- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.760
- Поени од реакции
- 2.574
Дали има некој да користи инфрацрвени панели за греење? Ме интересира ако има некој да сподели искуство за нив, како и за цени, производители итн.
Инаку јас бев готов да земам панелни конвектори, истите се доста евтини, можат да се најдат за некаде 5000 - 6000 денари за 2,5 KW. Но нешто што не ми се допаѓа кај истите е циркулацијата на воздухот, топлиот воздух како полесен оди во горниот дел на просторијата, значи не ми се допаѓа таа неизедначена температура во просторијата и исто така ако се одалечам од истата да е поладно а премногу блиску до неа да е премногу топло.
Еве еден текст кој што одлично ги опишува инфрацрвените панели, ако добро разбрав ги нема овие проблеми и греењето со нив е поевтино.
Топлиот воздух секогаш оди нагоре, без оглед како се грее. Од мое искуство, конверторите се најблиску до греење со радијатори, бесшумни, без вентилатор што го насочува воздухот некаде. И нормално е дека во близина на грејното тело е потопло отколку на спротивниот дел од просторијата. Ако не постојано така, тоа значи дека топлотното тело нема капацитет да ја загрее просторијата, дали поради големината или поради лоша изолација која ја губи топллината.
--- надополнето: 13 август 2012 во 12:28 ---
А да разгледаш мултисплит системи? На една надворешна единица, повеќе внатрешни. Во секој случај е подобро е на повеќе места да се лади/грее толкава просторија, отколку од една точка.Планирам да стои тотемот во салон и да грее и лади цело време па јас кога сакам и која соба сакам да ја отворам и да се грее
Размислував за инвертер клими но не знам што ќе се прави кога температурата надвор е -20-30 ем поскапо е со клими ем нема шанса да се греам цела зима ќе мора да се појачува со некој панел...додатен трошок но и 4-5 единици за греење ќе имам(комплицирано).
Знам дека тотеми има од 7-15kw мене ми треба максимум 12kw, вчера прашував во техномаркет никој не знаеше да објасни ....

