Breaking Bad ја почнав, и замислете, по 3 епизоди не ми остави никаков впечаток. Можеби тука има улога тоа што прво не ја проверив оценката на IMDB, па тоа сугестивно не ми нанесе гласче „мора да ја гледаш, ако не ти се допаѓа, ти немаш вкус“ итн. Но серијата ја симнав и заприметив мошне случајно, никој ништо за неа не ми билдаше впечатоци, и најискрено, ништо посебно. Можеби понатака е уау (истиот муабет и со Фринџ) но ете, во догледно време не планирам да продолжам од кај што сум застанал.
Meanwhile, Dexter ѕверот, гласам за него. Дик Соломон направи бум во 4 сезона, најјаката сезона воедно за мене. Иако Кршење на Леб (Брејкинг Бед, гет ит?
) ќе победи убедливо, пошо заприметив по форумов, станала новата Lost/Prison Break серија, во смисла на муабети, разговори и дебати за неа.
--- надополнето: 30 јули 2012 во 11:54 ---
Нема да гласам, затоа што едната не сум ја гледала т.е двете ги немам гледано кога ќе видиш вака вкупно се на се, ама Декстер е убедливо серија која премногу ми оди на нерви, само кога ќе му го чујам гласот почнувам да се нервирам, една епизода не можам да изгледам асално од што ми оди на нерви. Имам пробано да ја гледам, ама не можам, едноставно ме нервира серијата и тоа е тоа. Јас чисто онака да си дадам мислење...
Тоа е и поентата на серијата. Да те ежи гласот, постапките на ликот, за на крај да се мразиш себеси зошто навиваш за истиот.