Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ваквата ноншалантност е неминовна да се случи во оваа фаза во која се наоѓа Волтер. Ситуацијата е до толку забегана, што нема враќање назад, или народски кажано „си се фатил на орото, и ќе го играш“. Очекувано е да паѓаат вакви колатерални штети, без разлика колку се неоправдани и болни. Плус и ова е начин, по којзнае кој пат, да ја видиме едногодишната еволуција на главниот лик. Каква промена има од оној Волт кој не знаеше што да прави со типот од подрумот во прва сезона, и овој сегашниот кој не се многу потресе кога Тод го извади пиштолот (ќе видиме наредната епизода, ама барем мене ми личеше дека му е сеедно, за разлика од Џеси).

А моралниот код одамна го нема никаде, можеби уште од моментот кога Волтер се прогласи за The Danger и продолжи да готви ставајќи се' на коцка и загрозувајќи ги животите на оние околу него, но и на оние кај кои на крај завршува дрогата. Волт си има зацртано дека целта ги оправдува средствата, како што беше случајот и со lily of the valley.
И не се пропагира никаква порака, едноставно, на дружината, но и на нам гледачите, ни се става до знаење дека работите понекогаш нема да се одвиваат според очекуваното и дека ќе има тешки и несакани последици.
Секако дека ова е game-changer за триото. Џеси во никој случај не би можел лесно да премине преку убиството на дете, а исто и Мајк. Не го сметам Мајк за толку индиферентен тип, особено кога станува збор за деца. Како што се сеќавам, една од причините поради која не ја скина Лидија кога и' упадна во станот беше поради тоа што нејзиното дете беше таму. Ова можеби отвара простор за нови понатамошни алијанси - Џеси и Мајк vs. Волтер и Тод. Ваквата поделба сигурно нема да се случи преку ноќ бидејќи Волтер се' уште држи авторитет кај Џеси и станува се' поспособен за емотивна манипулација. Но, имајќи го главниот збор во сите одлуки, сигурно ќе сака да го уфрли Тод во екипата, без разлика дали другите се противат или не. Да, Тод не е наивен пљачкаш, туку е наивен општо. Како што ептен буквално го сфати правилото leave no witnesses, така и во иднина би можел да прави што ќе му се каже. Волт би бил глуп ако се ослободи од некој кој без проблем може да му ги врши валканите работи.
Моментот е ептен случаен. Примети во воведната сцена, кога детето си ја става теглата в џеб, се слуша воз како тргнува во позадина. Значи нема никакви сценарија и договори за да се најде токму тогаш на токму тоа место. Точно е дека Тод сака да стане дел од екипата, но од една многу проста причина - пари.Па убиството оди на душа на Волт, сугестивно: " Мали никој не треба да знае за акцијава , никој " И малиов зборовите во крпче.
Ама пак ми се јавува некоја скептичност со ненадејната појава на детево и неговото убиство. Сумњам у спонтаноста на моментот. А да ја убацам тука опцијата за гумени куршуми. Тод е бате кое сака да улета и да се инфилтрира у екипава и знае дека ќе упали кај Валт само како дрти ступид бој али која му е целта е прашањето. Дали е таен агент или е дел од баграта на Мајк?
Волт ако е одамна мртов, ондах Џеси сеуште го нема загубено моралниот часовник и никако нема да го преџвака ова.
Пробајте да го упишете името Тod (со едно д) на Гугл Транслејт, изберете ја опцијата од германски на македонски и видете го резултатот.
Која симболика, нели?
Само мене ми делува дека Хајзенберг и Мари ќе се... налегнат?
По пиво се кладиме.Ваљда само ти тоа го приметуваш...
По пиво се кладиме.Пази, имам погодено за Рејчел и Џои.
![]()