Да и помогнеме на Ева!

  • Креатор на темата Креатор на темата deko123456
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобро е ако сте во работен однос, да пратите мејл до поблиските колеги (тие до своите колеги со кои комуницираат повеќе) и да се организирате кој колку може да донира. И потоа донирајте ги собраните пари преку трансакциска сметка во банка.
Така и најбрзо и најмногу ќе се донира.
Побрзајте...
 
Океј, донирано повторно :)

Се колнам овие од мобилнава телефонија ако имаат мозок во тоа шупката, еве на ...

Geniuses, Geniuses everywhere ...
 
Доколку донирате преку сметките во Комерцијална и Стопанска банка,истите се означени како сметка на физичко лице,на кое не се зима данок поради хуманитарни потреби што значи дека сите пари стигаат до родителите и не подложат на оданочување.
 
Дај некако да ги алармираме телевизииве и порталиве, сериозно, нема многу време!!!
 
Јас навистина сум махер за банки...
1 банка, Стопанска банка: Госпоѓата вработена сомнително ме гледаше мене и мониторот на кој се појавија податоци од таткото на бебето (сигурно госпоѓата не била известена дека иако трансакциската гласи на физичко лице сепак е за хуманитарни цели), молчеше кога ја прашав што е проблемот, за на крај да ми рече дека неможе да ми каже што е проблемот . Демностративно напуштање на банката додека госпоѓата викаше по мене да уплатам на еден од шалтерите (нека има грижа на совест и вечер око да не затвори)
2 банка, Комерцијална Банка: После давање на соберената сума и моја лична карта, излезе дека мојот матичен број не фигурира во нивната банка (па нормално немам сметка кај вас но господинот Илиевски има), но според политиката на банката немало како да се поврзат средствата од мене како физичко лице без сметка во Комерцијална со физичкото лице примател на донациите. Ми беше понудено да пополнам апликација за да станам корисник на К.Б., на што прашав до кога треба да чекам апликацијата да ми биде прифатена, зошто парите се потребни веднаш, и не добив задоволителен одговор.
3 банка, повторно Стопанска Банка: На шалтер ги оставам парите, моја лична карта и сите кредитни картички што ги имам со зборовите Ве молам, за бебе се работи... Девојчето беше многу културно, ми кажа дека не треба ништо да и дадам само да пополнам образец ПП10 со мои лични податоци и податоци на семејството (име презиме и трансакциска)
Конечно донирано!
(јас мислев дека проблемот ќе се јави со моите колеги кои сабајле ги известив, но луѓето без проблем донираа кој колку може)
Ако сте намислиле нешто, не се откажувајте, секогаш ќе се најде начин донацијата да стигне на вистинското место!
 
Ајде некој нека каже како може на друг начин да се помогне? Дали нешто да се организира... Кој би бил во таква можност?
А и уште колку денови преостануваат до операцијата - или пак додека се соберат потребните средства?
 
Не преостануваат денови до операција.Секој нов ден е ризик за Ева и е потребно што побрзо да се соберат парите.
 
Јас навистина сум махер за банки...
1 банка, Стопанска банка: Госпоѓата вработена сомнително ме гледаше мене и мониторот на кој се појавија податоци од таткото на бебето (сигурно госпоѓата не била известена дека иако трансакциската гласи на физичко лице сепак е за хуманитарни цели), молчеше кога ја прашав што е проблемот, за на крај да ми рече дека неможе да ми каже што е проблемот . Демностративно напуштање на банката додека госпоѓата викаше по мене да уплатам на еден од шалтерите (нека има грижа на совест и вечер око да не затвори)
2 банка, Комерцијална Банка: После давање на соберената сума и моја лична карта, излезе дека мојот матичен број не фигурира во нивната банка (па нормално немам сметка кај вас но господинот Илиевски има), но според политиката на банката немало како да се поврзат средствата од мене како физичко лице без сметка во Комерцијална со физичкото лице примател на донациите. Ми беше понудено да пополнам апликација за да станам корисник на К.Б., на што прашав до кога треба да чекам апликацијата да ми биде прифатена, зошто парите се потребни веднаш, и не добив задоволителен одговор.
3 банка, повторно Стопанска Банка: На шалтер ги оставам парите, моја лична карта и сите кредитни картички што ги имам со зборовите Ве молам, за бебе се работи... Девојчето беше многу културно, ми кажа дека не треба ништо да и дадам само да пополнам образец ПП10 со мои лични податоци и податоци на семејството (име презиме и трансакциска)
Конечно донирано!
(јас мислев дека проблемот ќе се јави со моите колеги кои сабајле ги известив, но луѓето без проблем донираа кој колку може)
Ако сте намислиле нешто, не се откажувајте, секогаш ќе се најде начин донацијата да стигне на вистинското место!

:cuc::cuc: :cuc::cuc: :cuc::cuc: :cuc::cuc: :cuc::cuc:

Ајде некој нека каже како може на друг начин да се помогне? Дали нешто да се организира... Кој би бил во таква можност?

Идеја, хуманитарна забава организирана од Кајгана за Ева?
 
Да, да...
Мене одма ми падна на памет таа идеја, но прво сепак мислам дека треба да се контактира и со семејството секако нели, од нив дозвола да се добие.
 
:cuc::cuc: :cuc::cuc: :cuc::cuc: :cuc::cuc: :cuc::cuc:

Идеја, хуманитарна забава организирана од Кајгана за Ева?

Па би можело такво нешто, зошто да не.
Јас имам на ум нешто да се организира, некој настап на некој пејач и парите што ќе се соберат да се дадат на семејството. Но за тоа треба време некако...
Му пишав на Ламбе па да видиме дали ќе изреагира...
 
Тие што работите во поголема фабрика дај колегите нека соберат барем по 100 ден и да се уплатат вака не бива преку телефон.
 
Нц, и јас тоа гледам дека не бива... Не сме хуман народ... :( Сите ќе видат, ама ретко кој ќе заврти на телефон...
 
Вака може ем парите ќе ги имаат на рака оти не може секој да види дека може да се донира преку телефон, има и постари лица кои не користат интернет. Дај замолите ги овие во Тинекс, Веро или др голем маркет да постават кутија за донации таму до вратата. :)
 
Не ми пречи да се бафтам по банки со улави луѓе, навикнат сум, сум висел по шалтери, знам како е, само се нервирам што не можам да донирам на поинаков начин освен преку повик на телефон (зборам за субстанцијална сума пари). Но ако се организира некоја забава, ќе гледам некако да ископам некоја позначајна сума пари, плус да донесам и друштво. Само да е што поскоро. Инаку донирав уште пар пати денес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom