Класици и култни филмови кои не ви се допаѓаат

Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Ги сакаш Титаник и Чикаго? :D
Не биди буквалист па ти. Доволно е што ЛОТР е спомнат во 90% од мислењава. Вчера гледам Eyes wide shut (долго време го избегнував поради Том Круз ама за Стенли и таа жртва ја направив), уживав во целост во филмот за денес да отворам Кајгана и да прочитам дека некој го мрази до коска. На секое отворање на темава станувам од компјутер и шетам кругови во собата па до балкон за да се смирам.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Баш супер што имало и ваква тема каде што можеш да кажеш свое мислење и во рок од 5 мин да добиеш 50 одговори како се ненормален што не ти се свиѓа некој филм :D

Шала на страна мене не ми се допаѓа ептен A Clockwork orange.
Мислам дека е ОК филм ама далеку од тоа да е најдобар филм на сите времиња како што многу луѓе викаат. А нормално кога ќе погледнеш некој филм што според многумина е најдобар на сите времиња влегуваш со големи очекувања.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.737
Поени од реакции
18.483
Проблемот е што на многу луѓе на форумов а и глобално, се она што не им се совпаѓа со моралните вредности, го презираат, и потоа ги плукаат таквите филмови :rolleyes:

Не е битно што во реалноста постојат многу такви општествени одскокнувања од она што според нив е "нормално" - морaлно, за после истиот самозадоволувачки фактор да биде клучен во оценката за одреден филм :facepalm:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
12.012
Поени од реакции
18.829
Да ме прашаа што мислам за Одисеја 2001 пред 10 години што мислам ќе им кажев дека е лош филм.Го изгледав филмот колку да видам дали вреди што толку го фалат и не бев импресиониран.Ама после некое време се решив да го репризирам.Не се решив да го мотам напред како претходно и за чудо некое го изгледав цел,а да не задремам.Потоа го гледав уште 2-3 пати и заклучив дека и покрај бавните сцени овој филм е привлечен на начин што не можам да го опишам.

Нешто слично и со Блејд Ранер.Прво ја фатив кино верзијата каде Харисон Форд ги прави тие детективски монолози и среќниот крај.Ич не ми се бендиса.Потоа фатив да го гледам Final cut изданието во ремастеризирана верзија.Holy mother of God Batman!Ако е бавно темпото,тоа не ми е проблем бидејќи атмосферата,градскиот дизајн,музиката,улиците на ЛА и Рој Бати се тие кои го прават БР култен во позитивна смисла и заслужен за раѓањето на сајберпанкот.
Мислам дека тоа е главната причина поради која филмов станал култен.:)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Филм од 3 саати со половична акција за 12 годишно дете?

Не ме ребрај и ти сеа, како мал ја мотав видео касетата од досада. :)
А како голем, веќе некако имав гледано други епски филмови и истиов серијал не ми остави посебен впечаток.
изгледа си се „пресисал“ со мотање и одбивен ти станал поради тоа. :D

Не, нема сеа да се ребраме за тоа, но LoTR e мастерпис дело, најдобрата триологија на сите времиња. Мислам дека е излишно да се дискутира за LoTR, или го сакаш или gtfo! :P


Проблемот е што на многу луѓе на форумов а и глобално, се она што не им се совпаѓа со моралните вредности, го презираат, и потоа ги плукаат таквите филмови :rolleyes:

Не е битно што во реалноста постојат многу такви општествени одскокнувања од она што според нив е "нормално" - морaлно, за после истиот самозадоволувачки фактор да биде клучен во оценката за одреден филм :facepalm:
Не само тоа. Еве пред некое време се изначитав како тоа многумина (сеуште) го хејтаат Inglourious Basterds на Тарантино, само, значи само затоа што „ја сменил историјата“. Тотално нерелевантен фактор за да го направиш филмот лош, според мене.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
изгледа си се „пресисал“ со мотање и одбивен ти станал поради тоа. :D

Не, нема сеа да се ребраме за тоа, но LoTR e мастерпис дело, најдобрата триологија на сите времиња. Мислам дека е излишно да се дискутира за LoTR, или го сакаш или gtfo! :P
За муабетот околу триологијата...

 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
На секое отворање на темава станувам од компјутер и шетам кругови во собата па до балкон за да се смирам.
Е добро де, голема работа. Јас не знам зашто до толку се возбудувате ако некој мрази филмови кои вие ги обожавате. Мене сите мои омилени филмови ми ги кажаа, од Star Wars, преку LOTR па дури и Fight Club. Али, негово мислење си е негово мислење, сигурно и јас некои од неговите омилени не ги поднесувам. А и кога постои ултимативно правило дека тој филм мора да е култно добар за сите?
Плус, си викам, шо ги ебам, глуп вкус за филмови имаат. :D
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Од топ 50 листата на ИМДБ следните не ме бендисаа ништо посебно ( незнам дали сите се култни филмови/класици )

The Godfather 1,2,3
Pulp Fiction
Lord of the Rings
Se7en
The Usual Suspects
Memento
Saving Private Ryan

Schnidler's List, Star Wars, Matrix, Apocalypse Now ги немам гледано и тешко дека ќе ги гледам

ne te bendisal neso The Usual Suspects? Memento? filmoj koj gi stavam vo top 5 bez razmisluvajne ti dan ne gi gledas do kraj filmojve ili so e problemot?
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Се сеќавам пред подоста години.. обично среда, одеше целовечерна емисија посветена на филмот која после дво/двоипол часовна дискусија од страна на релевантни филмски критичари, (не како сега со некои анонимни дечки кои не знаат ни да го изговорат името на филмот на македонски јазик, да ги ебам глупите никој не им кажал дека е дозволено а и е правилно да се преведе насловот на филмот..може и слободен превод) омилен критичар ми беше Небојша Џукелич, главната фаца на Белградски ФЕСТ..беше повеќе по динамичните, акциони и SF филмови и не беше закочен на „иконата“ Тарковски:D .... околу филмот, режисери, глумци, инсерти од нови филмови завршуваше со два премиерни целовечерни филма... емисиите одеа последователно од Белград, Загреб и Скопје..
... имено овој увод ми беше затоа што ама буквално немаше емисија а да не се спомне Andrzej Wajda и филмот кој ја обработува темата на комунизмот во Полска Човекот од мермер снимен во 1976 година и Човекот од железо снимен во 1981 година кој е и „sequel“ на претходниот.
Е тој култен „Човекот од мермер“ не успеав никогаш да се натерам да му видам повеќе од десетина минути.

Понатаму...втор досаден култен филм ми е
Крамер против Крамер од 1979 од Роберт Бентон. Во филмот се обработува приказната за развод на еден брачен пар и влијанието кое истиот го има кон останатите, меѓу кои и нивниот млад син. Главните улоги ги толкуваат Дастин Хофман и Мерил Стрип.

Трет... е..
"Црвени" на Ворен Бити.


п.с. како ли само го заборавив повеќекратниот оскаровец..
Возејки ја госпогицата Дејзи... е подосаден култен филм нема..
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Веќе го спомнавте, ама за мене American Beauty е најпреценетиот филм на сите времиња. Обично ѓубре, а на ѓубрето местото му е в канта, а не во кино-салите. Најјако е што го имам гледано неколку пати, секогаш во обид да ја забележам убавината на филмот кој според Оскарите е подобар од The Green Mile. Џабе.

Друго, не знам дали воопшто важат за класици или култни, ама ги мразам од дното на душата музичките филмови Dirty Dancing, Grease (на нашки Брилијантин) и Saturday Night Fever. Како мал ми пукаше главата кога мајка ми и сестра ми ќе се нацртаат пред МТВ за по стоти пат да ги гледаат. И до ден денес ми се повраќа кога ќе ми текне на Tell Me More и онаа другата песна од Брилијантин.
 
Член од
1 март 2009
Мислења
8.632
Поени од реакции
10.350
ne te bendisal neso The Usual Suspects? Memento? filmoj koj gi stavam vo top 5 bez razmisluvajne ti dan ne gi gledas do kraj filmojve ili so e problemot?
Добро бе секој си има различен вкус, тебе те бендисале тие мене не, некој друг не ги бендисал форест гамп и титаник, а еве јас ги бендисвам. И шо да прајме сега?
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.499
Поени од реакции
3.318
Добро бе секој си има различен вкус, тебе те бендисале тие мене не, некој друг не ги бендисал форест гамп и титаник, а еве јас ги бендисвам. И шо да прајме сега?
no hard feelings ama filmojte so gi nabroja jas gi stavam vo top 10 pojketo(isklucok LOTR i Saving Private Rayan ednostavno ne gledam akcija najtapa zanr spored mene) a tebe ne ti se dopajget.. forrest gump e mn poucen film neznam na koj ne mu se svigjat
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Друго, не знам дали воопшто важат за класици или култни, ама ги мразам од дното на душата музичките филмови Dirty Dancing, Grease (на нашки Брилијантин) и Saturday Night Fever. Како мал ми пукаше главата кога мајка ми и сестра ми ќе се нацртаат пред МТВ за по стоти пат да ги гледаат. И до ден денес ми се повраќа кога ќе ми текне на Tell Me More и онаа другата песна од Брилијантин.
Го заборави.... Флешденс...:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom