Се сеќавам пред подоста години.. обично среда, одеше целовечерна емисија посветена на филмот која после дво/двоипол часовна дискусија од страна на релевантни филмски критичари, (не како сега со некои анонимни дечки кои не знаат ни да го изговорат името на филмот на македонски јазик, да ги ебам глупите никој не им кажал дека е дозволено а и е правилно да се преведе насловот на филмот..може и слободен превод) омилен критичар ми беше Небојша Џукелич, главната фаца на Белградски ФЕСТ..беше повеќе по динамичните, акциони и SF филмови и не беше закочен на „иконата“ Тарковски
.... околу филмот, режисери, глумци, инсерти од нови филмови завршуваше со два премиерни целовечерни филма... емисиите одеа последователно од Белград, Загреб и Скопје..
... имено овој увод ми беше затоа што ама буквално немаше емисија а да не се спомне
Andrzej Wajda и филмот кој ја обработува темата на комунизмот во Полска
Човекот од мермер снимен во 1976 година и
Човекот од железо снимен во 1981 година кој е и „sequel“ на претходниот.
Е тој култен
„Човекот од мермер“ не успеав никогаш да се натерам да му видам повеќе од десетина минути.
Понатаму...втор досаден култен филм ми е
Крамер против Крамер од 1979 од Роберт Бентон. Во филмот се обработува приказната за развод на еден брачен пар и влијанието кое истиот го има кон останатите, меѓу кои и нивниот млад син. Главните улоги ги толкуваат Дастин Хофман и Мерил Стрип.
Трет... е..
"Црвени" на Ворен Бити.
п.с. како ли само го заборавив повеќекратниот оскаровец..
Возејки ја госпогицата Дејзи... е подосаден култен филм нема..