СиЕнЕн рабела против власта, еуробарометар служи да си прикажеш само дел од тоа што ти одговара, масоните ја наместиле олимпијадата (затоа бај`д`веј не ги освоиме ние сите злата), Македонија да ти имала поголеми пирамиди од Египед, а не сме знаеле (овие комуњариве уште не лажат), скопјани ќе немале парно оваа зима (демек ќе банкротирала топлификација) а у меѓувремену глејте турски серии. Е заради ова му еб&вте м&тер на јавното мислење, бркајте сега кодоши и кодошени, ќе се замараме кој кажал 2-3 збора против Тито, кој кажал јавно дека е бугарофил па затоа бил голема жртва (а стварно незнам што има фраерски да си бугарофил или србоман), кој со која се сексал, каде и слично, полнети ги насловните со која и го "украла" бившиот на Каролина или која каде ставила силикони и колку обожава да се секса, добро, признавам и ова е подобро да го има на наславна шпица отколку некој посерко да ми соли памет дека сме земја со најдобра економија во европа, најниско задолжена, најдобро се справуваме со клетата светска криза која по се изгледа некои намерно ја планирале да почне во време на нашиот најголем реформатор, во топ 3 реформатори сме за инат нивен! Во топ 5 по некој нов однос поделен незнам со што па така сме бољи за многу места пред нашите соседи, особено пред Грција (ова е всушност е најбитното) која тоне! Добро Германија е малку пред нас али ја стигаме! Особено виновна е опозицијата за дождот што направи хаос во Охрид, требало на време да го остават градот да не го бие малер како што ги бие нив, па затоа губат неколку избори по ред. Уште не им текнало, сиротињи, нема кој да им каже не одете на избори ќе изгубите затоа што сте МАЛЕРИ, а не за друго. Батали списоци, притисоци, купопродажби дај глас-на субвенција, дај 15 гласа еве ти инвитро, ако сакаш решение за врабутување дај 30 гаса, а ако сакаш да почнеш на волонтирање-акција пазари не ти бега (оваа ми е омилена), а кој не знае еве ви опис на работата како оди. Идеш посабајле околу пазарчиња или супермаркети, нормално со уште неколку со тебе, и ловите луѓе потенционални гласачи. Им помагате околу кесите и торбите да им ги качите по сакалите и лобирате за кој да гласаат) незнам кој ја смислил акцијава али стварно е генијалец. Нобелова е мала награда, треба некоја нова да се измисли, на пр. може да се вика Грујоверова награда на пример, али не мора може и некое античко име, зашто да не. Реклами розови си снимаме ама неможе секој да ги прикажува, мора уште порозови да ти се вестите ако сакаш реклами ако не најеб&чеш. Али ќе биде "подобро" се ова завршува негде околу Нова година, после следува 24/7 реално шоу на сите телевизи, весници ама и на сите портали и социјални мрежи ФРЛАЊЕ ЛОПАТА и СЕЧЕЊЕ ЛЕНТА, тешко нас, изборите се ближат!