Како прво, кој дебили навиваат за Барса, тоа е ненормална работа. Читам на фб, Маскерано да се избрка, Адриано да се избрка, Валдес да се избрка.. Па не вреди ни да влегуваш во дискусија со нив, затоа што коефициентот на ителигенција им е во минус.. Ова беше прва грешка на Маске од како игра стопер, а плус спаси и уште минимум 2-3 големи шанси за Реал. Валдес е последниот човек кој што треба да го кривиме вечерва, спаси 4-5 идеални шанси за Реал. За мене, Валдес е идеален и незаменлив голман за Барса. Пике, стара приказна.. човекот киксна што киксна, но според мене оваа сезона ке му биде подобра него минатата, сепак лани беше ептен дупка. Прво полувреме имав впечаток дека не ни играат фудбал. Адриано, толку можеше човекот, но сепак според мене, тој е играч на Барса и штом играш за Барса, не смееш да се понашаш како да ти е прв натпревар во кариера и несмееше да прави онакви наивни фаули, но тоа е.. Второ полувреме, имавме шанси, немаше гол.. И не знам до кога ке расправаме за Тељо.. Детето игра, без разлика дали ви се допаднало тоа вас или не.. Нема потреба да се дискутира веќе за тоа. Да дадеше гол сега ке беше светец, но вака е теле.. Ги оценувате играчите врз основа на еден натпревар, една грешка.. Трпение бе луѓе, имајте трпение. Јас сум сигурен дека доколку продолжиме вака и доколку не ги губиме бодовите во гости и против помали екипи, Ла Лига е наша. Оваа година сме далеку подобри од минатата, тоа се гледа од авион. Кога ке се врати и Виља, ке бидеме страв и трепет за сите. И не се согласувам толку дека ни треба стопер. Нема потреба да се расфрламе со пари. Тука се Пике, Пујол, Маскерано, Бартра, на крај краева и Бускетс и Сонг можат да ја пополнат таа позиција.. Муниеса е повреден, да се надеваме дека Абидал би можел да се врати. И покрај поразот, ме радува тоа како играат и ми дава голема доза на оптимизам за сезонава која претстои. Сонг се гледа дека е квалитетен играч. Значи секогаш викам, одиме натпревар по натпревар, купот го загубивме, нека им е честито. Сега имаме важен меч против Валенсија. Секој натпревар е финале кое треба да се добие.