Струјата поскапува за 10 отсто?

Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Во зима ги пуштааат во 18-19 часот во лето во 17 часот уличните светилки ПУ !
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Де бре само да се плукало плукачи низаедни, а што се изгради скопје ? А што се направија споменици ? А што ке си имаме бродови од фалангата во вардар ?
море стапот само за вас јас не знам како ве трпи оваа влада,јас да бев како пастирот ке оставев тоа што е добро другото имаше све да го сменам,како тоа не чинела владата и пастирот ? Народот не чини НАРОДОТ треба да се смени!
ти бе имаш памет што збориш? или те пратиле од штаб да тресеш зелени? гледаш дека од ден на ден се поскапо и поскапо е.. ете сеа струја за 10%... им текнало налепници на шофершајбни за регистрација да има - плус давачка ти е тоа, горивото еднаш ке го намалат 2 денари после три пати ке го поскапат по 5 денари, за некое време очекувај цената на лебот да се зголеми поради слаба жетва годинава, казните за сообраќај се веќе со астрономски цени (ако не им текне и нив да ги покачат) - индустрија никаква, производство нула. невработеност еден куп во државава, администрација неписмена, платите се полоши од кога и да било... што кур ми вреди мене еден споменик на аце што го ставиле на плоштад или на цар самоил или врбине у вардар што ке ги има? да не ми се намали некоја сметка? да не ке ме ослободи некој од данок плаќање?


читам одредени членови по форумов и се чудам со чив памет размислуваат... со својот или со некој туѓ?
--- надополнето: 25 јули 2012 во 00:51 ---
ПРОПАГАНДА КОМУЊАР што шириш невистини овде а ?
А тоа што дозволија увоз на половни возила тоа не ли се важи ? Тогаш со 101 со 40 литри поминуваше 200км сега ке си донесеш тигра и со 10 литри ке поминеш 200 км 2 литри ти се гратис благодарени не владата на македонија и бонева силванова и пастирот
ај кажи си јавно дека си закоравен вмwовец... бар ти се познава по постовите...

ја со задоволство попрво би возел 101 ако со 1000ка ставам 40 литра отколку тигра па со 1000ка да ставам 12 литра......
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Абе... ај... нека ја покачат за 10%...
Ама... онаа т.н. ангажирана моќност?! Шо кој кур е тоа? Е тоа е апашлукот и јавашлукот на ЕВН, поранешно ЕСМ, кое си го продадовме, оти „ЕУ така вика“. Е куров ЕУ така вика...
На крај... ќе си плаќам 10% поскапа струја, оти нема алтернатива... а да! и уште поскапи 33% ангажирана моќност.
Еве бе! Сосем во ред би ми било да плаќам 10% поскапа струја, ама да не постои ангажираната моќност.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Струјата поскапува за 10, парното за 3 отсто

Бришете прашалникот значи и официјално од утре.


Поскапувањето е заради недостатокот од струја и увозот кој го врши Елем државна компанија.
И демек заради увозот во Фебруари повторно покачуват значи кога ќе покријат загубата ќе намалат 10%.
А да не е и заради кредитот што го зема ЕЛЕМ 30 милиони.
Кредит од 30 милиони евра за модернизација на РЕК БИТОЛА

Во текстот велат пак дека имаме најефтина струја во регионот но едно прашање на тие што се поупатени кој во регионот друг има 33 % ангжирана моќност со оваа ставка не сме со најефтина струја.

Со овие 10% покачување кога ќе им удрат овие 33% моќноста и данокот многу повеќе ќе стане.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Се разочарав скрос, единствен спас од овие гомна гледам само во на Војо машината.
Ќе пуштам еден кабел до кај него...
тогаш има да ги пуштам сите светла 24/7 во куќава. И ич да не ми чуе за сметки..
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Струјата поскапува за 10, парното за 3 отсто

Бришете прашалникот значи и официјално од утре.


Поскапувањето е заради недостатокот од струја и увозот кој го врши Елем државна компанија.
И демек заради увозот во Фебруари повторно покачуват значи кога ќе покријат загубата ќе намалат 10%.
А да не е и заради кредитот што го зема ЕЛЕМ 30 милиони.
Кредит од 30 милиони евра за модернизација на РЕК БИТОЛА

Во текстот велат пак дека имаме најефтина струја во регионот но едно прашање на тие што се поупатени кој во регионот друг има 33 % ангжирана моќност со оваа ставка не сме со најефтина струја.

Со овие 10% покачување кога ќе им удрат овие 33% моќноста и данокот многу повеќе ќе стане.
бравос,оние кои ги гласаме наместо да ни го олеснат животот тие СЕ повеќе ни го загорчуваат.........енергенсите се од круциално значење и влегуваат во категорија НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС арно ама овие само да ги наполнат џебовите и да му ја киднат негде откако поштено ги добиле изборите..........прашајте се следно за кого гласате,дали ќе остане гласачко ливче со некој чесен кандидат кој ќе ви ја подобри иднината

ова ако е НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА,значи целта е само една - упропастување на народот и државата,20 години наназад
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не знам дали сте упатени, околу покачувањето на цената на струјата, бензинот или парното главна улога има Регулаторната комисија.
Инаку во другите земји Регулаторните комисии само даваат препораки, а владите ги одобруваат цените.
Инаку Македонија годишно троши околу 10 милиони MWh,
Минатата зима, по скапи цени, увезоа мислам 100 илјади или околу 1% од вкупната годишна количина и колку сака да ја платиле, нема основ да целата струја се покачи за 10%
Ама сте ги виделе какви фаци се во Регулаторна....
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
ти бе имаш памет што збориш? или те пратиле од штаб да тресеш зелени? гледаш дека од ден на ден се поскапо и поскапо е.. ете сеа струја за 10%... им текнало налепници на шофершајбни за регистрација да има - плус давачка ти е тоа, горивото еднаш ке го намалат 2 денари после три пати ке го поскапат по 5 денари, за некое време очекувај цената на лебот да се зголеми поради слаба жетва годинава, казните за сообраќај се веќе со астрономски цени (ако не им текне и нив да ги покачат) - индустрија никаква, производство нула. невработеност еден куп во државава, администрација неписмена, платите се полоши од кога и да било... што кур ми вреди мене еден споменик на аце што го ставиле на плоштад или на цар самоил или врбине у вардар што ке ги има? да не ми се намали некоја сметка? да не ке ме ослободи некој од данок плаќање?


читам одредени членови по форумов и се чудам со чив памет размислуваат... со својот или со некој туѓ?
--- надополнето: Jul 24, 2012 10:51 PM ---

ај кажи си јавно дека си закоравен вмwовец... бар ти се познава по постовите...

ја со задоволство попрво би возел 101 ако со 1000ка ставам 40 литра отколку тигра па со 1000ка да ставам 12 литра......
Ироничен е.


Туку математикава за 10% е некоја виша математика која не се изучува во образовниот систем во земјава или штабовска математика која ние не ја познаваме?
Кога ќе го прочитам она „Македонија има најниска цена за струја во регионот“ добивам некој нагон за блуење. Животниот стандард во изминативе 6 години, ако не ни е паднат за 50% јас ќе се прекрстам во Љузмие. Само вишок време и една анализа да се направи, со гаранција сме околу 50% подоле. Не изедоа со се партали, плата од 15 000 денари вреди колку една тоалетна хартија. Па тоа парното кога ќе видам дека се покачува ми се плаче начисто.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Струјата мора да поскапи, затоа што поради кризата е намалена потрошувачката а треба зацртани профити да се исполнат и тоа е тоа.

А зошто има пропаганди штедењето на струја може да биде забавно, па ве спремаат забавно да штедите еееееее со години одат реклами по телевизија.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Ироничен е.


Туку математикава за 10% е некоја виша математика која не се изучува во образовниот систем во земјава или штабовска математика која ние не ја познаваме?
Кога ќе го прочитам она „Македонија има најниска цена за струја во регионот“ добивам некој нагон за блуење. Животниот стандард во изминативе 6 години, ако не ни е паднат за 50% јас ќе се прекрстам во Љузмие. Само вишок време и една анализа да се направи, со гаранција сме околу 50% подоле. Не изедоа со се партали, плата од 15 000 денари вреди колку една тоалетна хартија. Па тоа парното кога ќе видам дека се покачува ми се плаче начисто.
Тоа ти е весела математика. Основната равенка е: % на поскапување=сумата која им е потребна за следните избори + цената за одмор во Бора Бора + цената на нов џип пошто стариот им е од пред година дена и веќе им се искршил од дупките по улиците на Скопје. Се потрошиле луѓето, знаеш како е.
Не се нормални со цениве, луѓево треба бубрези да продаваат за да си платат ЕДНА сметка за струја.
А, може и сакаат целосно државата да ни биде во барок стил, готвење на дрва, греење на дрва, читање на свеќи, перење во река...
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А, може и сакаат целосно државата да ни биде во барок стил, готвење на дрва, греење на дрва, читање на свеќи, перење во река...
Во Вардар ќе перите :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Извини не можев да се воздржам :icon_lol:.
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
475
Поени од реакции
177
Струјата поскапува за 10 отсто?

Од први август можно е струјата да поскапи за 10 отсто, објави Канал 5, пренесува Нетпрес.
Како што дознава телевизијата ова поскапување е можно согласно пресметките на енергетските компании ЕВН и ЕЛЕМ кои изминатите недели ги доставија трошоците до Регулаторна Комисија која конечната одлука ќе ја соопшти утре.
Канал 5 објавува дека причина за повисоки сметки за електрична енергија е и зголемувањето на материјалните трошоци на енергетските компании и во регионот и во Македонија поради скапиот увоз на струја последнава зима, кога заради големата побарувачка во Европа цената на струјата рапидно порасна.
Ништо ново знајш...
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
24.07.2012, 22:49
ЗА ДА СЕ ПОКРИЕ ДУПКАТА ОД СКАПИОТ УВОЗ ЗИМОСКА




За една недела струјата ќе поскапи 10-ина отсто
Од следната недела поскапуваат струјата и парното греење. Дознаваме дека струјата треба да поскапи околу 10 насто, иако енергетските компании барале повисока цена и до 20 насто, додека цената на топлинската енергија ќе се зголеми за околу 3 - 4 насто.
Од енергетските компании дознаваме дека Регулаторната комисија за енергетика за денеска свикала подготвителна седница, на која ќе се пеглаат предлозите и барањата од компаниите, по што деновиве треба да следи и одлука за новата цена на енергенсите.
Барања за повисока цена до регулаторот доставија ЕЛЕМ и ЕВН.
Од Регулаторната комисија за енергетика вчера не беа достапни да објаснат колкаво зголемување на цените ќе предложат на денешната подготвителна седница.
Извори од енергетскиот сектор тврдат дека новата цена на струјата треба да покрие финансиска дупка од околу18 до 20 милиони евра, настаната при скапиот увоз на електрична енергија во првите три месеци годинава. ЕЛЕМ во февруари увезе струја по просечна цена од 155,75 евра за мегават-час, и увозот на струја продолжи во март, иако по пониски цени.
Директорот на ЕЛЕМ Влатко Чингоски во февруари изјави дека купената струја нема да ја покачи цената на електричната енергија.
"Овие трошоци кои сега ги имаме направено, треба да се сумираат и некаде во октомври кога ќе ги доставиме до Регулаторната комисија ќе се прават анализи дали постојат услови за корекција на цената. Во овој момент не размислуваме за корекција на цената", рече тогаш Чингоски.
Последното поскапување на цената беше во декември минатата година, а цената се зголеми за 6,95 насто од 1 јануари годинава. (Т.Ј.)

Извор: Вест
 

Kajgana Shop

На врв Bottom