Очекував дека до сега ќе имаме купено некој друг освен Габи. Барем тимот да ни беше комплетиран до сега. Разочарувачки.
Ништо не се сменило скоро месец дена, дури не успеале ни да ги продадат тие што сакаа да ги испопродадат (бразилците).
А и кога последен пат ги имав проверено, барем имаше некои интересни шпекулации за играчи, сега ништо.
Добро, ново е дека за Лукас преговараме.
Ги гледав полувреме ипол кога играа со Селтик и бевме катастрофа, огромна катастрофа. Дури и бетер од лани сме, гледано во смисла на играчки квалитет. Се надевам дека планираат засилувања некои. Посебно во средина.
Од новиве, овој Силвестре е добар изглеа, Паласио е ок ама личи на централен напаѓач повеќе.
Единствени добри вести што ги прочитав се оние за градењето на стадион. Значи, проектот им е финализиран, што е одлично. Ќе им го гради таа кинеската компанија како што и се претпоставуваше. Иако ова колку што видов ќе им е прв ваков проект на нив.
Мада има некои делови тука што не се откриваат комплетно од целиот аранжман. Чудно е посебно одлуката на таа кинеска компанија од ништо да инвестира самата толкави суми, посебно кога ќе се види дека не се самите сопственици на тие 15 % акции (што би го направило нешто пологично градењето стадион од нивна страна) туку сопственик е некој кинсеки инвестициски фонд, во кој они немаат голем удел.
Би добило повеќе смисла ако е вистина дека имаат можност по неколку години да добијат 40 % што ефективно им дава контрола на компанијата. Од тоа станува појасно и радикалното кратење на платите во клубот во текот на летото.
Како и да е позитивна работа, многу позитивна.