Предходно на тема ‘‘соларни колектори‘‘ пишував за овој класичен бојлер. Како соларна технологија која чини 400-500 Евра, а има рок на употреба 10 години воопшто не е исплатлива кога имаш толку евтин а многу економичен бојлер на струја.... и тн и тн
ДА, го препорачувам секако! Извонреден бојлер еве трета година го користам. Тоа е моделот Ariston TI SHAPE Plus 50.... vo Tehnomarket истиот за бедни 100 Евра.... Самец сум и доволно ми е 50л, но и од 80 литри имаат, секако нешто поскапи.
Има извонредна изолација, држи доста топла вода дури и зимно време, при услови на многу ниски температури. Многу бргу загрева, така да за нешто малку над половина саат ги постигнува од мене бараните 50-55*С.... што значи многу мала потрошувачка, ако се земе дека греачот е 2Kw, а како реков времето за загревање дебело испод саат.... прецизен дигитален дисплеи, овозможува одложено те програмирано вклучување и исклучување (на пример само кога е евтина струјата
) .... резервоар од Титаниум (Тоа е во моделот на бојлерот "Тi") отпорен на висок притисок.... еве од сајтот на Аристон:
TITANIUM GLASSLINED STEEL INNER
TANK TESTED AT 16 BAR
OVERSIZED MAGNESIUM ANODE
TEMPERATURE CONTROL THROUGH
LCD DISPLAY
HIGH-PRECISION NTC TEMPERATURE
SENSOR
TRIPLE SAFETY VALVE
OVERPRESSURE SAFETY VALVE
THICK THERMAL INSULATION
некои тех подат и потрошувачката:
Capacity l 50
Power W 2000
Voltage V 230
Max. Working Temp. °C 80
Heat dispersion kWh/24h 0,70
Max. Working Pressure bar 8
Weight kg 19,8
не верувам дека може повеќе да се очекува од бојлер кој чини само 100 Евра!?
Мене ми е извонреден! Јас добив три години гаранција, сега гледам две даваат!
Моја препорака....
http://technomarket.com.mk/products/09067857/ariston-ti-shape-plus-50
--- надополнето: 15 август 2012 во 14:30 ---
Единствено ме чуди зошто толкава потрошувачка? 80 литарскипт 3000W, оној за кујна од 10л дури 2Kw!? Веќе одамна не се употребуваат 3Kw греачи за бојлери од 50-100 литри... баш чудно!? Дури и тренд стануваат 50-80 литарски со 1,500w
Ова 3,000 секако незначи 50% поголема потрошувачка од останатите кои имаат греачи 2,000w, бидејки секако за побргу време ќе ја загрее водата, но сепак факт е дека имаат поголема потрошувачка.... Инаку стои тоа дека се извонредни, те дека немаат смрт.