Фан Клуб: Барселона

LaVista

Traumatic Playground
Член од
31 јануари 2007
Мислења
4.183
Поени од реакции
958
Fala bogu ...asalen odgovor da slusnam ...od kako Barcelona stana najjaka na svet i previse popularna se nekoi kreteni i idioti i decista pocnaa da navivaat za nea
Работата е што Пеп и неговиот стил на игра наметнаа многу високи стандарди. Посебно неговата дебитантска година. Сето тоа привлекува фанови кои мислат дека секој натпревар треба да се добие со 5 разлика и да не му се даде на противникот простор за игра. Епа спорт е ова, неможе така.

Имајте верба во тимот, немојте да донесувате избрзани заклучоци за тоа кој чини а кој не... сепак станува збор за Барселона, тим со енормно голем квалитет на играчи и пред се гоооолема желба за борба.:pipi:
 
Член од
24 јуни 2012
Мислења
29
Поени од реакции
46
Епа од тие тој може ваму да пополни место, овој може таму да пополни место имаме два класични стопери во екипата (Пујол веќе неможе да го издржи ова темпо, што значи сотануваме со еден стопер) и Бартра кој кутриот нема искуство да заигра против екипи како Сантандер, Гетафе и остали, а не пак кога ќе се решава сезоната во април и мај против Реал, Валенсија и рандом екипи во нокаут фазите во ЛШ.
Маскерано лани ни беше најдобриот дефанзивец, денеска направи грешка, ама ок се дешава, никому ништо, ама ако нешто фали во екипава тоа е штопер како и да ја свртиш работава.
Неможеме цела година да ја поминеме со тројца штопери, од кои едниот е стар, а другиот класична позиција му е дефанзивен играч за врска.
Донекаде си во право, можеби и ни треба уште еден стопер кој што ке може да покрие. Пујол веке е стар, Пике и Маскерано во моментов се најдобри во Барса на таа позиција, иако Пике е склон кон киксови, а за Маскерано можам да кажам дека ова е прв кикс кој што гоо паметам од него. Значи дечкото игра супер како стопер иако во Барса дојде како ротација за Бускетс и тоа што нарави една грешка не го прави одма слаб и недоволно добар за Барса. Колку и да бараме стопер, барем ова лето стопер нема да дојде. За на зима не се знае, се ке зависи од играта на Пике, Маске и Пујол и од недај боже некои повреди кои се надевам оваа сезона ке не одминат.. А, и филозофијата на Барса е таква што попрво би им дале шанса на Бартра и Муниеса да напредуваат и да собираат искуство играјќи за првиот тим него да купуваат од страна. И Пујол, кога почнувал немал искуство, но играјќи го стекнал. Не може да се стекне искуство без играње. Можеби во овој момент ни треба уште еден стопер, но Бартра и Муниеса, верувам дека еден ден ке го сочиунуваат стоперскиот тандем на Барса, бидејки и двајцата се одлични играчи и имаат огромен потенцијал. Сега, веке нема ни време за купување стопер, се надевам на посигурна игра во одбрана и помалку повреди.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Maske kolku so bese kriv za prviot gol tolku i spasi 3 100% sansi pokasno 2 na Higuain mislam i 1 Ozil ko izleze.. nego neznam zosto Tello dobiva sansa pred Villa ? Pedro na natprevarov dokaza deka e igraciste izigra 10/10 i trebit da e starter na sekoj od pobitnive natprevari pred Villa/Tello
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Добро дечки ова ноќ беше кошмар за нас ( по тоа како играа нашите 1во полувреме) но за секунда можеше да се смени се.Почнавме премногу несигурни,како да се плашевме да играме и тоа беше резултатот на сите грешки кои следеа на секоја минута.
Се виде каква точка ни е Алвес,и во одбраната и во нападот.Многу различна игра имаме со него.Адриано не го кривам,толку може човекот,повеќе има играно лев бек отколку десен.Црвенот мораше да го направи....
Пике и Маскерано,за двајцата може да се напишат исти зборови.Прво не знаа каде се наоѓат,дали се на терен или на војна,направија и двајцата по една грешка кои беа резултирани со голови.После тоа и двајцата беа на ниво,плус со играч помалку добри беа.
Дали ни треба асален одбранбен? Да,на пример Агер !!!
Нема да пишам ништо негативно за Маске и Пике,сетете се какви партии имаат изиграно и финалиља и не знам што,но дека ни треба еден Цврст висок одбранбен ни треба....
Алба ТОП,иако треба уште малце да работи......
Не памтам кога последно вака слабо имаат играно Чави и Иниеста.....
Педро ЅВЕР....
Меси-најдобар у свет,се виде дека е единствениот фудбалер кој може да го врти мечот у спротивен правец.....
Санчез мислам дека ги собира негативните поени полека ( исто ќе му се деси како на Афелај).....
Виља те молам врати се.....
Тито направи одлични замени,имавме доволно шанси за да го осовиме купот но еве не се деси....
Но се знаеше дека вака ќе одат работите после киксот на Валдез...
Но и него нема да го кривам,може на секому да му се деси да прави грешка....Еве на пример вечер имаше феноменална партија и можам да речам дека е единствениот кривец кој не остави да заминеме од мадрид со 5-6 гола.......
Од Тито сум презадоволен.Со играч помалце игравме ѕверски...
Сонг ми се допадна за тие минути,одлично му асистираше на Меси и имаше добри пасови.....
Се на се,мислам дека не заслуживме да го освоиме овој куп.Или пак среќата ни беше таква,од киксот на Валдез,до повредата на Дани па се до грешките на Маске и Пике....
После ова сигурен сум дека нашите ќе посакат да бидат шампиони во Ла Лига како да е крајот на светот,и многу сигурен сум дека тоа ќе се деси.....
Барселона засекогаш.....
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Или мене ми се причинува,или секој втор тренер го има кажано истово ? :cautious:
Еден го има кажано, ама новинарите измислуваат демек секој втор го кажува.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.730
Поени од реакции
22.881
Вечерашниот натпревар заслужува доста критики...
Прво, првото полувреме беше катастрофа... Се освен голот на Меси:cuc: беше целосна катастрофа!
Одбраната.. :pos: Кој ни е наследник на капитенот, драги брача Каталонци? Капа доле за Маске, одличен е, ама вечерва направи непромислен кикс. Пике никогаш не ми се допаѓал, никогаш не сум имал високо мислење за него и никогаш досега не го променил тоа мое мислење!
Добро, кој кур им беше денеска? После исклучувањето на Адриано, можам да разберам до некаде(иако и тогаш требаше да нападнат, а тие ја пимплаат топката), ама првите 20 минути како да играше Јувенил Ш.
Криво ми е само затоа што не сме послаби од нив и што можеме да ги победиме.... А ние губиме како резултат на глупаво и крајно ретардирани примени голови и поклони од бисерот Виктор Валдес.
Не дека барам алиби за поразот, ама отсуството на Алвес, беше едно од клучните работи!!
Меси играше плеј, Педро помошен судија, а напаѓач немавме.
После исклучувањето на Санчез(кој и така е големо дрво), игравме без напаѓач. Педро беше залепен до аут-линијата, а Меси играше многу повлечено. Мораше да влезе Виља на местото на Педро. Виља барем знае да даде гол, да игра како шпиц. Кога играме со 2 напаѓача, мора да се игра со Меси и Виља. Педро и Тељо се класични крила кој играат само по страна и прават муабет со линискиот судија.
Ајде, ова да се заборави, на крајот излеговме живи, можевме да бидеме и понижени.
Да се сконцентрираат на битката во Ла Лига и ЛШ!

VISCA EL BARCA!!! <3<3<3
--- надополнето: 30 август 2012 во 02:46 ---
И да.. Да не заборавам. Сонг откако влезе, одлично се покажа, според мене. Ни фалеше таков играч, јак снажен, за ДМ треба таков играч, сличен на Јаја Туре. (y)

За управата давам еден голем .!. Афелај го продаваат, Алексис го чуваат. :facepalm: Не велам Алексис да си иде, ама со оглед во каква форма е, Афелај може часови да му држи.
 

SrRulz

Siempre Real Madrid
Член од
8 декември 2007
Мислења
4.845
Поени од реакции
221
Треба да се пресреќни со овој резултат... пошто можеше да биде многу полошо :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Утре, или веќе денес, од 17:45, влечење групи ЛШ.
Ги сакам Јувентус у група. 10 години неаме играно со нив. Последен пат не избација у нокаут фаза.
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Утре, или веќе денес, од 17:45, влечење групи ЛШ.
Ги сакам Јувентус у група. 10 години неаме играно со нив. Последен пат не избација у нокаут фаза.
A во меѓувреме ќе биде доделена наградата за најдобар фудбалер во Европа од УЕФА.....
Кој сака нека падне,освен Руски или Украински екипи,ги мразам,никаков фудбал играат....
Сакам со Борусија да падниме,убав фудбал ќе има...
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Утре, или веќе денес, од 17:45, влечење групи ЛШ.
Ги сакам Јувентус у група. 10 години неаме играно со нив. Последен пат не избација у нокаут фаза.
Остај бе...да ги тепаме и нив па и уште тие останаа да не хејтат. :icon_lol:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Јувентус или Сити....да ги спуштиме малку на земја.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Остај бе...да ги тепаме и нив па и уште тие останаа да не хејтат. :icon_lol:
Ха ха, добар. :)
--- надополнето: 30 август 2012 во 04:36 ---
А само каква група би била :

Барса
М. Сити
Јувентус
Б. Дортмунд
 

Kajgana Shop

На врв Bottom