служам со Вики така ми е Вики за зезанција. Линков друг кој си го оставил, сигурен си дека збори за пер капита на Југославија од 1945 до 1990? Ај те молам провери си го уште еднаш :)
Денес сме 4 пати пер капита помалку од нивото во 60те.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 19:40 ---
Мене Леа многу работи ми се јасни. Гледам и ти имаш симпатии, меѓутоа си свесна за што станува збор. После овие 2 реченици што ги цитирав, мене што друго си пишала не ме интересира (фигуративно кажано оти сепак ме интересира и прочитав). Значи исто како да ми кажеш јас сега имам многу пари, богата сум, бев на одмор на Хаваи си купив Мерцедес и тако даље, а на моето прашање како стана ти богата да ми одговориш со-Ставив се под хипотека. Јасно ти е дека после таа реченица простор повеќе за дискусија нема и ти го согледуваш тоа (иако со тебе па проблемот на несогледување и двојни аршини го имам на љубов и секс, ама помлада си ваљда ќе ги испегламе еден ден работите и ќе сфатиш што кажувам а нема да бидеш пристрасна :icon_lol:) .
Нив тоа не ги интересира, не се замараат они со тоа, Лет 3 вади некои баналии јас му викам на дрога си и не е тоа реално, он ми вика гајле ми е на што сум и дали е реално битно јас летам на црвени змаеви. Затоа го чекам Дибек. Како што знае да се курчи (а мене ми збори), да биде дрзок, арогантен полн со ниски навреди и понижувња кон членови на други теми од истите финти на кои го чекам да се изјасни, да видам дали ќе биде доблесен маж да постира и тука и да одбрани нешто неиздржливо, или од друга страна да признае пораз, а скоро сигурен сум дека нема оти лета во облаци. Значи или да ти објасни тебе како добар познавач на економските текови дека системот е издржлив или нека се повлече достоинствено. Да се изразам со негови зборови сра-мо-та е сега маж на триесет и осум години на едни теми дрско да се повикува на хард кор логика и рационализам, а тука да се дрзнува мене да ми кажува дека сум надаргументиран и да поддржува неиздржани (ветер во магла, мачка во вреќа, кур се тресе како сакаш крсти ги) концепти. Такви дупли аршини како што него му одговара неќе моќи Пантиќу. Од тие причини, а не дека ти не можеш да ми реплицираш, него го чекам. Да видам каков маж е Дибек наш и дали му е и доблеста колку што му е и ароганцијата. Па сега нека вади самолепливи сликички, википедии, докторски дисертации, како знае нека се снаоѓа, или пa нека признае дека и он е на друг тип на ''дрога" или во најмала рака поддржува луѓе конзументи на тој тип, а им се смее на корисници на ''опиумот на народот''.

А да, Леандра ексклузивитет на начин на реплицирање према тебе нема, таман работа ако форумов и дискусиите ги сфаќав лично кај ќе ми беше крајот.;)
Пак мешаш Суси систем и начин на живеење. Дај ти факти дека полошо живееле, јас не видов никаде економски бројки за да го потврдиш говореното. Систем како систем можеме да го разглабаме до утре сабајле, кажи ми стандардот, бил повисок или понизок во однос на денес?
Ако е за систем ако направам компарација со денешниов, за глава ќе се фатиш колку бројките ќе покажат дека имаме и денес мизерен и неодржлив систем на долг рок.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.178
Поени од реакции
2.854
во тоа време старите мои направиле 2 куќи. една во скопје една во родниот град.
денес јас неможам ни штала да направам а не куќа па и да ја опремам... научна фантастика е тоа...
Според денешните КВАЗИ-АНАЛИТИЧАРИ и експерти ЗА животот во СФРЈ куќа во тоа време се градело бидејќи немало трошоци за мобилен, интернет и кабловска.:tapp::tapp:

Пази и денеска доколку не си користел мобилен, интернет и кабловска исто така ќе си можел да изградиш куќа..:tapp::tapp:

1500 денари месечно за мобилен, интернет и кабловска која невидена пара е тоа доколку ја тргаш настрана...
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Пак мешаш Суси систем и начин на живеење. Дај ти факти дека полошо живееле, јас не видов никаде економски бројки за да го потврдиш говореното. Систем како систем можеме да го разглабаме до утре сабајле, кажи ми стандардот, бил повисок или понизок во однос на денес?
Ако е за систем ако направам компарација со денешниов, за глава ќе се фатиш колку бројките ќе покажат дека имаме и денес мизерен и неодржлив систем на долг рок.
Не е важно кога системот не е одржлив , посебно кога не е одржлив ни за една генерација.

Не знам по кој пат да кажам.Немало никаква смена во системот.Може на некој места се направени некој козметички измени али некаква посериозна разлика нема воопшто.Уставот,законите и 90% од политичарите се сите или екс-комунисти или нивни ученици.

Ние сме денес сеуште социјалистичка земја ,сите партии ни се социјалистички ( некој и национал-социјалистчки ) ,да се тврди спротивното е смешно во најмала рака.

.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376

Како бе немало смена на системот. :) Имаше или немаше приватизација.
 
Username1

шо е бе?
Член од
2 март 2012
Мислења
585
Поени од реакции
551
info?

Што сакаш да каеш? Знаеш ли англиски? :facepalm:
Инфо? Работам во фирма која е директен увозник за брендовите кои ги спомнав погоре, имам секојдневен контакт со нив.Ваљда они повеќе знаат од тебе и од некои смешни сајтови кои им се вистински газди и кој им дава плата.Ти знаеше ли дека Грундиг е купен од Турците, поточно од Арчелик групација,кај што остана името само.Се друго се прави во ТР.
Немој на мене тие фејспалм смајлиња дете и совет да не верувате се што ке прочитате на нет.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.918
Поени од реакции
8.510
Инфо? Работам во фирма која е директен увозник за брендовите кои ги спомнав погоре, имам секојдневен контакт со нив.Ваљда они повеќе знаат од тебе и од некои смешни сајтови кои им се вистински газди и кој им дава плата.Ти знаеше ли дека Грундиг е купен од Турците, поточно од Арчелик групација,кај што остана името само.Се друго се прави во ТР.
Немој на мене тие фејспалм смајлиња дете и совет да не верувате се што ке прочитате на нет.
Не зборував за Грундинг и остали немачко турски фирми, зборував за горење :facepalm: И не Горење не е во никој случај турска фирма (n)
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
не сте ми јасни повеќето, треба расправање или дискусија и прифаќање на подоброто и стремење на подобрување? екс ју фирмите не пропаднаа поради убедувањето на некои овде дека однапред биле осудени туку поради поединци за лично богатење, заради нив беше направен голи оток и тврдам дека сега ни е уште повеќе потребен. ако продолжеа тие фирми да работат под раководство на домаќини директори, сеуште ќе работеа како треба.сеа, еден горе кажа дека со милиција ги терале да одат по ударнички акции, тврдам дека е лага тоа, ЈАС одев по акции од 85-та до 88-ма по цела ексју, тврдам дека бригадирите се јавуваа дома и прашуваа како се живее во тоа семејство, дали има дозвола да се земе момчето/девојчето на таа акција. а не пак со милиција.понатаму.
далеку од тоа дека беше идеално, никој тоа не го тврди, но прашањето - е Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?
споредба на овој систем и тогашен, не на некој идеален од Норвешка,Шведска, ДА , ПОДОБРО СЕ ЖИВЕЕШЕ ТОГАШ, но многу полошо од Норвешка или Шведска.Ристо овде ги меша малку лончињата ми дава примери дека е идеално во неговиот Тексас или Алабама, да не се пљачкашките походи на неговите маринци, ќе пропаднат за 5 години. не за 50 колку издржа ексју...понатаму..
јна беше 7-ма во свет, 4-та во европа, во 80-тите денешните нуклеарни сили не беа тоа тогаш, беа само сад, ссср и франција .кога 50-та година навлегоа грчките авиони во мариово и бомбардираа, Тито им сржи на СИТЕ и и СИТЕ сус застанаа, знаеа дека ако се повтори уште само еднаш, у пичку матер ќе одат сите!немаше никој муда да му пререче.
кажувате дека постоела национализација, да, настрадаа и невини, чесни и работливи луѓе, но најмногу настрадаа тие што требаше да настрадаат.размислете денес колку газди треба тоа да ги снајде, колку на грбот на работникот бесправно се обогатија.размислете колку воени профитери од 2001 има денес, размислете колку ајван-администрација има вработено а не знае ни каде им е работното место, ќе ми го споредувате ДЕНЕШНИОВ систем со тогашниот?? ма нема шанси деца мали, вие и не ни знаете како добро, безбедно и сигурно се живееше тогаш!идеално, сигурно не, тоа го нема никаде па ни во ексју!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Пази и денеска доколку не си користел мобилен, интернет и кабловска исто така ќе си можел да изградиш куќа..:tapp::tapp:

1500 денари месечно за мобилен, интернет и кабловска која невидена пара е тоа доколку ја тргаш настрана...
25*12=250EUR
Zdrava kukja za edno 100 godini.
Losha ti e matematika.
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Eве ви една приказна како се живеело во СФРЈ. Дедо ми бил некое директорче во Славија. И еднаш за роденден на децата некој им донесол слика со гулаби и ја закачиле на ѕид. После неколку дена случајно некој колега му дошол на гости и ја видел сликата. После имало состанок во партија каде што се дедо ми бил член (задолжително било да си член ако си директор или некој шеф). Е таму дискутирале за колку дедо ми не бил добар комунист и наводно бил религиозен дури и партиски луѓе (читај Кодоши УДБАШи итн) дошле кај него дома да ја земат сликатата од ѕид како доказ. Како и да е го исклучиле од партија и го смениле од директор. Се само поради една слика со гулаби кој наводно потсетувала на религиозна.
После тоа не се зачлени никогаш во партија дедо ми и несакаше да чуе за тоа време.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
не сте ми јасни повеќето, треба расправање или дискусија и прифаќање на подоброто и стремење на подобрување? екс ју фирмите не пропаднаа поради убедувањето на некои овде дека однапред биле осудени туку поради поединци за лично богатење, заради нив беше направен голи оток и тврдам дека сега ни е уште повеќе потребен. ако продолжеа тие фирми да работат под раководство на домаќини директори, сеуште ќе работеа како треба.сеа, еден горе кажа дека со милиција ги терале да одат по ударнички акции, тврдам дека е лага тоа, ЈАС одев по акции од 85-та до 88-ма по цела ексју, тврдам дека бригадирите се јавуваа дома и прашуваа како се живее во тоа семејство, дали има дозвола да се земе момчето/девојчето на таа акција. а не пак со милиција.понатаму.
далеку од тоа дека беше идеално, никој тоа не го тврди, но прашањето - е Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?
споредба на овој систем и тогашен, не на некој идеален од Норвешка,Шведска, ДА , ПОДОБРО СЕ ЖИВЕЕШЕ ТОГАШ, но многу полошо од Норвешка или Шведска.Ристо овде ги меша малку лончињата ми дава примери дека е идеално во неговиот Тексас или Алабама, да не се пљачкашките походи на неговите маринци, ќе пропаднат за 5 години. не за 50 колку издржа ексју...понатаму..
јна беше 7-ма во свет, 4-та во европа, во 80-тите денешните нуклеарни сили не беа тоа тогаш, беа само сад, ссср и франција .кога 50-та година навлегоа грчките авиони во мариово и бомбардираа, Тито им сржи на СИТЕ и и СИТЕ сус застанаа, знаеа дека ако се повтори уште само еднаш, у пичку матер ќе одат сите!немаше никој муда да му пререче.
кажувате дека постоела национализација, да, настрадаа и невини, чесни и работливи луѓе, но најмногу настрадаа тие што требаше да настрадаат.размислете денес колку газди треба тоа да ги снајде, колку на грбот на работникот бесправно се обогатија.размислете колку воени профитери од 2001 има денес, размислете колку ајван-администрација има вработено а не знае ни каде им е работното место, ќе ми го споредувате ДЕНЕШНИОВ систем со тогашниот?? ма нема шанси деца мали, вие и не ни знаете како добро, безбедно и сигурно се живееше тогаш!идеално, сигурно не, тоа го нема никаде па ни во ексју!
Прво пропаѓањето било неминовно поради самиот систем.Не било прашање на дали туку кога.Мислам сакате да ја дадете моќта на целите ваши животи во рацете на неколку луѓе а после плачете кога истите ќе испаднат корумпирани и крадци,

Па нема чесен човек кој би сакал да раководи со животите на толку многу луѓе.

Второ додека во Америка после нешто повеќе од 200 години Американците со својот капиталистчки систем од празни полиња до крајот на 19 век и почетокот на 20 век градеа облакодери и планираа како да направат канал во Панама нашите предци спиеја со животните во иста соба.

А тоа беа периодите кога Америка не палеше по светот ,тоа беа и периодите кога САД не беше социјалистичката држава што е сега.Тоа беа и периодите кога Америка стана првата економија и НАЈРАЗВИЕНАТА држава во светот.

.
.
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
ЕВЕ зошто комунизмот умре затоа што имаше неправда каде едните не работеа а се бунеа за поголема плата а оние што работеа пак го ебаа стапот.

И сега го имаме истиот систем со малце сменети концепти

Еве неколку успешни капиталисти

Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Како бе немало смена на системот. :) Имаше или немаше приватизација.
електрична енергија - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
нафта и гас -ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
топлинска енергија -ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
транспорт ( освен воздушен ) - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
200 000 државна администрација - ОВА МИСЛАМ НЕ НИ МОРАМ ДА ОБЈАСНУВАМ ЗОШТО Е СОЦИЈАЛИЗАМ
Народна Банка на Република Македонија -ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
Државата може по избор да си кажува што земјоделците смеат и НЕ СМЕАТ да извезуваат и за колку да го продаваат и НА КОГО - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
задолжителен пензиски фонд - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
задолжителен здравствен фонд - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
данок на имот - НЕУСТАВНО
данок на приход - НЕМОРАЛНО
Милион регулации и лиценци што смеат и не смеат бизнисите - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ
образование - ДРЖАВЕН МОНОПОЛ

Мислам ова ако не е истиот систем не знам што е.

Фирмите што беа приватизирани беа купени најчесто од истите директори и членови на ПАРТИЈАТА во минатиот систем.

Не може ти да кажеш дека имаме пазарна економија ако државата дава лиценца и кажува кој може а кој не да учествува во истата.

Ете имаме нов систем што успеавме да си го измислиме сами направивме некаква социјалистичка -олигархија.Честито за нас.

.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 23:30 ---
ЕВЕ зошто комунизмот умре затоа што имаше неправда каде едните не работеа а се бунеа за поголема плата а оние што работеа пак го ебаа стапот.

И сега го имаме истиот систем со малце сменети концепти

Еве неколку успешни капиталисти

Не разбирам како можеш да го ставиш Бил Гејтс во иста група со другиве.

Се што има направено човекот е без ни еден денар од пари на луѓето што плаќаат даноци.

Неговата фирма константно нуди подобри и иновативни решенија на проблемите во информатичкиот сектор и дава продукт кој најголем дел од планетата го смета за добар и заради тоа го користи.

Никој не те тера да ги користиш продуктите на Микрософт ниту пак Бил Гејтс се збогатил од државни пари.

.
.
.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Eве ви една приказна како се живеело во СФРЈ. Дедо ми бил некое директорче во Славија. И еднаш за роденден на децата некој им донесол слика со гулаби и ја закачиле на ѕид. После неколку дена случајно некој колега му дошол на гости и ја видел сликата. После имало состанок во партија каде што се дедо ми бил член (задолжително било да си член ако си директор или некој шеф). Е таму дискутирале за колку дедо ми не бил добар комунист и наводно бил религиозен дури и партиски луѓе (читај Кодоши УДБАШи итн) дошле кај него дома да ја земат сликатата од ѕид како доказ. Како и да е го исклучиле од партија и го смениле од директор. Се само поради една слика со гулаби кој наводно потсетувала на религиозна.
После тоа не се зачлени никогаш во партија дедо ми и несакаше да чуе за тоа време.
Колега мој на работа го избркаа затоа што во 1997 мислам беше, кога нашиот директор член на една партија се кандидираше за градоначалник а тој на бирото имал ознаки и симболи на другата партија и слика од кандидатот за градоначалник од другата партија. Ние останатите вработени моравме “доброволно“ да работиме за кампањата, да носиме на себе беџеви, да помагаме во делење на пропагандни материјали и беше многу лесно да добиеш отказ или те префрлат од работа в канцеларија во некој магацин ако некој ти извади муабет дека си гласал за “другите“ или си пропагирал за “другите“. На двата круга избори бевме ангажирани цели деноноќија по изборни штабови, по гласачки места по агитации.
Денес исто како и во СФРЈ да си на чело на некоја државна установа или фирма - мора да си член на партија и него ќе го сменат од функција на состанок ако избега или застрани од политиката на неговата партија. Религија и членство во сојуз на комунисти не беше споиво,. Тоа беа сосема различни ставови. Така да ако некој бил религиозен -не можел да биди ни член на партијата. Нема голема разлика на тоа поле од тогаш до денес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom