Баш поради ова и всушност сега се најавив и мислам дека Бугарија може тука многу да добие.,на крај краеви и самиот термин е сличен на компензација или реципроцитет и нормално правен договор помеѓу продавачот и купувачот.
Претпоставувам јасни ти се целите на самиот оф-сет,како прва цел се става акцент на технолошкиот потенцијал односно целта треба да биде да се одржи и зголеми технолошкиот потенцијал на Економијата(што мислам со модернизацијата на МИГ-29 не ќе ја биде),можеби ќе се одржи технолошкиот потенцијал но нема да се зголеми.
Втората цел(не помалку значајна) е Економска и тука повеќето држави настојуваат со самиот договор да се отворат нови работни места и што е можно да се врати повеќе средства од издвоените за Воена опрема која е набавена од странство.
Значи хипотетички од дадени 100% средства директно да се вратат барем 50-70% се смета за успешно а има примери каде Држави продавачи земаа оф-сет обврски од дури 200% еве таков пример се баш Британија и Германија токму на Јужна африка и понудија 200% за време на преговори за набавка на подморници.
Овој пример го увидоа и низа држави па и они бараа повеќе како австрија при набавка на летала.
А знаеш дека баш после распадот на СССР овие 20 години земјите од екс комунистичкиот блок,понатаму азиски држави и афрички се вооружуваат еве конкретно за земји во транзиција посебно одговараат овие договори.
Како што прочитав германија унапред ви нуди директен офсет што значи да ја одржувате технологијата дома значи се постигнува првата цел т.е зголемување на технолошки потенцијал што е доста позитивно не ми даде детали за индиректниот оф-сет дел,имено можете да барате од нив набавка на одредени производи,делови,полуфабрикати и тоа од одредени сектори бидејќи во воената економија има мултипликациони коефициенти пример во словенија е варијабилен од 1 до 7 додека норвешка оди на фиксен што е нормално ако ги споредиме.
Зборуваме за милионски суми имајќи предвид дека Еурофајтер ЕФ-2000 и тоа варијанта иста како Германската(значи на ниво) не верувам да биде под 70 и над 110 милиони евра(зависи верзија т.е транша),но имајте ја предвид и конкуренцијата како фактор кој треба да се земе предвид.
Според Бугарската агенција за странски инвестиции во 2007 вие веќе по членството во НАТО имавте Директни инвестиции од две милијарди евра очигледно е резултат на членството во НАТО исто како и сега со Странските Директни Инвестиции во Албанија кои се 5-7 пати поголеми од тие во Македонија.
Ќе ти посочам и пример за набавка кој не е сличен на бугарскиот(вас ви се доволни 6 летала како за почеток) но конкретно Шпанија кога набавуваше F-A18 во вредност од Милијарда и осумстотини милиони долари САД се обврзаа да купат производи од Шпанија во вредност од Милијарда и петстотини милиони долари пред се од Керамичката и металопреработувачка индустрија.
И обединетите емирати кога набавија околу 400 француски леклерк тенкови побараа Оф сет исто така тука е и Јужна кореја еве ти и пример за Ф-16,имено Јужна кореја набави 12 авиони а за возврат доби право дома да монтира(со деловои од САД) 32 авиони и побара лиценца за производство на уште 70 авиони поточно од договор над 5 милијарди долари кореанците вратија 30% ама добија право да произведуваат дома,ако бараа на пример 60% сигурно САд ќе се обврзаа на набавка на Бродови од цивилниот сектор-значи се е до тактиката..
А сега воениот буџет на повеќето ЕУ држави се намали,набавките се намалија Африка веќе се вооружува од Јужноафриканска фирма Денел па и од Застава нешто кои нудат далеку поефтини производи така да Европскиве фирми се во една да ја наречам незгодна ситуација.
Е сега сум приметил неразвиените земји при оф-сет бараат најчесто продавачот да земе обврска да купи одредени производи од набавувачот а ова се должи на неразвиеноста на државата,ама земјите во развој во Случајов Бугарија може да дозволи да побара и проширена технолошка линија на пример одредени компоненти да се вградат во бугарија или пак дел од арсеналот да се произведува само за домашни потреби.
Е сега интересен е и унгарскиот пример со швеѓаните ако Чесите малку утнаа,еве уште во 92-94 година кога се збореше за Унгарија во НАТО стана јасно дека ќе мора и нбавка на повеќенаменски ловци,откако им стана јасно на Унгарците дека производството на грипен во серија почна 1997 фактички они да бараа дел од технологијата или вложување во ремонтен објект или пак производство на делови од авионот е смешно па и неефективно,наместо тоа они се одлучија да одат на мултиплициран индиректен офсет кој ќе повлече низа сектори во економијата,они фактички бараа инвестиции кои ќе имаат траен и долгорочен ефект па затоа и склучија предофсет договор со холдингот инвестор,тоа е шведски холдинг кој е цела мрежа од комуникации,до автоделови,еклектрика па и СААБ кој го произведува грипен мислам дека и Сканиа спажа тука и електролукс и астра зенека значи збориме за компоании кои вработуваат близу 800 000 лица и вртат над 10 милијарди евра.
Е сега на тендерот Унгарците искористија врски и со холдингот и со поединечни фирми па почнаа со договор предофсет за соработка,Швеѓаните што ветија исполнија Еллектролукс и Астра инвестираа Директно и навлегоа трајно отварајќи 20 000 работни места инвестицијата беше над 60 милиони-зборуваме за Директна,фактички електролукс отвори фабрика во унгарија која е меѓу првите на пазарот на бела техника и првата фабрика за правосмукалки
,од тогаш(1995 па се до 2001 од самиот предофсет договор во Унгарија се оствари обрт од над 800 милиони долари и сеуште таа компанија зазема 3-5% од извозот на унгарија.
Како резултат на ова Унгарија потпиша договор за набавка на 14 повеќенаменски JAS-39 грипен со современа технологија поточно 4+ генерација а рокот на отплата им е 10 години а Грипен Интернационал откако преку партнерите ги исполни предофсет обврските потпиша офсет договор за Директно инвестирање додатни 440 милиони евра во Унгарија,токму унгарците бараа минимум 30% да бидат во форма на Директни инвестиции а добија повеќе.
Денес условите се сепак слични,пак Европскиве фирми се во криза и владее тешка конкуренција ама мое лично мислење е дека Еурофајтер ви е најдобра опција како што кажа и сам Ќе добиете Технологија со заводот за ремонт ТЕРЕМ и секако има опција покрај политичката поддршка да побарате слично како унгарија барем 30’ директни инвестиции а VW за фирма како оваа имате енергија по солидна цена,капацитет не наоѓам причина зошто да не дојдат само треба добро да одиграте ете и Ремонтната база во Софија ќе ја чепнат плус.
А околу политичката поткрепа знаеш како е,може франција Италија или Британија да речат НЕ и готово,алудирам дека посигурно и подобро ви е да одите на Реален Фактор во Економијата и Директни инвестиции.
Е сега Швеѓаните ќе ви дадат извозни варијанти C/D кои имаат пакет за доопремување за новата ракета метеор и ласерски наведувана бомба ама пак ќе треба да плаќате иако Грипенот е околу 60 милони и далеку поевтин од Еурофајтерот ама има еден мотор,8 носачи на оружје додека еурофајтерот има вкупно 13(11) кај варијанти и двата авиони имаад HUD и AESA само што борбениот радиус на Грипен е нијанса повеќе како резултат на подобрувања(околу 30% + гориво во новите верзии) ама во однос на вооружување дефинитивно Еурофајтерот е супериорен.
.