Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.918
Поени од реакции
8.510
Не беше проблемот во технолошката заостанатост,имаше фабрики кои не заостануваа,големите/странските играчи и да сакаа не можеа да дојдат до тие фабрики поради локалните играчи кои гледаа колку што е можно повеќе да лапнат -зборувам за периодот после осамостојувањето на Македонија.

Ептен ќе забегаме оф-топик ако ја расталкаме таа работа
Koi se tie fabriki? Lokalnite igrachi nemase posto se bese drzavno i tie samo prodavaa toa sto uspeale da go prisvojat na nekoj nacin (taka go steknaa parite), ne pravea PROFIT!
--- надополнето: 2 септември 2012 во 10:13 ---
Словенечката реалност е многу полоша.
На полеток на август Мудис го намали кредитниот рејтинг на словенија за 3 степени, и на словенија и требаат сега 8-12 милијарди евра за спасување на банките и банкарскиот систем во земјата. Задолженоста на словенија од ко стана членка на ЕУ е се поголема така да имаме по години

2000 - 6,2 милијарди долари (мд)
2003 - 11,3 мд
2004 - 14,6 мд
2007 - 40,4 мд
2008 - 53,3 мд
2011 - 61 мд

Невработеноста порасна од 7,5% во 1997 на 11,8% во 2011

надворешнотрговски дефицит порасна од 650 милиони долари во 1999 до 2 милијарди долари 2009

во 2001 година Словенија има суфицит со трговија со бивши ЈУ републики од околу милијарда долари, значи извоз и продажба на овие простори додека истовремено има дефицит од милијарда долари со трговија со ЕУ

Лани храната поскапе 4,1% а енергијата 7,6%, во 2008 година БДП на словенија изнесуваше 91% од европскиот просек а во 2011 падна на 84%.

Значи имаме се поголемо задолжување, пад на кредитен рејтинг, криза во банките, зголемена невработеност, зголемени цени, намален БДП зголемен дефицит.... јас не би рекол дека на словенија баш убо му оди
Ако ги гледаме тие статистики, тогаш Америка е наjзадолжена земjа, не се гледа задолженоста во зголемуването на цифрите, цифрите секогаш ке се зголемуваат поради светската инфлациjа, се гледа производството во самата економиjа и неjзината сила, падот на вработеноста е одраз на светската криза коjа и те како а погоди Словениjа поради неjзината економиjа коjа рачуна само на извоз.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Koi se tie fabriki? Lokalnite igrachi nemase posto se bese drzavno i tie samo prodavaa toa sto uspeale da go prisvojat na nekoj nacin (taka go steknaa parite), ne pravea PROFIT!
--- надополнето: 2 септември 2012 во 10:13 ---

Ако ги гледаме тие статистики, тогаш Америка е наjзадолжена земjа, не се гледа задолженоста во зголемуването на цифрите, цифрите секогаш ке се зголемуваат поради светската инфлациjа, се гледа производството во самата економиjа и неjзината сила, падот на вработеноста е одраз на светската криза коjа и те како а погоди Словениjа поради неjзината економиjа коjа рачуна само на извоз.
Не било се државно, не ги знам точно процентите но во СФРЈ била дозволена приватна сопственост, секако онаа другата опстествена била доминантна. И тоа била опстествена сопственост, не државна, то бил некаков изум мислам на Кардељ, разликата била што се формирале некакви управни органи во фирмите од работници и затоа било наречено работничко самоуправување.
А она другата приватна сопственост ја нарекувале мало стопанство и денес како што знам егзистираат фабрики од тогаш, на пример Бујото или онаа фирма од Орешани што произведува печатени плочи се уште од времето на СФРЈ. Во земјодоелството индивидуални производители доминираат и тогаш, тие се главните производители иако има големи земјоделски комбинати во општествена сопственост.

За технолошката застареност, сигурно не биле застарени една Железара или ФЕНИ. Знам пред само неколку години бевме во посета на Железара, истите машини се од тогаш и денес не се застарени кога ги користат, а не пак пред 22 години за време на СФРЈ.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ако ги гледаме тие статистики, тогаш Америка е наjзадолжена земjа, не се гледа задолженоста во зголемуването на цифрите, цифрите секогаш ке се зголемуваат поради светската инфлациjа, се гледа производството во самата економиjа и неjзината сила, падот на вработеноста е одраз на светската криза коjа и те како а погоди Словениjа поради неjзината економиjа коjа рачуна само на извоз.
Па види имаш пад на БДП (производство на севкупната економија во една земја) од 91% просек ЕУ на 84%.
Е сега каков апсурд, за тебе нема врска голема задолженост, пад на производство, намалување на кредит, зголемен дефицит, зголемени цени како показател на еономска состојба на една земја??!!
Врз основ на кои показатели велиш дека на словенија му оди добро. Врз који бројки тоа можеш да го докажеш?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Koi se tie fabriki? Lokalnite igrachi nemase posto se bese drzavno i tie samo prodavaa toa sto uspeale da go prisvojat na nekoj nacin (taka go steknaa parite), ne pravea PROFIT!
--- надополнето: 2 септември 2012 во 10:13 ---
.
Па истото и јас ти го викам,главна цел им беше да украдат колку што можат повеќе,не да ги работат фабриките што за џабе ги земаа,ама тоа е веќе оф-топик муабет пошто се случуваше после распадот на државата за која дискутираме.


Правиш грешка што превработеноста во СФРЈ ја гледаш низ призмата на денешниот систем.
Тогашниот систем функционирал на сосема различни принципи.
Основната движечка сила на сегашниов систем е профитот а на оној кој функционирал во СФРЈ е социјалниот елемент.

На пример,кога денес тој систем би бил на сила во Македонија кога на крајот од годината телеком, со 1685 вработени ќе оствари профит од 100 мил. евра,ќе донесе одлука да запосли уште 5000 вработени на кои ќе им даде по 1000 евра плата а остатокот од 40 мил. евра ќе го земе државата.Ако следната година го оствари истиот профит ќе запосли уште 1000 луѓе.
Така добиваш 4 вработени за работа што може да ја врши само еден,од тука произлегува и онаа "никој ништо не работеше а сите имаа".


Целта на фирмите во тој систем не бил профитот сам по себе туку можноста тој да се искористи за да се подобри социјалниот елемент во општеството.

Ова дури и мене што сум фатил малку од тој систем ми изгледа научно-фантастично од денешен аспект,ама тоа е тоа.

П.С.-пошто немам лично искуство,немам работено во тој систем ќе ги замолам Лурц и Лет3 да ме поправат/дополнат ако нешто сум згрешил/испуштил.
 
L

Luki Junior

Гостин
Па види имаш пад на БДП (производство на севкупната економија во една земја) од 91% просек ЕУ на 84%.
Е сега каков апсурд, за тебе нема врска голема задолженост, пад на производство, намалување на кредит, зголемен дефицит, зголемени цени како показател на еономска состојба на една земја??!!
Врз основ на кои показатели велиш дека на словенија му оди добро. Врз који бројки тоа можеш да го докажеш?
Е сега иде логиката на твојте одговори отсликанау одговорите на кадаиф. Имат развиено висока социјална политика и бенефиции, и релативно високи плати... За децата е организирано градинка, добро образование.. Родителите имат 30 работни дена одмор... Сите возат нови коли, бензино и храната се на цена у Македонија, а и поевтини... Платите се загарантирани, и ги исплаќат.... Има ногу фабрики, мали и средни претпријатија, убава инфраструктура... Нема потреба од бројки, битно народо се осеќа убаво... ако на економијата и оде назад.... :icon_lol::icon_lol:

Иако се согласувам со тебе оти на Словенија и беше ногу поарно додека си имаа толари... Ем ќе си напечатат ако и треба нешто да си средат економијата, ем имаа поголема куповна моќ (иако имаа една идеја пониски плати), ем може да си праат сопствена фискална политика на задолженост, и да си ја контролират инфлацијата...
Словенија е мала држава релативно, и затава има доста подвижна економија, шо со секоја нова идеја може да се видат резултатите дали е добра или не....
Ама евро стегите ја направија релативно бирократска и доста укочена како некоја баба со артритис на пешачки...
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.083
Поени од реакции
25.236
И уште еднаш да потврдам економски неиздржлив систем и луди политичари у комбинација носи крах.
Економски неиздржлив систем кој се покажа на дело.
Мене Леа многу работи ми се јасни. Гледам и ти имаш симпатии, меѓутоа си свесна за што станува збор. После овие 2 реченици што ги цитирав, мене што друго си пишала не ме интересира (фигуративно кажано оти сепак ме интересира и прочитав). Значи исто како да ми кажеш јас сега имам многу пари, богата сум, бев на одмор на Хаваи си купив Мерцедес и тако даље, а на моето прашање како стана ти богата да ми одговориш со-Ставив се под хипотека. Јасно ти е дека после таа реченица простор повеќе за дискусија нема и ти го согледуваш тоа (иако со тебе па проблемот на несогледување и двојни аршини го имам на љубов и секс, ама помлада си ваљда ќе ги испегламе еден ден работите и ќе сфатиш што кажувам а нема да бидеш пристрасна :icon_lol:) .
Нив тоа не ги интересира, не се замараат они со тоа, Лет 3 вади некои баналии јас му викам на дрога си и не е тоа реално, он ми вика гајле ми е на што сум и дали е реално битно јас летам на црвени змаеви. Затоа го чекам Дибек. Како што знае да се курчи (а мене ми збори), да биде дрзок, арогантен полн со ниски навреди и понижувња кон членови на други теми од истите финти на кои го чекам да се изјасни, да видам дали ќе биде доблесен маж да постира и тука и да одбрани нешто неиздржливо, или од друга страна да признае пораз, а скоро сигурен сум дека нема оти лета во облаци. Значи или да ти објасни тебе како добар познавач на економските текови дека системот е издржлив или нека се повлече достоинствено. Да се изразам со негови зборови сра-мо-та е сега маж на триесет и осум години на едни теми дрско да се повикува на хард кор логика и рационализам, а тука да се дрзнува мене да ми кажува дека сум надаргументиран и да поддржува неиздржани (ветер во магла, мачка во вреќа, кур се тресе како сакаш крсти ги) концепти. Такви дупли аршини како што него му одговара неќе моќи Пантиќу. Од тие причини, а не дека ти не можеш да ми реплицираш, него го чекам. Да видам каков маж е Дибек наш и дали му е и доблеста колку што му е и ароганцијата. Па сега нека вади самолепливи сликички, википедии, докторски дисертации, како знае нека се снаоѓа, или пa нека признае дека и он е на друг тип на ''дрога" или во најмала рака поддржува луѓе конзументи на тој тип, а им се смее на корисници на ''опиумот на народот''.

А да, Леандра ексклузивитет на начин на реплицирање према тебе нема, таман работа ако форумов и дискусиите ги сфаќав лично кај ќе ми беше крајот.;)
 
L

Luki Junior

Гостин
TITTANIK тава е се убаво.. ама ако у една фирма не гонеш профит ида тргаш некоја страна настрана за модернизација, инвестиции у нови идеи, кадар, подобри средства за работа... Зашо работеш.... Тава си е подвижен процес на развиток, не требе да застанува шом веќе има некаква благосостојба...

Реален раст на економијата е имало до 60тите... (по информации на “странски новински агенции“...читај извештаи од шпионажа)

Па почнуват кризите.. Шо мислеш зашо на секои 10 години са мениле устав... А однема однекаде пари, првото нешто шо праат народите у федерацијата е ударат на национализам..другио е крив оти нема пари.... Национализмо не дојде 88ма со Милошевич... Он го извади на маса само како реален фактор за преговори....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Е сега иде логиката на твојте одговори отсликанау одговорите на кадаиф. Имат развиено висока социјална политика и бенефиции, и релативно високи плати... За децата е организирано градинка, добро образование.. Родителите имат 30 работни дена одмор... Сите возат нови коли, бензино и храната се на цена у Македонија, а и поевтини... Платите се загарантирани, и ги исплаќат.... Има ногу фабрики, мали и средни претпријатија, убава инфраструктура... Нема потреба од бројки, битно народо се осеќа убаво... ако на економијата и оде назад.... :icon_lol::icon_lol:

Иако се согласувам со тебе оти на Словенија и беше ногу поарно додека си имаа толари... Ем ќе си напечатат ако и треба нешто да си средат економијата, ем имаа поголема куповна моќ (иако имаа една идеја пониски плати), ем може да си праат сопствена фискална политика на задолженост, и да си ја контролират инфлацијата...
Словенија е мала држава релативно, и затава има доста подвижна економија, шо со секоја нова идеја може да се видат резултатите дали е добра или не....
Ама евро стегите ја направија релативно бирократска и доста укочена како некоја баба со артритис на пешачки...
Задолжувањата во странство кажуваат поинаква прикаска, тоа значи дека сите тие одмори, градинки и нови коли не се плод на успешна економија туку на кредити од странство


2000 - 6,2 милијарди долари (мд)
2003 - 11,3 мд
2004 - 14,6 мд
2007 - 40,4 мд
2008 - 53,3 мд
2011 - 61 мд

Ако видиш, и во предкризни времиња, словенија нагло и многу се задолжуваше, наверојатно да одржи привиден стандард на населението. Слично се случуваше и со грција.
 
L

Luki Junior

Гостин
Да, јасно ми е оти е со кредити, и не е плод на успешна економија.... Епаа.... ај сега да врнеме филмо поназад едно 3-40 години... и наместо на името на Словенија да заменеме СФРЈ, и наместо овие бројки да ставеме фактичките бројки на СФРЈ... И од друга страна да ја додадеме политичката и самоуправувачката клима на федерацијата... :):)


пс. иначе сите европски држави са премногу социјални за мојо вкус и убедувања...
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
TITTANIK тава е се убаво.. ама ако у една фирма не гонеш профит ида тргаш некоја страна настрана за модернизација, инвестиции у нови идеи, кадар, подобри средства за работа... Зашо работеш.... Тава си е подвижен процес на развиток, не требе да застанува шом веќе има некаква благосостојба...

Реален раст на економијата е имало до 60тите... (по информации на “странски новински агенции“...читај извештаи од шпионажа)

Па почнуват кризите.. Шо мислеш зашо на секои 10 години са мениле устав... А однема однекаде пари, првото нешто шо праат народите у федерацијата е ударат на национализам..другио е крив оти нема пари.... Национализмо не дојде 88ма со Милошевич... Он го извади на маса само како реален фактор за преговори....
Кризата е после 1980 година, тогаш се јавува висока инфлација, пред тоа имало кризи но такви кризи имало во цел свет како нафтената криза на почетокот на 70-тите.
После 1990 година се распаѓа заедничкиот пазар и тоа е главниот удар на сите економии од бившата држава, а се распаѓа и пазарот на земјите од источниот блок, тие имаат тогаш некоја нивна форма на ЕУ, каде Југославија имала привилегиран статус.

Ме интересира за Струмица, колку што знам куќите и целата инфраструктура е изградена во тоа време, шлепери со домати и лубеници се носат во Хрватска за време на туристичката сезона. Кога ставија граница на Блаце земјоделците се најтешко погодени го нема веќе огромниот ЈУ пазар. Дали си ти исклучок но мислам дека Струмичани се големи ЈУ носталгичари?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Да, јасно ми е оти е со кредити, и не е плод на успешна економија.... Епаа.... ај сега да врнеме филмо поназад едно 3-40 години... и наместо на името на Словенија да заменеме СФРЈ, и наместо овие бројки да ставеме фактичките бројки на СФРЈ... И од друга страна да ја додадеме политичката и самоуправувачката клима на федерацијата... :):)


пс. иначе сите европски држави са премногу социјални за мојо вкус и убедувања...
Најголемиот долг на СФРЈ беше околу 22 милијарди долари. Значи земја од 20+ милони жители со производство на речиси се, со туризам, услуги извоз... должеше во своите најтешки моменти речиси 3 пати помалце од словенија денес. Мислам дека прочитав негде дека денес вкупниот долг на бившите републики на СФРЈ изнесува нешто над 120 милијарди евра. Не долари. Евра. Што дава слика за успешноста на економиите и системите во тие републики сега кога се сами наспроти економијата кога беа во заедница и во друг систем.
 
L

Luki Junior

Гостин
Добро, зашо са мениле устав, пари и девалвација пред 1980? Како постепено са доваѓале повеќе и повеќе нули на самите пари, заради ќеф или заради инфлација?

Југославија не е имала нафтена криза заради неврзаните земји.. Продавале са деривати на запад (исто и бугарите...)


Југоисточна Македонија имале са некоја пара, и денеска имат благодарение на 2 работи:
- Големо производство
- Ногу гестарбајтери...

И ден денеска се пунат шлепери со френки, лубеници, сливи, праски, зелки, чушки... Само шо нашта држава нејќе да пуште стегите, оти ќе нема за домашнио пазар.. (дури оваа година од Албанија увезуват раноградинарски да се задоволе народо)...
Да, изградено е.. Изградено са личните згради и имоти... државната инфраструктура е за никаде....

Посебно дека шо живејам јас водовод и канализација има околу 30 години... Улиците са сите асфалтирани... (пато до Радовиш е правен исто од месен самопридонес) и е уредено горе доле... Кое за село е супер... Денеска има градове у Македонија шо имат воден режим... Радовиш и Радовишко немат воден режим.... За македонските села па да не прааме маабет... У струмичките села оште немат канализации, некои добиват водоводи.. Затава си смрде низ коа одеш накај БГ откај Ново Село...

Земјоделците си го доживејаа ударо заради намалувајне на пазаро.. Не викам не. Носеа цели камиони и сами си ги продаваа по Србија и по Хрватска... Ама па немаше никакви откупни центри там..(Единствените откупчии беа погоните шо са давале смешни цени за трпезно производство) .Кој е одил на кванташо порано, и кој е одил сега... Знаа ја разликата... Порано на кванташки одеше целото производство.. .Сега ако не го земат у откупните центри, ќе го однесе там...

Пред 6-7 години јас одеех по пазари да продавам.. сега не... доваѓат од дома го зимат... или го носам на откупен центар.. Не се занимавам со пазари, а со производство...

Јас не сам југоносталгичар по лични убедувајне и причини...

Не сам од Струмица... Од Радовишко сам...
--- надополнето: 2 септември 2012 во 12:45 ---
Најголемиот долг на СФРЈ беше околу 22 милијарди долари. Значи земја од 20+ милони жители со производство на речиси се, со туризам, услуги извоз... должеше во своите најтешки моменти речиси 3 пати помалце од словенија денес. Мислам дека прочитав негде дека денес вкупниот долг на бившите републики на СФРЈ изнесува нешто над 120 милијарди евра. Не долари. Евра. Што дава слика за успешноста на економиите и системите во тие републики сега кога се сами наспроти економијата кога беа во заедница и во друг систем.
22 мд у денешни пари са некаде 40 мд... (плус минус некоја милијарда...) до 1990-91ва некаде..
Дали ќе е останал статичен тај надворешен долг за овие 20 години ако речеме хипотетички Југославија е останала цела и се е преструктуирала у пазарна економија?
Или ќе си е имал постојан раст да се одрже исто стандард на живеејне на народо?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
22 мд у денешни пари са некаде 40 мд... (плус минус некоја милијарда...) до 1990-91ва некаде..
Дали ќе е останал статичен тај надворешен долг за овие 20 години ако речеме хипотетички Југославија е останала цела и се е преструктуирала у пазарна економија?
Или ќе си е имал постојан раст да се одрже исто стандард на живеејне на народо?
Тој максимален долг беше крај на 70десети и почеток на 80десети, Во следната деценија мислам дека се вратени половина или повеќе, не сум сигурен по сеќавање мислам дека на крајот на 80 десетите долгот беше 12 милијарди долари. Додуше период од 2-3 години се виде криза пошто државата реши да го врати долгот имаше рестрикции на струја, недостиг на масло, млеко, кафе, бензин... се викаше тоа економска стабилизација, се виде тро зорт но и се прполови долгот. После дојде крахот.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затоа го чекам Дибек. Како што знае да се курчи (а мене ми збори), да биде дрзок, арогантен полн со ниски навреди и понижувња кон членови на други теми од истите финти на кои го чекам да се изјасни, да видам дали ќе биде доблесен маж да постира и тука и да одбрани нешто неиздржливо, или од друга страна да признае пораз, а скоро сигурен сум дека нема оти лета во облаци. Значи или да ти објасни тебе како добар познавач на економските текови дека системот е издржлив или нека се повлече достоинствено. Да се изразам со негови зборови сра-мо-та е сега маж на триесет и осум години на едни теми дрско да се повикува на хард кор логика и рационализам, а тука да се дрзнува мене да ми кажува дека сум надаргументиран и да поддржува неиздржани (ветер во магла, мачка во вреќа, кур се тресе како сакаш крсти ги) концепти. Такви дупли аршини како што него му одговара неќе моќи Пантиќу. Од тие причини, а не дека ти не можеш да ми реплицираш, него го чекам. Да видам каков маж е Дибек наш и дали му е и доблеста колку што му е и ароганцијата. Па сега нека вади самолепливи сликички, википедии, докторски дисертации, како знае нека се снаоѓа, или пa нека признае дека и он е на друг тип на ''дрога" или во најмала рака поддржува луѓе конзументи на тој тип, а им се смее на корисници на ''опиумот на народот''.
Лелеморимјко! Мене ме чекал?!? Че ме пукаш, а, Суси?

Прашањето, колега видно накурчен, кое овде се дискутира (види наслов) е подобро живеење. Не е темата дали тетин ти дремел у затвор или дали ти лично се чувствуваш исфрустриран поради некоја семејна неправда нанесена од комунистите во 1948. Уште помалку предмет на оваа тема е одржливоста на економскиот модел на СФРЈ.

Ко што ти ги препрочитувам последниве постови, очигледно е дека немаш ниту еден аргумент во прилог на подоброто живеење на македонскиот народ денес, во својата сопствена држва, со што би останал он-топик на темава.

Бидејќи немаш контрааргумент на постовите на Лет3 (кому, патем, му упатувам длабок наклон за документарноста и еопфатноста), се' што ти правиш на последниве 10-тина страни е хипстеришење околу „баналноста на некои членови“ и нивните „идеолошки матрици“ во контекст на капитализам vs. комунизам. Тоа се вика навредување и офтопичарење. И двете, во некои подобри времиња би биле соодветно санкционирани на форумов.

Ете, Сусаро, што ја можам да ти пишам тебе лично околу прозивката што си ми ја упатил. Што се однесува до дискусијава, пребарај, ги имаш моите осврти поназд. Ако те мрзи, накратко, мојот одговор е: „Во СФРЈ, македонскиот народ живееше подобро отколку што живее денес, во независна Македонија“. Моите примери и компарации ги имаш таму, иако ниодблиску не се квалитетни како на Лет.

Ако, по некоја игра на случајноста, имаш ти некој квалитетен аргумент (може пример, компарација, паралела, whatever) со коj ќе го оспориш или побиеш ова мое тврдење - бујрум! Ако не, батали километарски осврти за исфрустрирани идеолошки затуцани квази-интелектуалци на форумов, пошто ко што те читам на последниве страни, некој може да те препознае тебе во нив, нели? Обично така иде.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
предлагам ејсид да стави една анкета да може да гласаме.. бидејки темава им 67 испишани страници и е многу дискутабилна не би било лошо да има анкета.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom