Што мислите за медиумскиот пазар во Р.М? Дали и на кои медиуми им верувате?

На кои македонски медиуми им верувате во информативните програми/статии? (ПОВЕЌЕКРАТЕН ИЗБОР)

  • Сител

    Гласови: 9 9,7%
  • Канал 5

    Гласови: 7 7,5%
  • Алфа ТВ

    Гласови: 18 19,4%
  • Телма

    Гласови: 11 11,8%
  • Курир

    Гласови: 4 4,3%
  • Плусинфо

    Гласови: 4 4,3%
  • А1 ОН

    Гласови: 5 5,4%
  • Мкд.мк

    Гласови: 6 6,5%
  • Останати

    Гласови: 5 5,4%
  • Ниту еден

    Гласови: 64 68,8%

  • Вкупно гласачи
    93
  • Гласањето е завршено на .

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ем што не се објективни и што земаат пари од партииве - па и не ги бива бе! До толку се лоши...
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
"Јас највеќе го обожавам Латас оти не е пристрасен и баш убаво влеГува во фаца. Најначитан новинар, интелигентен и сите треба да земаат пример од него"
Може ова го рекла другарка ти? *Sexual innuendo*
И шо вака еднострана анкетава?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: `V`

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Јас највеќе на Точка им верувам. Информациите за г'зот на Коко и Станија секогаш се најточни.
Од останатите, знам на какви вести ќе налетам уште пред да го видам прилогот. Ако сакам се да ми е розово, ги читам едните. Ако сакам да видам во каква бедотија живееме - другите. Ако сакам да се посмеам на спиновите и фабрикувани статии - третите. Ако сакам да прочитам некој преведен „кромид“ од типот на „Хрватите и Србите говорат македонски јазик“ - четвртите. Со други зборови, за жалење сме, но не заслужуваме подобро.
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Јас ни на мојте дома не им верувам, па камоли на некојси медиум кој сака да ми го пери мозокот. Ако има еден објективен медиум, ќе ја види анкетава на темава (сите до еден го следат форумов) и ќе направат вест. Поубо истражување амин, има добра маса на испитаници и фрапантни резултати по нив. Ама, нееееее, Сител 60%, МРТВ 30%, Канал5 10%, според анкетата на Сител, чао пријатно.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Убав, да....ама скап! Ми се чини дека телевизија како Амазон или КРТ да напраиш сега ти треба инвестиција од број со 5 нули... а камо ли ако размислуваш посериозна! За фреквенција и права мислам за нац. ниво одат 20,000 Евра годишно.... не сум сигурен за ова се оградувам од грешка, ама ми се чини јако дерат! Но што е тоа ако си голем во бизнисот и ако приходите за реклама ти раснат со прогресија од 500% годишно!? .... (кога реков *голем* мислев на голем симпатизер....
Се прашувам, како функционираат оние нискобуџетните - локални ТВ!? Јас не ги ни гледам, бидејки сум постојано на дигитална... постојат ли овие, како работат? Скај НЕТ, МТМ Амазон? У ствари кој нив ги гледа!?
Но еден од условно *малите* е со тенденција да стане голем!?....
И пак со *упикување* на власта.... која? Е, Купувајте де македонски производи! Токму таа - Нашата! Иако во последно време со бркањето на ‘‘бурекџијата‘‘ како да им мутира уредувачката политика!? Или пак се лажам!?
Денес изгледа тоа е формулата за успех во ТВ бизнисот - една две серии од Туркиш или Боливуд продакшн.. за плукање на *поларизираните* една утринска како ‘‘Здраво Македонијо‘‘ или емисии како Бумбар или на Нора онаа што одеше на Алфа уште поубаво... да се испоплукаат оние од штабовите и да ги заслужат хонорарчињата, сега кога нема плакати.... и најбитното упикување у анус на власта со реклами како тоа остваруваат, а сигурно така би било и со некоја друга власт!? (да не се разбереме погрешно).... Ете ти формула за успех!

Во земјава наша како медиум или си со едните или со другите, конкретно на овие што се продаваат низ цела земја.
А овие маливе заработуваат најмногу од реклами. Познавам газда на локална телевизија, најмногу вика од тоа заработува и од поздрави и честитки за празници :pos:
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Се молат вработените во Сител телевизија да не гласаат на анкетата БЛАГОДАРИМЕ
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
129
Поени од реакции
23
Мене Алфа ТВ ми е најобјективна, мислам дека тој впечаток повеќе ми произлегува од тоа што, толку многу Сител е Шител па затоа Алфа ми делува понормална
Алфа е објективна ?.Сигурно не си го фатил серијалот полн со лаги Нов Светски Поредок кој се пласира на АЛфа Тв.Изгледа нашите медиуми го присвојуваат светскиот начин на профитерство и зголемување на гледаноста.Неколку лаги за глобална завера и топол џеб ;)
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Алфа е објективна ?.Сигурно не си го фатил серијалот полн со лаги Нов Светски Поредок кој се пласира на АЛфа Тв.Изгледа нашите медиуми го присвојуваат светскиот начин на профитерство и зголемување на гледаноста.Неколку лаги за глобална завера и топол џеб ;)
Najmnogu mislev za vestite na Alfa
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
129
Поени од реакции
23
Najmnogu mislev za vestite na Alfa
Вестите за Македонија можеби да ,но за светот не би рекол баш :) .А емисиите се приказна сама по себе,пропаганда за зголемување на нивната крвава медиумска империја :).Чист профит !!!.Јас сум човек кој се залага за капитализмот и приватната сопственост.Ако мене ми се гади од помислата на ујдурмите на Алфа Тв ,тогаш навистина има нешто тука :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Јас, на пример, имам бескрајна доверба во СИТЕ македонски медиуми, поготово во способноста на медиумските работници точно и со необична прецизност да не информираат за уште понеобичните работи од секојдневниот живот, како што покажува една вчерашна случка, која за чудо има неколку варијанти:


1.Верзија во која таткото паднал на камења и се здобил со скршеници или на ребра или на глава:

Ја бркал жена си со стап паднал и скршил ребра

Семјна драма во селото Габрово -Делчевско.
Според МВР Б.Ц.(58) ја нападнал сопругата С.Ц со дрвен стап и почнал да ја брка низ дворот на семејната куќа, вчера околу 17 часот.
Но случајот го забележал нивниот син Г.Ц кој веднаш се обидел да ја спаси својата мајка па го турнал татака си на земја. Таткото од ударот во камењата во дворот се здобил со посериозни повреди на главата.

Бил пренесен во болницата во Делчево а потоа во Ургентниот Центар во Скопје. Биле констатирани и скршеници на ребрата.
Полициската станица Делчево презема мерки за расчистување на случајот.

2.Верзија во која синот паднал на камења и се здобил со скршеници на ребра:


Семејна драма во делчевско Габрово

За време на семејна расправија помеѓу двајца брачни сопружници, синот бил оној кој го извлекол "подебелиот крај". Семејната драма се одиграла во делчевското село Габрово.


Имено, сопругот си ја нападнал својата жена со стап, а обидот на нивниот син да го спречи семејното насилство, завршил со негово паѓање на земјата и кршење на неколку ребра.

Семејната драма се случила синоќа во куќата на 58 годишниот Б.Ц. во Габрово. Во кулминацијата на караницата тој почнал со стап да ја брка својата жена низ дворот, а кога дошол нивниот син да го спречи и да му одземе стапот, насилниот татко го бутнал и тој паднал на земјата врз камењата, па како последица на тоа завршил со неколку скршени ребра.

Родителите веднаш го однеле синот на лекар во Делчево, од каде што тој бил испратен во медицинскиот центар во Кочани, а оттаму во Ургентниот центар во Скопје.


3.Верзија во која таткото паднал на камења и се здобил со повреди на главата, а кога го однеле на лекар му биле констатирани скршеници на ребрата:

Ја бркал сопругата со стап, завршил со скршени ребра


Во денешниот билтен на Министерството за внатрешни работи стои дека вчера попладнето, околу 17 часот, се случила вистинска семејна драма во селото Габрово-Делчевско.
Според информациите од полицијата, Б.Ц. (58) ја нападнал својата сопруга С.Ц. со дрвен стап и ја бркал околу семејната куќа. Настанот бил забележан од нивниот син Г.Ц. кој во обид за ја заштити мајката го турнал татка си на земја. Тој се здобил со посериозни повреди на главата од ударот во камењата, а потоа бил пренесен во болницата во Делчево. Поради сериозноста на повредите бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му биле констатирани скршеници на ребрата.
Полициската станица Делчево презема мерки за расчистување на случајот.

И така, на крајот, сеуште не е јасно кој кого турнал и кој што скршил...(n)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^ И јас тоа го приметив пред малку, не се знае кој јаде кој пие:pos:
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Од анкетава излегува дека демек ич не гледате сител =) ајде сега бидете си малку искрени :P
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
Па и нема некој голем избор,обично Сител е на најдолната точка.Толку се сељаци и необразовани тоа е едно чудо,најголеми тролови во Македонија.На ниеден медиум не верувам,а кога ќе фатам вести гледам на Алфа.Онака културни и профи ми се.Инаку и на Сител може да гледате вести,само што секој збор претворете го во спротивното.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom