Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
За мене овае е за ЛИКЕ а подршката за Ева е преку донирање
Секој различно ја изразува подршката, но се согласувам, лајкот нема да и помогне на Ева, донации со пари од друга страна - да.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
За мене овае е за ЛИКЕ а подршката за Ева е преку донирање
Друже не е проблем хуманоста проблем е што некои луѓе си ја оставаат домашната работа за утре.Да, треба државата нешто да преземе, но кога сите ја гледаме реалноста во тој случај треба ние да преземеме нешто. Наједноставен начин на кој може да се помогне е да се донира. Да се поголемиот дел од луѓето хумани немаше да има проблем да се соберат 12.000 евра. Во превод тоа би би било дека околу 7.000 луѓе ќе треба да донираат по 100 денари. Па зарем во држава со 2 милиони жители не може да се најдат 7.000 кои би донирале по 100 денари?! Што се 100 денари за секој од нас? Апсолутно ништо. Тие 100 денари нема да ти изменат апсолутно ништо во твојот живот, а од друга страна на некого може многу да му значат. Тоа ми е целата поента околу донирањето и околу хуманоста на нашиот народ.
А за тоа дали се сретнале со министерот или не ние не знаеме. И јас сум за тоа да се сретнат и со министерот и со премиерот и со некои јавни фацки за да извлечат што е можно повеќе средства, но не можам да кажам со сигурност дека не се сретнале. Можеби се сретнале а се одбиени, може и обратно да е. Кога нешто не знам не можам да го коментирам. Душата им знае на семејството. Јас ниту ги знам ниту ги познавам па ми се кине срцево секогаш кога ќе го видам тоа мало душиче, а не па нејзиното семејство.
И добро утро, знам кој ни е министер за здравство, не треба да ми го покажуваш![]()
Друже не е проблем хуманоста проблем е што некои луѓе си ја оставаат домашната работа за утре.
Јас не можам ,а да не се согласам со HITCH за се она што го кажува во постот.
Ако се работи како треба ќе нема потреба од хуманост.
Па кој к*р се 15 илјади евра(извини ме за речников) за да се спаси човечки живот и плус бебе е цел живот е пред него.
Министеров само си го чеша(извини ме пак за речников).
Невладини организации и тие ништо не прават.
Медиумиве само политика и турски серии на телевзија(преку знаеш што ми е веќе)
Не го ни познавам бебево ама ми се крши срцево кога слушам за вакви случаи ,а многу ги има и ќе донирам еднаш два пати колку можам ама не е тоа решението.
Се повеќе и повеќе мислам дека погрешно е што донираме за било кој.Значи јас плаќам данок на државата за воопшто без да слушнам или прочитам тука истиот ден кога ќе се случи вакво нешто како случајов на Ева да замине уште моментот кога ќе се дијаностицира да и помогнат.
Што е сега решение за Ева еден мерцедес да шитнат од владава 30000 евра и ете кај се парите.Ај ќе ги сватев за 200.000 евра да изиграваа циции ама што пари се 10000 евра?
Треба да се собореме на протест и право кај него дома да му ја товариме колата што ја вози и да и се помогне на Ева и така со наши даноци е купена.
Еве пак ќе кажам не ми е проблем да донирам две три кафиња помалце месечно да не испијам толку е,но додека јас или било кој бидеме известени дека Ева или било кој друг кој има проблем може да е предоцна.
Да сумираме
Министер-Не прави ништо
Медиумите-Дали постои кај нас вакво нешто
Невладини организации-И глуво и ќоро е со партиска книшка.
--- надополнето: 25 август 2012 во 22:50 ---
И дали има некоја вест за Ева ?
Недостасуваат пари или веќе е отидена на операција?
Се согласувам со се. И јас сум за тоа држвата да помогне. Имав пишано и претходно
--- надополнето: 25 август 2012 во 23:35 ---
Напишан е тескт во ворд со слика од Ева. Кој би можел да испринта и да залепи по неговиот град?
Кој може нека ми пише пп и ќе му го пратам документот.
Јас не можам да помогнам со принтање, но со лепење да.
А зошто да не испринташ и да залепиш во твојата населба? Колку можеш толку. Да испринташ една страна е околу 2ден. што значи ако испринташ 50 страници ќе те кошта 100ден. Јас деновиве тоа ќе го направам во мојот град.
Ова е со дозвола од родителите на Ева.
Неописливо депримирачки е и нашата помисла дека ја губиме малата Ева...ни умира пред очите...А само што собравме пари за операцијата од 13 800 евра,ја однесовме во Бугарија.Поради предолгото чекање за операција(неможност да се соберат тие 13 800),организмот на Ева претрпел промени(на полошо).Потребни се додатни интервенции на белите дробови,бронхии,дијафрагмата....севкупно 25 000 евра за операциите.Бројките(ако мислите на финансиските средства)постојано се менуваат благодарение на Вас,спасители и помагатели на Ева.За секоја настаната промена известуваме на ФБ профилот http://www.facebook.com/pomoszamalata.eva Ви благодариме за подршката
Дајте да притиснеме по медиумиве, иако не очекувам којзнае каква поддршка од нив, дајте да ги бомбардираме со меилови, или било како некако да издејствуваме некаков притисок![]()
Тоа што тие што треба да преземат одговорност и да го обезбедат лекувањето нека им служи на чест и за жал не ни останува ништо друго освен сега со заеднички сили да се избориме да собереме средства и да направиме добро дело.Дајте да притиснеме по медиумиве, иако не очекувам којзнае каква поддршка од нив, дајте да ги бомбардираме со меилови, или било како некако да издејствуваме некаков притисок![]()
Вториот предлог ти е океј,само какви акции?ПРЕДЛОГ - на сите страни што ги имате на ФБ лајкнато, испратете им го ова
077/143-402 , 070/143-191;075/143-161 Maлaтa Ева (рoдeна 14.04.2012) има дијагностицирана тешка срцева мана ( хипопластично лево срце ) и е неопходна итна операција во Бугарија. Операцијата чини 13 800евра а семејството не е во можност да го собери износот за најкратok рок. Се молат сите граѓани, добродетели, организации да помогнат во спасувањето на малата Ева. Трансакциски сметки: 300-0070827508-86 Комерцијална банka 200 - 0016518668 - 27 Стопанска Банка Вип мрежа: 077/143-402 T Mobile 070/143-191 One 075/143-161 Cите оние од странство што сакаат да донираат за малата ЕВА: 0024580171 STOPANSKA BANKA AD SKOPJE SWIFT:STOBMK2X NAME AND SURNAMEEJAN ILIEVSKI IBAN :MK 07200002458017143 EUR MACEDONIA KONTAKT SO SEMEJSTVOTO 077/629-309
во порака, и замолете да го објават со цел што повеќе луѓе да видат. Или на некои групи на ФБ каде што има доста луѓе пратете порака, нешто слично што правевме за spread the truth!
--- надополнето: 27 август 2012 во 00:52 ---
Имам и еден друг предлог, ама незнам колку би било возможно... Во повеќе градови да организираме мини хуманитарни акции и потоа парите што ќе ги собереме да ги донираме на трансакциските сметки. Еве јас се нафаќам од Велес да потегнам иницијатива, ако има заинтересирани да се договориме некако...