CNN: Македонија е во групата земји со најлоши економии

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да Да Јако:) и јас тогаш го примитив ова па морав на google да си го проверам моето знаење уште еднаш за што добив потврден одговор , и после си реков за ова баш ќе преќутам да видам дали некој ќе го најде багот така да честитки ти си првиот ова што го најде багот.
Само прашането е дали багот е проблем во неписменоста на журналистот или представуване на се во розева светлина.
--- надополнето: 22 август 2012 во 00:48 ---
Тешко иде дечки во реален сектор, а најавуваат уште потешка година. Јас незнам дали има дно кризава.
Ако треба да бидеме реални, преди 2015-2016 година не чекаj да има добри години и добар раст. Цела Европа се влечка по корем-раст/пад приближен до 0.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Jaс се чудев дали тоа да го ставам во Хумор, но ако не беше толкова тажно,ке беше смешно.
Коj чита CNN бе, баталите го тоа губре. Видите што пишува феноменалниот Вечер. :)
Ке цитирам само два многу битни дела.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DF5412C444245D4A837EE748E778D77D
Според Вечер BBB < BB :icon_lol:
Го читав пред некој ден ама во форумов никој не спомнал ама овие од Вечер дефинитивно три чисти немаат. Ама па и тие што веруваат во тоа или со сила се прават слепи или цел ден се на антидепресивни средства кој им ја заматуваат реалноста.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
КОЈ Е ТОЈ УСУЛ?

Деновиве по социјалните мрежи најсподелувана изрека е онаа „Кој е тој Усул, мајка ми постојано ми вели да пијам со него?“. Се чини и нашата Влада се уште не се запознала со овој Усул, барем кога станува збор за администрацијата. Можеби помалку добрата страна во тоа да се има млада и енергична влада е тоа што најверојатно, до нив не стигнале старите изреки како оваа за Усул. Се што се работи со усул е добро, се што е претерено е лошо, честопати велат старите. А кај нас работите во администрацијата се повеќе од претерани. Во услови кога веќе секоја години ни е или предизборна или изборна, на вработувањата им нема крај. Државниот апарат без усул се зголемува. Јасно е дека во услови на криза единственото ветување кое може да го даде Владата предизборно е вработувањето. А кога и приватниот сектор е на колена, а инвестициите стојат само во најава, единствен излез за вработувањата е државната и јавната администрација.
И додека загрижува фактот за економските последици кои ги предизвикува прекумерното вработување (кога државата почнува да се задолжува за да ја исплати плејадата од војници кои ги вдомила на државна сметка), можеби уште повеќе треба да загрижува социјалната димензија на овој феномен. На младите се поатрактивна им е службеничката работа отколку градење сопствена кариера или кариера во приватна фирма. Оние амбициозните пак, веќе одамна ја „прочитаа“ политиката на Владата, па се вработија во друга држава или пак, во нашава, ама за странска фирма. Останатите чекаат на државна работа, а во меѓувреме, наместо работа во приватниот сектор, полесно им е да магистрираат и да докторираат. Логиката дека секои избори носат нови вработувања е веќе е јасна, но јасна ли е онаа дека прекумерното вработување во администрација честопати носи до државен банкрот?
Примерите, барем последните неколку години, ни се пред очи. И ако во случајот со дечкото кој го бара Усул на социјалните мрежи јасно е дека пиењето без усул води до алкохолизам, по логика на нештата, дијагнозата за нашето општество од прекумерни вработувања е бирократизирано општество. А Алберт Анштајн веќе одамна проценил: „Бирократијата е смрт за секоја добра работа“.
Линк
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Освен Усул народот во Македонија треба да го запознае и Усвет.
 
ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
Државата се задолжи со нови 27,8 милиони евра на домашниот пазар

Сподели на Facebook

прочитано: 42
Владата на Република Македонија, поточно Министерството за финансии, вчера продаде државни записи во износ од 1,712 милијарди денари (27,8 милиони евра) со рок на доспевање од 3 и 6 месеци, извести Народната банка.
Министерството понуди и продаде тромесечни државни записи во износ од 1,356 милијарди денари со годишен купон од 4 отсто. Покрај тоа, беа понудени и во истиот износ продадени шестмесечни државни записи во износ од 356,3 милиони денари, исто со годишен купон од 4 отсто.
Државните записи, кои се со пократок период на достасување (под една година), по правило ги купуваат банките, додека државните обврзници, кои се со рок на достасување подолг од една година, ги купуваат пензиските фондови.
Државата годинава значително го засили издавањето на државни акции и обврзници и во однос на лани и во однос на преклани. Бројот на аукции само во првите 7 месеци годинава е поголем од оној лани за целата година.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Освен Усул народот во Македонија треба да го запознае и Усвет.
Е, ама затоа како го познаваме Рушвет. Кај и да одиш негов поздрав ти бараат.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
87
Поени од реакции
69
Државата се задолжи со нови 27,8 милиони евра на домашниот пазар

.
А вкупно?

180 МИЛИОНИ ЕВРА ПОЗАЈМЕНИ СО ДРЖАВНИ ЗАПИСИ САМО ВО АВГУСТ

Владата позајми дури 180 милиони евра со издавање државни записи на неколку аукции во август.

Интензивното задолжување на државата во овој период се случува поради достасувањето на издадени записи од околу 175 милиони евра што треба да се вратат. Издадени се пократкорочни записи со рок на достасување од три и шест месеци, но и едногодишни, тригодишни и петгодишни обврзници.

На последната аукција од неделава Министерството за финансии позајми околу 28 милиони евра.
Бизнисмените пак, постојано апелираат до Владата да запре со задолжувањата на домашниот пазар, бидејќи најмногу пари во државните записи вложуваат банките, кои пак, за сметка на тоа, одбегнуваат да ги кредитираат компаниите, туку одбираат да вложуваат без ризик.

Државните записи се главен извор на државата годинава за финансирање на буџетскиот дефицит, откако се изјалови планот за позајмување на 250 милиони евра од Дојче банк. Министерот Ставрески тврди дека Буџетот добро се полни и дека нема да има потреба од ново кратење со ребаланс.
//
Линк

Од шупливо во празно. Се задолжува за да исплати претходни позајмувања.

jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755

Нажалост така е секаде не само во Македонија..
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Нажалост така е секаде не само во Македонија..

Гарант истото им го викале и на чуварите во некој од концентрационите логори во Нацистичка Германија ако не сакале да убиваат. АЈ БЕ СЕКАДЕ ГИ УБИВААТ .

Какво оправдување е тоа.Може да биде 3 работи ПРАВИЛНАТА РАБОТА,НЕПРАВИЛНАТА РАБОТА и КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ.

Ова е комплетно НЕПРАВИЛНАТА РАБОТА:
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.156
Поени од реакции
2.755
Гарант истото им го викале и на чуварите во некој од концентрационите логори во Нацистичка Германија ако не сакале да убиваат. АЈ БЕ СЕКАДЕ ГИ УБИВААТ .

Какво оправдување е тоа.Може да биде 3 работи ПРАВИЛНАТА РАБОТА,НЕПРАВИЛНАТА РАБОТА и КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ.

Ова е комплетно НЕПРАВИЛНАТА РАБОТА:
ЈБГ 20 години сме со "НЕПРАВИЛНАТА РАБОТА"..Но полека полека идеме кон "КОМПРОМИСНОТО РЕШЕНИЕ"..Правилната ЌЕ ПОЧЕКА малце (y)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
ЈБГ 20 години сме со "НЕПРАВИЛНАТА РАБОТА"..Но полека полека идеме кон "КОМПРОМИСНОТО РЕШЕНИЕ"..Правилната ЌЕ ПОЧЕКА малце (y)
Не на нас ни треба 10-20 години само ПРАВИЛНА РАБОТА само да ги поправиме штетите од 20 те години НЕПРАВИЛНА РАБОТА.

Па после уште минимум 10-20 години ПРАВИЛНАТА РАБОТА или КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ да ги поправиме работите од 60 години НЕПРАВИЛНА РАБОТА во Југославија.

Па можеби после 40 години правење се како што треба ќе може да кажеме дека секоја нова генерација ќе живее подобро од нивните родители.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.898
Поени од реакции
23.299
Не на нас ни треба 10-20 години само ПРАВИЛНА РАБОТА само да ги поправиме штетите од 20 те години НЕПРАВИЛНА РАБОТА.

Па после уште минимум 10-20 години ПРАВИЛНАТА РАБОТА или КОМПРОМИСНО РЕШЕНИЕ да ги поправиме работите од 60 години НЕПРАВИЛНА РАБОТА во Југославија.

Па можеби после 40 години правење се како што треба ќе може да кажеме дека секоја нова генерација ќе живее подобро од нивните родители.
Ами шо му се думаш тогаш кога требаат над 100 години за да некој живее како што треба со правилна работа. Ти колку планираш да живееш 1000 години. Сеј уживајси и прави како сите што прават. Нека му се секират другите генерации исто како и што претходните не се замараа како ние ке живееме.
Глеј си го животот, прај кеф и остај некој од помладите генерации да си ја чука главата, секако нема да доживееш да живееш како што треба, така да незнам ни што се замараш и нервираш.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ами шо му се думаш тогаш кога требаат над 100 години за да некој живее како што треба со правилна работа. Ти колку планираш да живееш 1000 години. Сеј уживајси и прави како сите што прават. Нека му се секират другите генерации исто како и што претходните не се замараа како ние ке живееме.
Глеј си го животот, прај кеф и остај некој од помладите генерации да си ја чука главата, секако нема да доживееш да живееш како што треба, така да незнам ни што се замараш и нервираш.
И ти си у право :)
 
Зотоа што така сум пораснат и образуван.

За мене е правење кејф да се прави правилната работа а искрено и уживанција.Не знам што е можно да е поголема уживанција од правилно сработена работа.Можеби боли кога нема да ти ја ценат работата понекогаш али јебига тоа е живот.

А за тоа која генерација ќе дочека не ми е многу гајле и вака и така сите ќе умреме еден ден и мислам дека подобар начин да го поминеш животот од тоа да работиш на тоа тие после тебе да живеат подобро од тебе нема.Што ако гледам само мој гзз и живеам за моментот цело време да не ќе живеам вечно ? ( не дека не гледам мој гз али сепак гледам притоа да не правам штета на други )

Плус и се треба да си е умерено има доволно време и за уживање.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom