Не знам зашто толку давате пари за гејнери,земи си протеин и декстроза повеќе ќе ти користи од гејнерот.Ако мислиш дека ќе имаш успех со овие две без добра исхрана.Земи додатно креатин+протеин+декстроза и ќе имаш подобри резултати со нормална исхрана.
Може да се купи посебно декстроза како прашок на пример или мора преку исхрана да се внесува? Мислам дека сувото грозје содржи декстроза, така?
Зар никој не забележа дека првото не е гејнер туку ПРОТЕИН: Глупо е воопшто да се споредуваат, особено по количнита на БЦАА/Глутамин. Прво за гејнерот препорачаната доза е 125гр (30гр протеин) а за Мамутот дозерката е 25 гр (со околу 20гр протеин) така да многу веројатно гејнерот ќе има повеќе глутамин / БЦАА по препорачана доза. Од друга страна Dymatize Mega Gainer има плус калории но ќе се потроши мноогу побрзо затоа што има само 29 дози а протеинот 120 дози.
--- надополнето: 26 август 2012 во 14:46 ---
BTW кој носи и продава Mammut Formel 90 Protein кај нас ? Цената е исклучително примамлива за 3кг протеин со 80% чистина проблемот е што не е веј туку е доминантно протеин од соја.
Битолска фирма, незнам точно како се викаше, знам само дека еден мој другар, заедно што вежбаме, купи од кај нив од Мамутов. Планирам да земам и јас, бидејќи е доста исплатлив за тие пари. Иако не е 100% од сурутка, сепак мислам дека е многу подобар избор од гејнерот.
Инаку,
55% е соја протеин изолат,
35,4% протеин од сурутка,
4% млечен протеин,
1% јајчен протеин +
14,6 гр. BCAA,
18,7 гр. Глутамин и
Витамин Б6 (165% RDA).
moze li nekoj da mi kaze dali e mozno na 23 godini da se rasirat ramenicite i gradniot kos gorniot del,ne samo da se kaci masa nego da se rasirat koskite.negde procitav deka vratilo mu e majkata za posirok izgled a svarno si imam problem so toa i ako moze nekoj da mi kaze dali e mozno i ako znae nekoja vezba za toa i suplement sto bi bil od pomos fala
Не губиш ништо ако пробаш, напротив, можеш само да добиеш. Суплементи и магии за постигнување на тоа што си го замислил - нема. Се се сведува да голема волја и вежбање. Вежбај, ти гарантирам дека ќе изгледаш многу подобро отколку сега и ќе се чувствуваш многу поздраво.
Немој да вежбаш само грб или само рамо, вклучи вежби за целото тело и вежбај прописно. Мускулите и телото треба да се развиваат паралелно и подеднакво, не само рамо или само грб или само гради.