Воопшто не се согласувам со ова! Ќе звучам многу грубо, ама народот не треба да донира. Народот си плаќа даноци за државата да се грижи за ваквите случаи! Се работи за бебе, еј БЕБЕ! Каде се државата, фондот, невладини организации??? Никој не се буни, сите ќутат, `ко се` да е в ред... Овде државата потфрлува, а народот испаѓа нехуман. Јас донирам од мобилен и замисли мојата донација се оданочува. Па така, наместо 100 денари мене ме кошта 18 денари плус, а треба да се проверат и операторите во врска со донациите. Значи на туѓа мака секој гледа да ќари нешто плус.
Зошто никој од фамилијата не се сретнал со министерот? Барем сега е лесно да го најдат, цело време шета по болници. Има камери околу него, нека му покажат документација и нека го фатат за гуша за да го реши проблемот. Во овој случај фамилијата се повлекува пред министерот, наместо да избрише под со него. Не е голема сума која државата не може да ја покрие. Никој не бара министрите или да се откажат од плата, иако со барем една месечна плата од еден министер ќе се покриеа трошоците за лекување на Ева.
Не велете дека народот не е хуман, кажете дека оние кои ги плаќаме за да се грижат за нас - не прават ништо. Сте чуле министер, пратеник или некој советник да донирал плата за нешто? Знаете колку големи им се месечните приходи??? До небо и назад! Еден пратеник зема 80. 000 денари плата, а еден работник зема просек 12. 000. Ај, сега кажи ми - кој е хуман, а кој е нехуман?
П.С. Го гледаш волов што ми е на профил слика? Е, ова ни е министерот што треба да направи нешто за Ева, а и за многу други на кои им треба финансиска помош за лекување.
Ова го знае и тој, го чита и тој, а не мрда со мал прст.
Донирано.