Да и помогнеме на Ева!

Ezekiel

Андерковер Шабан
Член од
21 август 2012
Мислења
22
Поени од реакции
16
Што е причината што фондот за здравство не сака да ги покрие трошоците на лекувањето?
Ако фондот ги покрие трошоците, тоа се минус 25к за државната каса. Ако граѓаните ги покријат трошоците, тоа се 0 денари трошок и 7к приход од даноци (според есапот што некој го напиша тука, од 100 денари, 33 зема државното казино). Ама никого не го интересира системско решение, се е на плукни-залепи.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ако фондот ги покрие трошоците, тоа се минус 25к за државната каса. Ако граѓаните ги покријат трошоците, тоа се 0 денари трошок и 7к приход од даноци (според есапот што некој го напиша тука, од 100 денари, 33 зема државното казино). Ама никого не го интересира системско решение, се е на плукни-залепи.
Мене ми е јасно дека фондот не е алтруистички настроен, повеќе ми беше прашањето дали истиот не е законски обврзан да им помогне на своите клиенти како во случајот Ева? Дали има можност да им се опне тужба во случај ако не го покријат лекувањето навремено како во секоја нормална држава?
Имаше колку што знам некоја измена во Март годинава дека истиот ќе покрива 100% лекувањата надвор во случаевите каде што нема соодветна опрема кај нас, ама изгледа се е само гола вода.
Инаку и мене ептен ме курчи тоа што државата дава субвенции за одредена група на граѓани како тутунари, пиперкари и што ти ја знам, додека за јавното здравство кое е од општ бенефит оставени се сите да се снајдуваат како што можат.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Пробајте сега да донирате тие што можат на т-мобиле, јас сега пак успешно донирав (додуша не сум ни имал проблем со тоа до сега)
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И јас можам да донирам сега. Донирав колку можев денес, утре пак ќе направам серија повици (татко ми ќе ме сели од дома ако вака продолжам :/)
 
H

HITCH

Гостин
Нц, и јас тоа гледам дека не бива... Не сме хуман народ... :( Сите ќе видат, ама ретко кој ќе заврти на телефон...
Воопшто не се согласувам со ова! Ќе звучам многу грубо, ама народот не треба да донира. Народот си плаќа даноци за државата да се грижи за ваквите случаи! Се работи за бебе, еј БЕБЕ! Каде се државата, фондот, невладини организации??? Никој не се буни, сите ќутат, `ко се` да е в ред... Овде државата потфрлува, а народот испаѓа нехуман. Јас донирам од мобилен и замисли мојата донација се оданочува. Па така, наместо 100 денари мене ме кошта 18 денари плус, а треба да се проверат и операторите во врска со донациите. Значи на туѓа мака секој гледа да ќари нешто плус.

Зошто никој од фамилијата не се сретнал со министерот? Барем сега е лесно да го најдат, цело време шета по болници. Има камери околу него, нека му покажат документација и нека го фатат за гуша за да го реши проблемот. Во овој случај фамилијата се повлекува пред министерот, наместо да избрише под со него. Не е голема сума која државата не може да ја покрие. Никој не бара министрите или да се откажат од плата, иако со барем една месечна плата од еден министер ќе се покриеа трошоците за лекување на Ева.

Не велете дека народот не е хуман, кажете дека оние кои ги плаќаме за да се грижат за нас - не прават ништо. Сте чуле министер, пратеник или некој советник да донирал плата за нешто? Знаете колку големи им се месечните приходи??? До небо и назад! Еден пратеник зема 80. 000 денари плата, а еден работник зема просек 12. 000. Ај, сега кажи ми - кој е хуман, а кој е нехуман?

П.С. Го гледаш волов што ми е на профил слика? Е, ова ни е министерот што треба да направи нешто за Ева, а и за многу други на кои им треба финансиска помош за лекување. Ова го знае и тој, го чита и тој, а не мрда со мал прст.

Донирано.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165

Да, треба државата нешто да преземе, но кога сите ја гледаме реалноста во тој случај треба ние да преземеме нешто. Наједноставен начин на кој може да се помогне е да се донира. Да се поголемиот дел од луѓето хумани немаше да има проблем да се соберат 12.000 евра. Во превод тоа би би било дека околу 7.000 луѓе ќе треба да донираат по 100 денари. Па зарем во држава со 2 милиони жители не може да се најдат 7.000 кои би донирале по 100 денари?! Што се 100 денари за секој од нас? Апсолутно ништо. Тие 100 денари нема да ти изменат апсолутно ништо во твојот живот, а од друга страна на некого може многу да му значат. Тоа ми е целата поента околу донирањето и околу хуманоста на нашиот народ.

А за тоа дали се сретнале со министерот или не ние не знаеме. И јас сум за тоа да се сретнат и со министерот и со премиерот и со некои јавни фацки за да извлечат што е можно повеќе средства, но не можам да кажам со сигурност дека не се сретнале. Можеби се сретнале а се одбиени, може и обратно да е. Кога нешто не знам не можам да го коментирам. Душата им знае на семејството. Јас ниту ги знам ниту ги познавам па ми се кине срцево секогаш кога ќе го видам тоа мало душиче, а не па нејзиното семејство.

И добро утро, знам кој ни е министер за здравство, не треба да ми го покажуваш ;)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Слушаш ли, не ти пререче тебе ништо Хич, општо збореше. Девојката има искуство со овие работи, има научено 300 лекции од лоповскава држава и ваквите случаеви. Не рече дека не треба да се донира, напротив, туку потенцираше дека треба фондот ова да го решава.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Зар не може да се направи медиумски притисок?
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Слушаш ли, не ти пререче тебе ништо Хич, општо збореше. Девојката има искуство со овие работи, има научено 300 лекции од лоповскава држава и ваквите случаеви. Не рече дека не треба да се донира, напротив, туку потенцираше дека треба фондот ова да го решава.
И јас ништо не и пререков, општо зборев и го кажав моето мислење за донирањето. И јас сум за тоа фондот да помогне, ама реалноста не е таква, за жал. Да, држвата ние лоповска и никаква, но не можеме во вакви моменти ние да се препираме и да се надмудруваме дека државата треба нешто да направи. Треба ама не прави!
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.641
Поени од реакции
788
Едно само не ми е јасно како луѓево притискаат ЛИКЕ на ФБ за помошта која се бара низ ФБ малку да подразмислат дали тоа е за ЛИКЕ ?
Телефони за донирање:
Вип мрежа: 077/143-402
T Mobile 070/143-191
One 075/143-161
ајде 100 денари не се ништо за нашиот буџет едно кафе испено помалку со пријателите
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Едно само не ми е јасно како луѓево притискаат ЛИКЕ на ФБ за помошта која се бара низ ФБ малку да подразмислат дали тоа е за ЛИКЕ ?
Телефони за донирање:
Вип мрежа: 077/143-402
T Mobile 070/143-191
One 075/143-161
ајде 100 денари не се ништо за нашиот буџет едно кафе испено помалку со пријателите
Изразуваат подршка Мишко. Се надевам освен лајкот, донирале барем по 100 денари.
 
M

Muranyi

Гостин
Едно само не ми е јасно како луѓево притискаат ЛИКЕ на ФБ за помошта која се бара низ ФБ малку да подразмислат дали тоа е за ЛИКЕ ?
Телефони за донирање:
Вип мрежа: 077/143-402
T Mobile 070/143-191
One 075/143-161
ајде 100 денари не се ништо за нашиот буџет едно кафе испено помалку со пријателите
Да,се согласувам дека можеби на тој начин луѓето изразуваат подршка и не верувам дека има луѓе на кои им се допаѓа состојбата на Ева,далеку од тоа.
--- надополнето: 25 август 2012 во 16:49 ---
Зар не може да се направи медиумски притисок?
Прашање на место,уште да се најде медиум кој ќе го направи тоа.Ако има место во етерот,нормално,без да се прекинуваат турските серии и вестите за прекрасната идила во нашата земја.
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Исто како со youtube видеа каде се прикажува на пример насилно однесување на полицајците врз некои луѓе. Луѓето што стискаат лајк таму не стискаат бидејќи им се допаѓа (барем не на мнозинството), туку дека изразуваат подршка за тој што го ставил видеото на youtube и причината поради која го поставил таму - да прикаже полициска бруталност.

Мислам дека е исто и во случајот на Ева, изразување подршка и причината поради која постои веста.
 
M

Muranyi

Гостин
OFICIJALNO SOOPSTENIE OD RODITELITE:MALATA EVA E VO DOBRA ZDRAVSTVENA SOSTOJBA,DENESKA PROBALE DA GI TRGNAT APARATITE.KE CEKAME DA VIDIME KAKO KE SE ODNESUVA.
Ова беше напишано на ФБ профилот наменет за помош на малата Ева.Конечно нешто позитивно.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.641
Поени од реакции
788
OFICIJALNO SOOPSTENIE OD RODITELITE:MALATA EVA E VO DOBRA ZDRAVSTVENA SOSTOJBA,DENESKA PROBALE DA GI TRGNAT APARATITE.KE CEKAME DA VIDIME KAKO KE SE ODNESUVA.
Ова беше напишано на ФБ профилот наменет за помош на малата Ева.Конечно нешто позитивно.
За мене овае е за ЛИКЕ а подршката за Ева е преку донирање
 
Kajgana Shop

На врв Bottom