Виновни се богаташите кои имаат многу пари а не се славни.
Видоа дека најлесно до слава се стигнува преку спортот,првенствено фудбалот како најекспониран спорт на светско ниво.За нив е лесно да купат клуб и инвестираат во него,се со една цел светот да слушне за нив.
Кој ќе го знаеше Абрамович,ако тој не го купеше Челзи,Мансур ако не го купеше Сити,овие шо го купија ПСЖ.
Никој немаше да ги знае,бидејќи ретко беа експонирани во јавноста.Потоа видовме како секој ден во весници,на ТВ,на интернет сите ги спомнуваат нив како демек прават добри проекти силни клубови. Добиваат понуди за интервјуа,насловни страна на јаки познати магазини.
Па зар има подобра реклама од тоа??Не.Јасна игра.Не е важно ако тие инвестираат и 2милјарди во клубот (Абрамович) ако неговите фирми станат многу попознати,дури и зголемат вредност.
Реал со првиот мандат на Перез според мене беше баш инспирација на овие луге.Купи ѕвезди,играј,продавај дресови,заработувај од маркетинг,освојувај титули.
Ама Реал,Барса,Јунајтед,Милан,Јувентус,Баерн,Челзи(после Абрамович) можат лесно да си дозволат било каков трансфер(и 100милионски) за фудбалер бидејќи имаат доста развиена фан база,маркетинг политика, и сигурно тој фудбалер би го отплатиле со заработка од дресови,реклами,спонзорски договори. Ама Сити и ПСЖ

кои имаат по едвај 5-6милиони фанови во свет како ке го исплатат тој фудбалер(освен ако газдата не иде у дебел минус и плати за него).
Ама нема да ме чуди ако некој ден му скурчи на Фергусон,Мурињо,Морати,Берлускони,Венгер,Румениге и излезат заедно со изјави дека ке си формираат некоја си лига на великани,и во неа само 12/15клубови внатре и да се одметнат од УЕФА бидејќи не го спречува тоа не фер однесување на ПСЖ,Сити.