За Тери има видео доказ и признание за користење на некој си расистички израз. За Суарез имаше само тоа што го рече Евра. Евра во кариерата има навика да обвинува за расизам, можно е да го обвини и Велбек во иднина. Не дека сум фан на Ливерпул, ама понекогаш треба да си реален. Тебе ти пречи што Евра е засегнат од ситуацијата па го браниш.
Воопшто не ми пречи тоа што Евра е засегнат во ситуацијата, напротив. Ако си ме читал ќе го знаеше моето мислење за Евра дека наместо тоа да се сконцентрира на враќање на формата се занимава со вакви работи. И не мислам сеа да се навраќам со објаснувањата и да отвораме нови теми, но прошлите обвинувања кои го вмешаа Евра што наводно беа иницирани од него беа од
1. Глув фан од публиката што демек прочитал од усни - Евра рече дека не слушнал ништо и нема да се меша во ситуацијата
2. Еден од бившите тренери на Манчестер (дешавката против Челзи)
Ова беше првпат Евра лично да се вмеша. И различно е во смисол на жалбата, во случајот на Евра судијата го пиша тоа во записникот, во случајот на Тери жалбата стигна од КПР дури по 2-3 дена и затоа судот го водеше процесот.
На снимката од Тери вчера покажаа од друг агол Тери дека го вели ова што го има пишано dragonsky, што е секако послаб доказ од признавање на вина. И ако ти не си фан на Ливерпул, јас па уште помалце сум фан на Тери. Како и да е заврши веќе ова и глупо е да се навраќаме. Пис