Не е виновен ниту Челзи, ниту Абрамович, уште помалце пак Реал Мадрид или Арапите од Сити.
Проблемот е што, за разлика од порано фудбалот се превише искомерцијализира, превише маркетинг, големи суми на пари, win-win ситуација за сите. Да не збориме за можностите за перење пари преку клубови, тоа е денес топ на црн пазар. Абрамович што мислите вие, го купи Челзи поради тоа што го сака и навива за него? Јас лично како фан на Челзи, неверувам во тоа. Али мене тоа не ме загрижува, што сака нека прави, само нека инвестира во клубот, нека го развива.
Агентите денес, за разлика од порано имаат огромна улога во трансферите и кариерите на играчите, ќе направат се за да добијат бонус, пример, земете го агентот на Тиаго Силва кој потпиша за ПСЖ пред некој ден, земал 10 милиони, da fuq.
Има превише фактори ради кои фудбалот во поглед на трошење пари не е како порано, кога би разглабале за тоа ниту 200 страни нема да се доволни затоа што сите се во win-win ситуација со тоа како што реков погоре.
Јас денешниот трансфер пазар го замислувам како обичен пазар, се состои од два дела. Едниот дел го претставува понудувачот, другиот купувачот.
Првиот дел е составен од два дела, понудувач кој нуди квалитетни јаболка на пазар со висок квалитет и сорта, и понудувач кој нуди обичен делишес јаболка за сечиј џеб. Рамномерно на тоа и делот на купувачи би се распоредил на исто, едниот ќе има доволно парични средства да ги купи квалитетните сорти на јаболко и да јаде најквалитетно, другиот истотака ќе купи јаболка но со квалитет колку може џебот да му дозволи.
Денешното општество е такво, кој има пари - може да посака било што и да го добие, а тој што нема пари ќе се труди да го хејта тој што има и обвинува дека го уништува општеството заради свој неуспех да го има истото.
Што е до мене, кој има нека троши, не ми смета, но смета кога фанови на Арсенал особено ќе го хејта Абрамович и Челзи како они да им се виновни за нивната суша долга 7 години, а не поради неамбициозноста на самиот клуб кој само гледа да продаде млади играчи и спечали.
Плус, Шевченко беше купен за само 30 милиони евра, и тоа у најдобри години за напаѓач, напаѓач кој во сезоната која беше купен беше најдобар на свет, не би рекол дека е преплатен, Челзи немал освен Торес преплатени играчи, но Торес е од нова ера, Челзи само имаше масивно продавање и купување во првата сезона на Абрамович и затоа сите мислат дека Челзи го почнал тоа но грешат, постојат статистики колку Челзи потрошил за секој играч, и кога ќе ги видите цените, ниту еден не е преплатен. Ако се фаќаме за глупости, и Фердинанд на времето беше преплатен, па дали тоа значи дека Јунајтед го започна тоа уште тогаш? Не!
Peace!