Евтини авионски карти

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.354
Tranquilis имам две офф топик прашање од последната дискусија.

1.Пред некое време добив емаил од Визер дека имаат направено Trial test за Large Cabin Bag така што за таква торба која до сега беше бесплатна до 10 кила они планираат да ја воведат истата таа со цена од 10 евра. Дали тоа им е усвоено или сеуште е по стари цени?
2.Ме интересира дали Визер ке ја преведе вебстраната и на македонски?Гледам за сите земји кај имаат база е преведена само за македонски нема.
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657

1. Тоа важи само за Катовице - Лондон за сега, а кога ќе биде раширено на сите рути, не би требало да важи за веќе купени билети, туку само за новите.

2. Веќе два месеци е во подготовка, би требало официјално да биде објавена на 27ми август.

Од потписот гледам си го направил она за кое ти пишав пред некое време. Честито блог, ќе ти пишам ако имам некои забелешки. (На пример, плаќање со Маестро е скоро непостоечко, а просечната старост на флотата е далеку подобра од стандардните компании поради тоа што најчесто авионите се изнајмуваат преку пат на лизинг и се заменуваат за нови по 4-5 години).
 
Благодарам за одговорот.Да отворив блог сеуште не е ништо посебно разгледувам што можам да пишувам и така натаму.Моментално сум во фаза на истражување па многу наскоро планирам да почнам со се повеќе содржини.Секоја забелешка е добредојдена :) Доколку приметиш уште нешто обавезно пиши
 
Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.657
Поени од реакции
722
Tranquilis

Ако може и јас да добијам одговор на моите прашања.

1. Ме интересира околу рачниот багаж, како што знам доста се строги правилата па не би сакал да ја згрешам работава. Што препорачуваш да земам/купам, куфер со стандардните димензии или па попаметно ми е некаква торба која што би можела да се притисне и да ја собере во делот наменет за тоа. Муабетот е што да се направи, а да не се згреши.
2. Околу самото онлајн резервирање, веќе извршив едно плаќање преку Виза Електрон, е сега 15ина евра помалце ми излегува доколку плаќам во банка, арно ама да не има некоја провизија плус? Ко што разбрав 1-2% само зимале у банката за плаќањето. Дали е поисплатливо да си уплатам преку банка?
3. Ако имам онлајн чекирање, ко што читав можам 7 дена пред тргањето да се чекирам. Дали ќе можам однапред во 2та правци да го направам тоа? Логично ми е дека можам, ама... : ))

Фала ти
 
1. http://forum.kajgana.com/threads/Евтини-авионски-карти.5022/page-36#post-5072783
За Wizz Air официјално дебелината е 20 цм, но сепак дали ќе биде проверено зависи од луѓето кои работат на аеродромот, така што (од искуство) сметам дека 23-4 би се толерирало. Во секој случај препорачувам тврда обвивка.

2. Зависи од трошоците на банката. Одговорот варира од случај до случај.

3. Мислам дека не - важи за секоја насока посебно. http://wizzair.com/en-GB/useful_information/web_check-in
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Кај да побарам ефтини летови до Франкфурт?
 
B

BBlisto

Гостин
Како најефтино до Норвешка? Било кој поголем град?
 
Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.354
Кај да побарам ефтини летови до Франкфурт?
Од Скопје немаш конекција дикрено до Франкфурт но можеш преку Белград да одиш со Јат ервејс. За цени прегледај на нивната офицјална страна.
http://www.jat.com/active/en/home.html
Како најефтино до Норвешка? Било кој поголем град?
Од Скопје можеш да патуваш преку Истанбул со Turkish Airlines а ако ти се оди со автобус до Белград или Приштина мислам дека од таму лета Norwegian за Норвешка. Мој совет ако цената ти е висока со Норвегиан(бидејќи се стално полни) повеќе ти се исплати со Turkish Airlines бидејќи нудат највеќе кг за носење.

http://www.norwegian.com/

http://www.turkishairlines.com/
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
Профилов е офицјален од Визер или го има направено некој обичен корисник?
Oфицијално од профилот на Визз

И едно прашање ако е некој поупатен, за наводна идна понуда на EasyJet или Ryanair од Охрид...
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Oфицијално од профилот на Визз

И едно прашање ако е некој поупатен, за наводна идна понуда на EasyJet или Ryanair од Охрид...
И сега кого да тепам по уши, нив што лажат дека се официјална страница на Wizz Air или тебе што шириш грешни информации без абер да имаш? И тоа уште потврдуваш со сигурност. :facepalm:

Страницата нема никаква допирна точка со компанијата, освен што го злоупотребува брендот. Личи убаво сега за сега, ама порано или подоцна ќе излезе на видело која им е целта. Им посочив во најмала рака да објават дека се фан страница, ме блокираа. Пријавена е како лажна страница и би требало наскоро да бидат превземени соодветни мерки.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.161
Поени од реакции
18.202
И сега кого да тепам по уши, нив што лажат дека се официјална страница на Wizz Air или тебе што шириш грешни информации без абер да имаш? И тоа уште потврдуваш со сигурност. :facepalm:

Страницата нема никаква допирна точка со компанијата, освен што го злоупотребува брендот. Личи убаво сега за сега, ама порано или подоцна ќе излезе на видело која им е целта. Им посочив во најмала рака да објават дека се фан страница, ме блокираа. Пријавена е како лажна страница и би требало наскоро да бидат превземени соодветни мерки.
Епа и малку сам себе или цела екипа ако си претставник на Виз.И вашето име е загрозено со ова, ете не сме ни свесни дали е или не, не знам дали да верувам на тие таму, тебе или на никој :)
Малку поозбилно нека е и од вас, ако е како велиш Виз е смешен во оваа ситуација.Поработете си на ова поозбилно, а не да се нафрлате вака по форуми.Ваше е да информирате.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom